Бремената притвореничка во случајот „Пајажина“ го изгуби бебето

T

tinkerbelll

Гостин
Жртва е бебе алоооо невино неродено бебе!!! А тука од авион се препознаваат вмровци и сдсмовци луѓеее!!!??? Не ми е верно за што се дискутира цццц........ Ни вмро ни сдсм не ми дале леб и колку ги мразам едните толку и другите, али у случајов мислам оти требало да ја поштедат женава барем домашен притвор да било ради бременоста ипак нервоза не чини а камоли во тек на бременост... Жалничко е многу :(:(:(
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
15.962
Поени од реакции
7.747
А бе крадел Велија и пред тоа ама одел човекот и на мекици кога се родила ќерката на Грујо, него цела оваа борба за власт за моќ за богатство толку многу мизерно изгледа и се чувствувам благословено што сум надвор букквално од сето тоа. Нема право нема правда се е политичка игра ситни мизерни интереси за ситни материјални богатства кои што на многумина овде им изгледаат како огромни, мала мизерна политичка игра ништо повеќе ништо помалку.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.469
Поени од реакции
653
Фрапантно е што некој се обидува да го пренасочи вниманието од криминалот на Велија Рамковски и да ќари политички поени заради нечиј спонтан абортус.

Во сите законодавства се притвораат и се затвараат во затвор бремени жени. Ова се практикува без разлика дали бремената состојба е во поодмината фаза или од само неколку недели. Бремените жени се пораѓаат во затвор, а секојдневно илјадници жени го губат својот пород од ред причини, објективни или субјективни, на различни места, вклучувајќи и во затвор.

Судството не треба да се обвинува за оваа лична трагедија. Бремена жена не е изземена од законот и не ужива имунитет.

Поентата е дека жената се наоѓа на место каде што според законот мора да биде, по налог на надлежна институција. За нејзиниот сегашен статус во притвор морала да мисли порано, пред да се впушти во активности заради кои била приведена. За тоа никој не може да ги окривува надлежните институции т.е. судот.

Секое политизирање на спонтаниов абортус -- какво што промовира А1 односно опозицијата во Македонија -- е најгнасно подигрување се личната трагедија на жената. Крадачите за кои што работела сигурно не ја жалат женава, како што сега се обидуваат да му наметнат обичниот свет да ја сожалува, односно да ја напаѓа владата.
Ќе те замолам да ми покажеш пример каде што е притворена жена која е бремена. Згора на се не е осудена, туку против нејзе има сомнение дека сторила криминал. Категоријата притвор кај нас барем се злоупотребува и до некаде се користи и како политички инструмент. И од кај знаеш ти дали е притворената виновна или не па да судиш дека требала да мисли порано. Ќе сноси ли истражниот судија и претседателката на кривичниот совет одговорност или се ќе помине неказнето. Не знам каде прочитав, ама убаво си стоеше дека притвор на бремени жени се одредува ако се осомничени за тероризам.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.580
Поени од реакции
27.103
Фрапантно е што некој се обидува да го пренасочи вниманието од криминалот на Велија Рамковски и да ќари политички поени заради нечиј спонтан абортус.

Во сите законодавства се притвораат и се затвараат бремени жени. Ова се практикува без разлика дали бремената состојба е во поодмината фаза или од само неколку недели. Бремените жени се пораѓаат во затвор, а секојдневно илјадници жени го губат својот пород од ред причини, објективни или субјективни во затвор.

.
нема оправдување дал е маж или жена- штом се впушташ во криминал- треба да си свесен дека еден ден ќе одговараш пред законот-
http://www.reuters.com/article/2008/01/17/us-witness-argentina-prison-idUSL1685028320080117?pageNumber=1&virtualBrandChannel=0&sp=true
само кај нас е се наопаку- жена била, бремена била, .... она што и се случило сигурно дека не е во ред- но причини за спонтан се безброи- а стресот можеби бил само капак на некое претходно заболување (пореметување) - зар не ви се познати случаи (од тв- весници...) каде бремени жени се крвнички тепани, малтретирани, терани да креваат што ти ја знам колку тешки предети, се со цел да предизвикаат спонтан абортус - ноооооооооооо, сепак родиле -
има кои да докажува-причини, последици....
а секому да му се суди според законот- без исклучок
 

Misirkov

Модератор
Член од
17 март 2005
Мислења
11.491
Поени од реакции
1.575
PlayBoy: Toa e твое мислење дали требало да се одреди мерка домашен притвор, но судиите имаат подруго мислење базирано врз податоците кои се во нивни раце (а не твои) и тие го следат законот. Имаше и запечатени простории, но сепак криминалците украдоа 500 тетратки доказен материјал.

Постои провизија за бремени жени со напредна бременост. Конкретнава жена била бремена помалку од 2 месеци. Не верувам дека било кое судство би земало таква бременост како сериозна здравствена состојба.

А темите се мешаат бидејќи истите тие учесници од А1 и СДСМ што ја направија личнава трагедија случај за политичко пазарење, а немајќи како подруго, одат на емоции за да ја оспорат исправноста во судскиот процес. Таа испрвност не се одредува заради тоа што некој абортирал спонтано, извршил самоубиство, или некоја друга непосакувана работа.

Лично мислам дека судскиот совет можел да и додели куќен притвор на жената но се плашеле дека тоа ќе влијае на текот на истрагата (затоа потсетив на исчезнатите документи од запечатените простории и фактот дека Хеди Рамковски сеуште се крие не и одел во прилог).

Впрочем, судските власти се однесуваат крајно сомнително со сите вовлечени во криминалот на Велија Рамковски заради искуството до сега да се влијае на истрагата на секој можен начин (СДСМ дури излезе од Собранието и сака да направи меѓународен случај на штета на Македонија). Сходно, судиите не се баш благонаклони да им определуваат поблаги истражни мерки.

Од законски аспект не е на душа на судиите нероденото бебе, туку на самата мајка и Велија Рамковски.

Фрапантно е што некој се обидува да го пренасочи вниманието од криминалот на Велија Рамковски и да ќари политички поени заради нечиј спонтан абортус.

Во сите законодавства се притвораат и се затвараат бремени жени. Ова се практикува без разлика дали бремената состојба е во поодмината фаза или од само неколку недели. Бремените жени се пораѓаат во затвор, а секојдневно илјадници жени го губат својот пород од ред причини, објективни или субјективни во затвор.

Судството не треба да се обвинува за оваа лична трагедија. Бремена жена не е изземена од законот и не ужива имунитет.

Поентата е дека жената се наоѓа на место каде што според законот мора да биде, по налог на надлежна институција. За нејзиниот сегашен статус во притвор морала да мисли порано, пред да се впушти во активности заради кои била приведена. За тоа никој не може да ги окривува надлежните институции т.е. судот.

Секое политизирање на спонтаниов абортус -- какво што промовира А1 односно опозицијата во Македонија -- е најгнасно подигрување се личната трагедија на жената. Крадачите за кои што работела сигурно не ја жалат женава, како што сега се обидуваат да му наметнат обичниот свет да ја сожалува, односно да ја напаѓа владата.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.729
Поени од реакции
7.547
PlayBoy: Toa e твое мислење дали требало да се одреди мерка домашен притвор, но судиите имаат подруго мислење базирано врз податоците кои се во нивни раце (а не твои) и тие го следат законот. Имаше и запечатени простории, но сепак криминалците украдоа 500 тетратки доказен материјал.

Постои провизија за бремени жени со напредна бременост. Конкретнава жена била бремена помалку од 2 месеци. Не верувам дека било кое судство би земало таква бременост како сериозна здравствена состојба.

А темите се мешаат бидејќи истите тие учесници од А1 и СДСМ што ја направија личнава трагедија случај за политичко пазарење, а немајќи како подруго, одат на емоции за да ја оспорат исправноста во судскиот процес. Таа испрвност не се одредува заради тоа што некој абортирал спонтано, извршил самоубиство, или некоја друга непосакувана работа.

Лично мислам дека судскиот совет можел да и додели куќен притвор на жената но се плашеле дека тоа ќе влијае на текот на истрагата (затоа потсетив на исчезнатите документи од запечатените простории и фактот дека Хеди Рамковски сеуште се крие не и одел во прилог).

Впрочем, судските власти се однесуваат крајно сомнително со сите вовлечени во криминалот на Велија Рамковски заради искуството до сега да се влијае на истрагата на секој можен начин (СДСМ дури излезе од Собранието и сака да направи меѓународен случај на штета на Македонија). Сходно, судиите не се баш благонаклони да им определуваат поблаги истражни мерки.

Од законски аспект не е на душа на судиите нероденото бебе, туку на самата мајка и Велија Рамковски.
Трудна жена од домашен притвор ќе уништува доказни материјали?

Браво бе Мисирков, размислуваш како инфант.
А ако испаднат невини? Кој ќе одговара за фактот дека бремена жена била држена во затвор кога домашен притвор било опција!?
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.754
Поени од реакции
5.615
А ако се плашеле дека ќе крие докази, зошто сега ја пуштаат на домашен притвор? Значи требаше да си ја остаат во притвор, (и онака веќе не е трудна) ако толку имаат индиции дека ќе ја осуети истрагата.
И незнам како не ви е јасно што значи уставно начело..
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.245
Поени од реакции
2.312
ако некој треба да одговара за случајот прво е велија рамковски. зашто? затоа што верувам у шутка има и негови вработени кои навистина не се криви а гнијат поради него. тој на време кога правил гомнарии требал да мисли и за жртвите и одговорностите кои ги носи со себе. второ жената ако навистина знаела шо гомнарии се прават и прифатила да бидел дел од тие ствари исто и она требала да си знае за кривиците и одговорностите кои ке ги сноси. жалосно за бебето кое го изгубила жалосно и за неа како родител на едно сеуште неродено дете ама тука не е крив ни бц ни грујо ни па судот. у затвор има и хронично болни и ментално и пореметени и секакви! ама тоа е ЗАТВОР и ако сите ги пуштаат на домашен притвор онда нема да има ни потреба од такви установи. домовите за рехабилитација би биле преполни
 
Член од
11 јули 2009
Мислења
1.415
Поени од реакции
961
Жртва е бебе алоооо невино неродено бебе!!! А тука од авион се препознаваат вмровци и сдсмовци луѓеее!!!??? Не ми е верно за што се дискутира цццц........ Ни вмро ни сдсм не ми дале леб и колку ги мразам едните толку и другите, али у случајов мислам оти требало да ја поштедат женава барем домашен притвор да било ради бременоста ипак нервоза не чини а камоли во тек на бременост... Жалничко е многу :(:(:(
majka mu trebala da misli sto prai . ne sega so deteto da se vadat . Nekoj ako ima 5-6 deca i ako krade i prekrsuva zakon znaci deka ne treba da bide kaznet ??!!!??!!
 

Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
Домашен притвор за неа требало...абе ајдее...
и во Шутка и во Идризово има,имало и ќе има...бремени..дури некои таму и се породувале..
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Да бе, дечко, да, видиш сега вие Миленковци и Пичиклинковци, ќе кажете, т.е. медицински, научно, како експерти ќе стигнете да кажете дека жената сама си го убила детето, дека законот налагал, џоа еве ТАМУ ИМ БИЛО МЕСТОТО НА ТИЕ ЛУЃЕ, коишто во меѓувреме не се ОСУДЕНИ (значи се товарат, но не се осудени, значи се осомничени, што не значи дека се виновни, што не значи дека пак се осудени), и што законот налага да таквите како неа, бидат во домашен притвор. Трудни жени - ОСУДЕНИ раѓале во затвор.
Е сега кај е проблемот кај оваквите како тебе. Проблемот е таму кајшо вие сфаќате дека се распаѓаат главните карики од шасијата на државата, ама забот ви е полн, и не можете никако да го оставите празен и морате вака по форуми да ги барате и најдете сите дупки и игри на зборови за да оправдате една идиотска и забегана владеачка гарнитура.

Болно е сфаќаш, болно, прими совет, глупаво е Милојко да се поддржува, Латекс, Серкањац, паторокот, глупаво е, оти и самите тие си се глупи, и самите си даваат насекаде автоголови. Истите да беа при здрав разум, немаше да дозволат некој да "си го убие детево" во стомак, и на крај самите да си се товарат за истото... Знаеш мазохистички е, идјотски, баш онака ВМРО-вски.

Ваквите забегани малешевци и мариовци, за среќа имаат луѓе како тебе, по форуми, фејсбуци и такви распрскувачи инструменти, па засега, мораме да трпиме идјотски фрази и глупости. Глупаво е, почнувајќи од твојот ник, па се до апологијата на дебелиот милојко.

Сама си го убила детето... Ха бе!
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.469
Поени од реакции
653
majka mu trebala da misli sto prai . ne sega so deteto da se vadat . Nekoj ako ima 5-6 deca i ako krade i prekrsuva zakon znaci deka ne treba da bide kaznet ??!!!??!!
Ама вие стварно не сфаќате за што станува збор во оваа ситуација. Значе осомничената не е виновна се додека не се докаже. Не е осудена па да ја одлежува казната туку е ставена во притвор поради можност да влијае на сведоците, да избега од државата или да го повтори делото. Дефинитивно мерката притвор е злоупотребена. Баш погледнете дали во земјите од ЕУ се носи во притвор бремена жена која е осомничена за злоупотреба на 100 000 ЕУР.
 
Член од
17 јули 2006
Мислења
3.107
Поени од реакции
18
Незнам шо мешате политика и Велија, кога на темава збориме за изолиран случај, бремена притворена, која мораше да биде во домашен притвор, бидејќи законот тоа го дозволува.
1 a da preciziras koj del od zakonot ne e losho.. 2. ova i bil 3 abortus.. 3. zosto oficijalno advokatite ne barale domasen pritvor za zenata....

--- надополнето ---

aqbe gvujo e kriv za elementarna nepogoda na sdsmovcite :)
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Масовна хистерија на луѓето апологети на националните каузи. Етатизација на државата, ВМРО имале право на се! Тие ја "спасија" државата, тие сега ќе ја владеат. ВМРО=Македонија, нема ВМРО, нема Македонија, ја акна вратата на крајот од говорот шутот од Скопско наречен претседател на унија на млади сили и многу театрално (холивудски) заплака пред насобраната ВМРО-вска маса. Да, мили мои, да, еве како овие луѓе, на се гледаат злокобно, еве како овие луѓе се пресметуваат со секого што и пркоси на забеганата бирократска и националистичка владеачка сељо-елита, еве како секој ќе стане конспиратор, дури и самоубицата само ако и запркоси и ако стане закана за мирољубивиот концепт на живеење што овие забегани простаци го протежираат во целово општество и држава.

Денес и сам да се убиеш е лошо, така ќе станеш предавник на каузата на "нацијата". Шут петко еден! (си знае кој е тој)
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.938
majka mu trebala da misli sto prai . ne sega so deteto da se vadat . Nekoj ako ima 5-6 deca i ako krade i prekrsuva zakon znaci deka ne treba da bide kaznet ??!!!??!!
Значи жената е ПОД СОМНЕНИЕ кое два месеци не е докажано, мерката притвор е само осигурување на осомничениот да не избега или сл.

СО какви луѓе живеам јас? се откажувам од темава.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom