Бремената притвореничка во случајот „Пајажина“ го изгуби бебето

Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Па ваљда не е темава каде што сите изразуваме сочуство и сите глумат светци.И не,не се нервирам,ама веќе 100 пати е повторено на темава она: Жената не е виновна,се додека не се докаже спротивното.А спротивно на тоа - сите други се виновни за нејзината загуба.:smir:
Мене што ми е дегутантно на темава е што некој се радува дека жена имала спонтан абортус, и тоа што се обидувам неколку пати да кажам е дека ни на најголем непријател нема да му се ситам за таква работа.
Иначе не, далеку сум од светица :vozbud:
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.031
За првиот дел-ноу комент.
За вториот дел...прво треба да почнат од судството,за да бидеме сигурни дека подоцна се ќе биде во ред и со вакви неранимајковци.
Почнаа од Уставен - било политички мотивирано.Од кај и да се почне увек некој ќе сере.Не било место,не било време.Ако тој бил од опозициски табор - политичка освета,ако е од сопствениот - се разпаѓа владата.Едноставно,општеството ни е премногу политички затруено.Можам да ти набројам еден куп вакви примери:

"Суспендиран велешкиот судија Зафиров"
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=102784

"По контролите на работењето кои беа извршени во гостиварскиот суд, поради несовесно работење, двајца судии во неполн месец добија суспензии, еден беше е разрешен, а еден судија е и дисциплинска казнет и намалена му е платата."
http://www.kiss.com.mk/mak/novosti1.asp?id=6244

"Митриновски и Лимани поднесоа оставки"
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=122110854229&id=9&setIzdanie=22163

"Тетовскиот истражен судија разрешен за случајот „Танески“"
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A38EEFDA5D6C174C8F6D750B45A56646

И доволно е само ти да обвиниш дека се ова е политички мотивирано и све паѓа во вода.Незнам колку полицајци се уапсени во последниве 2-3 години,доволно е само да речеш:биле про-опозициски и затоа ги уапсиле.Тоа е проблемот кај нас.Сите сме експерти и сите знаеме повеќе од оние на кои тоа им е работа.

--- надополнето ---

Мене што ми е дегутантно на темава е што некој се радува дека жена имала спонтан абортус, и тоа што се обидувам неколку пати да кажам е дека ни на најголем непријател нема да му се ситам за таква работа.
Иначе не, далеку сум од светица :vozbud:
Верувам дека си интелигентна и можеш да размислиш - на кој тоа му дојде "ко кец на десетка" и кој тоа се израдува на оваа несреќна загуба.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Верувам дека си интелигентна и можеш да размислиш - на кој тоа му дојде "ко кец на десетка" и кој тоа се израдува на оваа несреќна загуба.
Па тоа е проблемот, и двете страни си го користат случајов за поени, што е жално.
А тоа што се случи треба да биде пример да си учиме од сопствените грешки за да не се случи пак (на било кој)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Почнаа од Уставен - било политички мотивирано.Од кај и да се почне увек некој ќе сере.Не било место,не било време.Ако тој бил од опозициски табор - политичка освета,ако е од сопствениот - се разпаѓа владата.Едноставно,општеството ни е премногу политички затруено.Можам да ти набројам еден куп вакви примери:

"Суспендиран велешкиот судија Зафиров"
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=102784

"По контролите на работењето кои беа извршени во гостиварскиот суд, поради несовесно работење, двајца судии во неполн месец добија суспензии, еден беше е разрешен, а еден судија е и дисциплинска казнет и намалена му е платата."
http://www.kiss.com.mk/mak/novosti1.asp?id=6244

"Митриновски и Лимани поднесоа оставки"
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=122110854229&id=9&setIzdanie=22163

"Тетовскиот истражен судија разрешен за случајот „Танески“"
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A38EEFDA5D6C174C8F6D750B45A56646
И се зголеми довербата кон судството наше за милион посто.....
 
Член од
31 октомври 2010
Мислења
338
Поени од реакции
58
Не постои возраст која е имуна на дете за жена. Не смее да се дискутира нејзината возраст. Намерата дали е и дека е таа да се спаси од затворот преку бременост, не може да се порекне, но жената дома има уште две деца, значи со дете сакаше да им остане дома на двете други деца. Сето ова носи во недоглед на дискусија.

Но, се сетив на еден детал кој сакам да го ставам овде во оваа тема.
Нели Бранко е загрижен за А1. Што не крене сушалка кај Заев и од општинските пари- тоа е можно, не ги одблокира сметките на А1, и тоа легално?
Што му врши притисок на Грујо да му наредел на судот да го прекрши законот, па и за тоа да го чукаат после?

Од вакви местенки државава не може да тргне за напред. Се носат закони, овие бегаат. Денес треба комисијата да расправа за екстрадиција? За криминалците кои се надвор од државата? Ќе дојде ли опозицијата на усвојување на проширувањето на уставот?

Или ќе се крие пак, зад А1 и зад бремената жена во затвор.
Баш ќе биде интересно да се дознае колку бремени жени завршиле во затвор, колку од нив пометнале, колку од бремените жени се порордиле во затвор, додека Бранче беше премиер, па претседател на дрвата, и како тој вршел притисок на судот во однос на бремените.

Жалосно за СДСМ има добри деца во таа партија, кои можат да ја водат и таа партија добро. Како викаат? Еден не салам- сите не салам.
 

saman

Раскажувачот
Член од
1 август 2009
Мислења
367
Поени од реакции
91
Сител и Канал 5 се провалдини медиуми. Миленко и Јанко се провладино ориентирани. Судовите се под влијание на власта освен Уставниот суд. А1 ,Телма и Алфа се независни медиуми. Васко Евтов е независен новинар. Геровски исто така е независен. Да не досаѓам со набројување да преминам на поентата. Вака изгледа пропагандата која ја шири СДСМ сите кој зборуваат против власта се независни и демократски медиуми и новинари. За случајот со Велија би запрашал дали ако имаш ТВ Медиум можеш во неговите простории да складираш оружје ? По се изгледа дека ова ќе биде во мода за неколку години ќе си отворат приватна телевизија и оп неколку корења марихуана а кога ќе им влези полиција и ќе ја затвори телевизијата тоа ќе биде удар врз демократијата . Никој од СДСМ не зборува за криминалот кој можеби е направен можеби не,сите зборуваат за демократијата која во времето на СДСМ ја имаше ? www.youtube.com/watch?v=MJi-lJ3RPJA Денес нема вакво тепање и притворање на народот. СДСМ излегуваше од собранието кога го уапсија Заев за наводно сторен криминал Бранко не чекаше да му се суди веднаш го помилува единствен случај во светот не осуден човек да биде помилуван. СДСМ се закануваче со излегување од собрание кога му го одземаа имунитетот на Владо кој има пресуда од 3 ипол години затвор .СДСМ сега излегува за Велија исто така човек кој е обвинет за криминал. За крај би го ставил ова видео од човек кој денес седи до Бранко Црвенковски. Што е она што повторно ги зближува ? Лубовта кон Татковината или постои поголема лубов ? www.youtube.com/watch?v=_nNnQQ9LLWM&feature=related

--- надополнето ---

Не е убаво што една бремена жена го загуби својот род кој без разлика во која фаза на оформување бил сепак станува збор за зачнат живот. Жално е ова, се надевам дека жената ќе најде утеха во нејзините најблиски.

-
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
499
Поени од реакции
84
Криминалот не смее да се подржува, но не смее да се подржува ниту пак селективното гонење на криминалци. Навистина ми пречи и неможам да замижувам и да велам Да на се што ќе ни сервира оваа власт. Зошто не го гонеше Велија пред три години кога дуваа во иста шупелка? Тогаш тоа беше добар и честит стопанственик, а сега кога скршна човекот одтрасираниот пат, се дисциплинира на најсуров начин. Тоа не е демократска власт-тоа е чист национал-социјализам. Селектирано користење на моќта за дисциплинирање на оние кој не мислат и не работат по мој тертип. Неможе така.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Ја да сум маж и на женава има до крај да го терам случајов сите има да одговараат и Грујо и Јанкуловска, цела фамилија. Како не им е срам по толку многу укажувања можеа да ја пуштат во домашен притвор. Кој сега ќе и надомести нејзе за загубата на нејзиното дете, за претрпената психичка болка? Во таква држава живееме каде што не смееш да размислуваш по различно од оние кои се на власт, ако ги погледнеш на криво малце одма у затвор те пикаат. Браво за демократијата нека продолжат така ќе видиме до кај ке стаса Македонија.
Не знам од каде си, ама во Скопје и врапчињата знаеа 15 години наназад со ШТО се занимава Велија, и дека сите мижеа и се правеа мутави заради тоа што Велија секогаш беше на страната на СДСМ, и како партиски гласник не го обвинија ниту притворија, притоа плаќаше огромни суми за ,мижење,. Кога дојдоа ВМРО на власт, Велија беше убеден дека наскоро ќе се врати старата власт (како што веќе еднаш се случи) и продолжи да биде со опозицијата. Епа, ем шуто, ем боде. Сите го жалите Велија, не сфаќајки дека парите кои тој ги има, се од даноците кои требало да ги плати, кои сите ние ги плаќаме, што имаме далеку помали примања од него. И не се само даноците, има и ред други работи.
Нашите затвори и притвори се такви какви што се, заради луѓето како Велија и слични на него (ги има и на власт), социјалната помош е таква заради истиве, буџетот ни бележи дефицит токму заради нив. А тоа што пациентката имала 40 и кусур години, е причина 90% за абортус, од 35-39 е ризична бременост, 40+ е високоризична бременост. Првите 12 недели од секоја бременост се ризични, а нејзината возраст е плус на сето тоа. Фактот дека е уапсена и под сомнение дека може да избега, е голема причина да остане во притвор, посебно ако се земе фактот дека синот на Велија, Хеди, е сеуште во бегство, и дека целиов бизнис бил интернационален.
Јас плаќам данок и работам чесно, и затоа не ги жалам ембрионите на крадците кои живеат убаво на мој грб. Се надевам нема наскоро од ќелија да излезат.
--- надополнето: Jun 2, 2011 1:58 AM ---
Nerodenoto dete kradelo ?
Зигот - ембрион - фетус - дете..

Изгубила ембрион. Детето е она што ти се смешка и можеш да си го гушнеш, што реагира на твојот глас и ти клоца во стомакот. А никако ембрион. Страшна споредба, и погрешна.
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Мене што ми е дегутантно на темава е што некој се радува дека жена имала спонтан абортус, и тоа што се обидувам неколку пати да кажам е дека ни на најголем непријател нема да му се ситам за таква работа.
Иначе не, далеку сум од светица :vozbud:
Можеби си во право, но веројатно не баш сосема. Дете донесено на свет од криминалци, израснато во таква фамиулија, што очекуваш да биде? Чесен граѓанин на општеството? Како син му Хеди и ќерките на Велија, нели? Нека ми прости господ, ама на лица со криминогено однесување сметам дека треба да им се направи стерилизација и да им се ускрати можноста за потомство!
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Можеби си во право, но веројатно не баш сосема. Дете донесено на свет од криминалци, израснато во таква фамиулија, што очекуваш да биде? Чесен граѓанин на општеството? Како син му Хеди и ќерките на Велија, нели? Нека ми прости господ, ама на лица со криминогено однесување сметам дека треба да им се направи стерилизација и да им се ускрати можноста за потомство!
Ок, ти така мислиш, јас не. Никогаш не посакувам на некому тоа што не сакам на мене да ми се случи, ниту пак судам некому.. вие си знаете најубаво.
Инаку за тоа дека дете родено во криминална фамилија и самото ќе биде криминалец е тотално неоснована аналогија, тие првите криминалци од каква фамилија биле? Хомосексуалци како произлегуваат од хетеро двојки?!
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Ок, ти така мислиш, јас не. Никогаш не посакувам на некому тоа што не сакам на мене да ми се случи, ниту пак судам некому.. вие си знаете најубаво.
Инаку за тоа дека дете родено во криминална фамилија и самото ќе биде криминалец е тотално неоснована аналогија, тие првите криминалци од каква фамилија биле? Хомосексуалци како произлегуваат од хетеро двојки?!
Детето непосредно по раѓањето е „табула раза“. Зависи од воспитувањето во најголема мерка, а и од други фактори понатаму во животот. Но, не вели дека дете израснато и одгледано од родители со криминално однесување нема да биде криминалец за тоа што сосема е нормално децата да сакаат да бидат „како тато“ или „како мама“!
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Детето непосредно по раѓањето е „табула раза“. Зависи од воспитувањето во најголема мерка, а и од други фактори понатаму во животот. Но, не вели дека дете израснато и одгледано од родители со криминално однесување нема да биде криминалец за тоа што сосема е нормално децата да сакаат да бидат „како тато“ или „како мама“!
Ако е така ти како што викаш, зошто постојат хомосексуалци?
Она што сакам да ти го кажам е дека генерализации не помагаат.
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Се обидуваш да наметнеш тема за хомосексуалноста? Има веќе таква, обиди се таму. Овде станува муабет за друга појава и случка која нема никаква врска со хомосексуалноста. Инаку ако баш сакаш така и ако добро прочита што напишав, реков: „Зависи од воспитувањето во најголема мерка, а и од други фактори понатаму во животот.“ Обрни внимание на подцртаното па обиди се да го поврзеш со хомосексуалноста.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Темава јас колку што читам е за бремената притвореничка што го изгуби бебето, така да ти наметнуваш други муабети, демек тоа што имала спонтан абортус е добро, ем ја осуди и пред време, и да не продолжувам натаму. Јас го кажав мојот став по ова прашање.

п.с. Точно дека хомосексуалноста нема врска со темата, ама има врска со твоите контрадикторни изјави, прво ова:

Дете донесено на свет од криминалци, израснато во таква фамиулија, што очекуваш да биде? Чесен граѓанин на општеството? Како син му Хеди и ќерките на Велија, нели? Нека ми прости господ, ама на лица со криминогено однесување сметам дека треба да им се направи стерилизација и да им се ускрати можноста за потомство!
Но, не вели дека дете израснато и одгледано од родители со криминално однесување нема да биде криминалец за тоа што сосема е нормално децата да сакаат да бидат „како тато“ или „како мама“!
наспрема ова:

реков: „Зависи од воспитувањето во најголема мерка, а и од други фактори понатаму во животот.“ Обрни внимание на подцртаното па обиди се да го поврзеш со хомосексуалноста.
Значи ако тврдиш дека од криминалец произлегува дете криминалец, аналогно од хетеросексуалец произлегува хетеросексуалец. Е од таму прашањето ако е така, зошто постојат хомосексуалци, или еве да не ти смета ќе го преформулирам, како настанале првите криминалци?

И за крај, не сфаќам што се обидуваш да ми докажеш или убедиш, дека не треба да мислам дека е жално што имала спонтан абортус, да ги осудуваме луѓето (било кои) предвреме...?
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Темава јас колку што читам е за бремената притвореничка што го изгуби бебето, така да ти наметнуваш други муабети, демек тоа што имала спонтан абортус е добро, ем ја осуди и пред време, и да не продолжувам натаму. Јас го кажав мојот став по ова прашање.

п.с. Точно дека хомосексуалноста нема врска со темата, ама има врска со твоите контрадикторни изјави, прво ова:

наспрема ова:

Значи ако тврдиш дека од криминалец произлегува дете криминалец, аналогно од хетеросексуалец произлегува хетеросексуалец. Е од таму прашањето ако е така, зошто постојат хомосексуалци, или еве да не ти смета ќе го преформулирам, како настанале првите криминалци?

И за крај, не сфаќам што се обидуваш да ми докажеш или убедиш, дека не треба да мислам дека е жално што имала спонтан абортус, да ги осудуваме луѓето (било кои) предвреме...?
За тоа што и јас како и ти имам право на свое мислење. Воопшто не се обидувам да те убедувам. Можеш да се согласиш или да не се согласиш со моето мислење, но пред да реплицираш прочитај сепак се што сум напишал предходно. Нема никаква контрадикторност во моите пишувања.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom