M
marsovka
Гостин
Бранко ќе води битка „човек на човек“
Зоран Јовановски ќе се спротивставува на Зоран Ставревски, Гордан Георгиев на Ивица Боцевски и Антонио Милошоски, Виктор Димовски на Сашо Мијалков...
Економијата ќе биде во фокусот на политичката офанзива на македонската левица бидејќи состојбите во земјата на економски план се лоши и најверојатно дополнително ќе се влошуваат, како и тоа што економска преродба беше главно ветување на премиерот Груевски
Главните битки меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во иднина ќе се водат на економски план и по принцип „човек на човек“ во сите важни општествени области.Ваква е процената на експертите и упатените откако старо-новиот лидер на опозициските социјалдемократи, Бранко Црвенковски, го откри својот тим со кој ќе се обиде да го победи Никола Груевски по три изборни порази на социјалдемократите. Прогнозата дека состојбите во економијата ќе бидат во фокусот на политичката офанзива на македонската левица се темели врз претпоставките дека состојбите во земјата на економски план се лоши и најверојатно дополнително ќе се влошуваат, како и тоа што економска преродба беше главно ветување на премиерот Груевски. Оттука, се очекува товарот на битката да падне на новиот партиски потпретседател Зоран Јовановски.
Упатените во внатрепартиските состојби во СДСМ наведуваат дека изборот на Јовановски паднал поради убеденоста на Црвенковски дека доскорашниот директор на одделот за супервизија во Народната банка на Македонија најдобро ќе може да им се спротивстави на двајцата водечки економисти во тимот на ВМРО-ДПМНЕ - Зоран Ставревски и Трајко Славевски. Јовановски во еден период работеше во иста канцеларија со Ставревски во НБМ и, според сознанијата, двајцата имале мошне коректни односи и високи професионални мислења еден за друг. Новото лице кај СДСМ, чија специјалност е макроекономијата, веќе има одредено искуство во партијата бидејќи во перидот додека на чело на партијата беше Радмила Шекеринска ја водеше партиската Комисија за финансии.
- Кај социјалдемократите како да станало јасно дека ВМРО-ДПМНЕ може да се победи само на нивен, економски терен и тоа преку проекти што треба да ги менаџираат технократи каков што е Јовановски. И не само тој, бидејќи и другите кадровски решенија треба да влезат во дуели со нивните пандани во редовите на владејачката партија - велат партиски извори.
Фронтот во областа на надворешната политика ќе го води вториот потпретседател Гордан Георгиев, магистер по европски студии, чија главната задача ќе биде да влегува во дуелите со вицепремиерот Ивица Боцевски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. За Виктор Димовски, пак, искуството што го добил како директор на Агенцијата за разузнавање ќе треба да му помогне во расправите за состојбите во безбедносна сфера, каде што најголемо влијание во редовите на ВМРО-ДПМНЕ го имаат Сашо Мијалков, актуелен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање и министерката Гордана Силјановска. Од друга страна, интересно е дека битката во локалната самоуправа против четворица градоначалници во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја води главно Зоран Заев, како партиски потпретседател.
Во СДСМ вчера открија дека во текот на оваа недела се очекува да бидат промовирани посебни секторски тимови во кои ќе бидат вклучени и поискусните партиски кадри како Илинка Митрева, Никола Поповски, Радмила Шекеринска и Владо Бучковски. Се наведува дека се очекува да биде формиран посебен совет за дипломатија и надворешна политика, што ќе го раководи професор Љубомир Фрчкоски, а свое место ќе најде и Ѓунер Исмаил. На овој начин, најверојатно ќе се активира и Советот на партијата. Партиски извори велат дека СДСМ новата платформа и програма ќе ги промовира на почетокот на септември.Политикологот Жидас Даскаловски вели дека еднодневен конгрес не е доволен за да се поврати целосно имиџот на партијата.
- Партијата не понуди нова програма за работа. Таа во јавноста само обелодени нови имиња и нов начин на партиско работење. Со оглед на тоа што кадровски се освежи со професионалци кои не трпат слепа партиска работа, за очекување е новите програмски определби на СДСМ да опфаќаат повеќе полиња и да бидат многу поконкретни. Посебно ќе биде важно какви алтернативи на јавните политики на Владата ќе се понудат. Бидејќи во раководството на СДСМ сега имаме кадри кои потекнуваат од Академијата и од истражувачките институти, т.н. тинк-тенкови, комбинацијата на теоријата и практиката може да се покаже ефикасна. Очекувањата се дека СДСМ ќе се посвети на економијата, бидејќи тоа прашање е најбитно за граѓаните, без разлика на потеклото, партиска припадност или возраст - смета тој.Според Јован Донев од институтот „Евро-Балкан“ и политикологот Јове Кекеновски, СДСМ само делумно кадровски се освежи, при што најважното ќе биде што и ќе се понуди како програма и платформа. Без ова, сега имаме работа само со група луѓе и обични маркетиншки потези - вели Донев.
Јовановски е во кланот на „влашкото лоби“
Новиот тим на Бранко Црвенковски е составен од стари кадри на СДСМ кои во минатото работеле за него, истакна вчера портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Бичиклиски. Се демаскира стариот тим кој одработуваше за него. Тоа се партиски војници кои биле вработени во државната администрација и институциите на системот, со што се оправдуваат нашите сомневања дека можеби се работело на кочење на реформите и проектите - рече тој.Владејачката партија направи „карактеристики“ за секој член на ИО на СДСМ, при што за Зоран Јовановски беше наведено дека е „член на кланот на Хари Костов од влашкото лоби на СДСМ“. Тој има одговорност за водењето на лошата и рестриктивна монетарна политика со што го спречуваше економскиот раст во изминатите две години - велат во ВМРО-ДПМНЕ.
Димовски требало да поднесе оставка
Во Кабинетот на шефот на државата, Ѓорге Иванов, вчера изјавија дека се изненадени од непрофесионализмот на Виктор Димовски, кој одлучи да прифати партиска функција пред да даде оставка на функцијата во Агенција за разузнавање. Се прашуваме колку сериозно досега ја извршувал својата функција. Набрзо ќе биде познато што ќе се случи со неговата позиција во Агенцијата, изјавија во Кабинетот.
Предраг Димитровски, Бранко Ѓорѓевски
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=EB1F72E0739CA24B944536009F27DF56
bitch fight?
Инаку што мислите дека ќе понудат пристојна програма?