- Член од
- 23 јуни 2008
- Мислења
- 4.002
- Поени од реакции
- 4.245
Забележав дека немаме теми воопшто за македонските филмски фестивали Браќа Манаки и Скопје филмски фестивал, така да за да не се отварат теми за секое посебно издание (може само за Синедејс да отвараме секоја година затоа што е попопуларен), во оваа тема ќе дискутираме за изданијата на гореспоменатите фестивали.
76 ЅВЕЗДЕНИ ФИЛМОВИ И ДВЕМАКЕДОНСКИ ПРЕМИЕРИ НА„БРАЌА МАНАКИ“ 2014
- Официјална програма
Најинтересни за јавноста секако се долго очекуваните гала премиери на двата нови македонски филма кои за првпат ќе бидат прикажани пред широката публика и надвор од фестивалска конкуренција. Тоа се речиси тричасовниот историски спектакл на Столе Попов, До балчак, кој ќе биде прикажан на 14 септември од 20 часот, и социјалната драма Деца на сонцето, третиот игран филм на режисерот Антонио Митриќески, кој ќе биде презентиран на свеченото затворање на 19 септември во истиот термин, со што ќе продолжи традицијата најважните македонски филмови првпат да се прикажуваат во рамки на фестивалската програма во Центарот за култура во Битола.
Годинашното мото на фестивалот не е избрано случајно. Постојано стремејќи кон повеќе и подобро, цврсто застанати на земјата, го подготвивме и ова фестивалско издание кое повторно нуди врвни филмови, возбудливи и провокативни, креативни и мајсторски сработени. Повторно носиме легендарен директор на фотографија и еден негов помлад колега кој сигурно чекори кон легендите. Повторно носиме врвни филмски ѕвезди, повторно најдобрите македонски филмски продукти стапнуваат на платформата Манаки. Повторно нашите филмаџии, нашите студенти и филмофили ќе се дружат, учат, разменуваат искуства и ќе остваруваат контакти со врвни филмски професионалци од светот.
35-тото издание на „Браќа Манаки“ ќе се одржи од 13 до 19 септември. Годинашниот јубилеј ќе се одвива под слоганот Кон ѕвездите. Добитник на специјалната награда „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност е Лука Бигаци, а добитник на наградата за животно дело „Златна камера 300“, Англичанецот Крис Менџис. Во програмата Нови визии, пак, ќе биде прикажана иднината на светскиот филм.