Бремена. Што сега? Брак или...?

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
A aко девојката не е спремна за брак?
Сака да го задржи детето,но не сака да стапи во брак со тебе.
Би ја убедвел тогаш дека треба да сте заедно и сл?
Детето ќе биде мое колку што ќе биде и нејзино. Не може да не сака. Реков, на тие работи требала да мисли пред сексот.
 
V

[vladimir]

Гостин
Детето ќе биде мое колку што ќе биде и нејзино. Не може да не сака. Реков, на тие работи требала да мисли пред сексот.
Хипотетички да ја поставиме таа ситуација дека несака да стапи во брак со тебе. Како би ја натерал?
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
[vladimir];2656242 напиша:
Хипотетички да ја поставиме таа ситуација дека несака да стапи во брак со тебе. Како би ја натерал?
Епа тогаш ако не сака брак, значи не сака и дете. Што значи во тој случај детето оди кај мене!
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Епа тогаш ако не сака брак, значи не сака и дете. Што значи во тој случај детето оди кај мене!
Многу убаво смислено, ама во реалност тешко остварливо :( Сепак девојката го има многу големото право сама да одлучи што ќе прави понатака (на жалост). Нема да бидеш ни информиран кога ќе си пикне личната карта во џеб и ќе оди сама да абортира (за абортус не прашуваат каде е таткото) доволна е само она. Да ја тужиш исто така немаш шанси така да...ако си погодил на таква збогувај се од татковство.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Нема да бидеш ни информиран кога ќе си пикне личната карта во џеб и ќе оди сама да абортира (за абортус не прашуваат каде е таткото) доволна е само она.
И самата не е свесна што е абортус. Тоа не е вадење на заб. Еве да го изоставиме детето од цела слика, човек нејзе ќе и сечи делови од телото со нож, џабе анестезија таа само помага да ја онесвестат во моментот. Ќе има тешки физички и духовни последици од таа операција.
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
И самата не е свесна што е абортус. Тоа не е вадење на заб. Еве да го изоставиме детето од цела слика, човек нејзе ќе и сечи делови од телото со нож, џабе анестезија таа само помага да ја онесвестат во моментот. Ќе има тешки физички и духовни последици од таа операција.
Оф колку ми е познато сето тоа, коските си ги оставив на таа тема... Но, на таквите и со инка да им сипаш мозок во глава пак низ уво ќе им истече, така да залудно е и тука да го продолжиме муабетот за абортус. И, пак мислам дека таквите не патат понатака, штом свесно си го направил тоа, свесен треба да бидеш и на последиците, а ако свесно знам дека тој потег ќе ми ја убие психата нема ни да го направам...така да...
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
582
Нема да бидеш ни информиран кога ќе си пикне личната карта во џеб и ќе оди сама да абортира (за абортус не прашуваат каде е таткото) доволна е само она. Да ја тужиш исто така немаш шанси така да...ако си погодил на таква збогувај се од татковство.
Кој дознава последен секогаш?
Мажот или таткото така да овде си потполно во право!
Што се однесува до несаканата бременост има и за тоа решение,знам неколку бракови кои почнале така па и ден денешен фунционираат како треба додека проблем е кога не сакаат да се земат а девојката сака да роди бидејќи се плаши од абортус или едноставно не сака да биде убиец па ќе си го чува детето доживотно. Има многу случаеви ама секој си одлучува сам за себе,најважно е да не биде никој повреден што богами ретко се случува?
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Епа тогаш ако не сака брак, значи не сака и дете. Што значи во тој случај детето оди кај мене!
Ако не сака брак не значи дека не сака дете, значи дека не те сака тебе. Детето нема врска со тоа.

Многу убаво смислено, ама во реалност тешко остварливо :( Сепак девојката го има многу големото право сама да одлучи што ќе прави понатака (на жалост). Нема да бидеш ни информиран кога ќе си пикне личната карта во џеб и ќе оди сама да абортира (за абортус не прашуваат каде е таткото) доволна е само она. Да ја тужиш исто така немаш шанси така да...ако си погодил на таква збогувај се од татковство.
Нема потреба да прашува. Нејзино тело нејзина одлука. Тука таткото нема право.
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Нема потреба да прашува. Нејзино тело нејзина одлука. Тука таткото нема право.
:nesvest: OMG Како таткото нема право!?!? Да не си го донела девојката како мираз или од цвеќе мирисање??? Нејзино тело, ама не и само нејзино бебе (воа америката ептен ве исцрпила :) )

п.с.Ама ќе има таткото право да плаќа надоместоци...тука нема нејзино тело, нејзина одлука...цццц
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
:nesvest: OMG Како таткото нема право!?!? Да не си го донела девојката како мираз или од цвеќе мирисање??? Нејзино тело, ама не и само нејзино бебе (воа америката ептен ве исцрпила :) )

п.с.Ама ќе има таткото право да плаќа надоместоци...тука нема нејзино тело, нејзина одлука...цццц
Таткото плаќа алиментација од кога ќе се роди детето не пред. Затоа што не е сеуште дете.
Исто не е бебе додека не се роди. А дали е живо или не веќе ти е објаснето од медицинска гледна точка на абортус темата.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Ако не сака брак не значи дека не сака дете, значи дека не те сака тебе. Детето нема врска со тоа.
Јас реков, дека ако не ме сака мене, тогаш шо мајка барала секс без заштита?
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Јас реков, дека ако не ме сака мене, тогаш шо мајка барала секс без заштита?
Верувај нема 100% заштита. Може да пукне кондом, стари апчиња или пак најчесто да е пијана, нема везе ама се случува. Тоа не ти е никакво мерило.
 

Црвено

Am I pissin' u off-fa-fa?
Член од
12 септември 2007
Мислења
1.227
Поени од реакции
81
Доволно сум информирана и мислам дека ова не би ми се случило, но никогаш не може да бидеме 100% сигурни за нешто, па доколку се случи ова би абортирала, сигурно нема на моиве години да одгледувам дете, не се сметам доволно способна за тоа, а и пред себе гледам светла иднина и сигурно нема да направам нешто што ќе го спречи нејзиното остварување. Еве ако ги изоставам моите потреби и мислам на бебето, па како би изгледал неговиот живот?
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Таткото плаќа алиментација од кога ќе се роди детето не пред. Затоа што не е сеуште дете.
Исто не е бебе додека не се роди. А дали е живо или не веќе ти е објаснето од медицинска гледна точка на абортус темата.
Не е дете, амеба е.
Туку да не ја тенчиме, очигледно е дека сосем ни се различни гледањата кон тоа.
Тешко на машките со такви гледања и подоцна со набиени рогови.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom