Браната Матка

Член од
20 јули 2009
Мислења
35
Поени од реакции
0
zdravo decki me interesira nesto koga e izgradena branata matka i od kogo.
dali branata postoi i od koga i dali bila izgradena posle zemjotresot ili pred nego.Se sto znaete za nea vi blagodaram odnapred
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Браната Матка е проектирана од страна на архитектот Миладин Пеќинар. Градежните работи поврзани со нејзината изградба целосно завршиле во 1938 година кога всушност бил изграден патот кој денес води од браната до манастирската црква Св.Андреја и планинарскиот дом. Дотогаш патот до Св.Андреја бил исклучително тежок и тешко достапен.

Хидроцентрали на Треска

Притаена во пазувите на велелепниот карпест кањон на реката Треска, помеѓу двата споменика на културата, манастирите "Свети Андреа" и "Свети Никола", пркосејќи им на природните несреќи и на окупаторските закани се извива убавицата хидроцентралата "Матка" која не престана да го снабдува Скопје со струја. Таа е нераскинливо поврзана со развојот на главниот град. Архитектот ги видел убавините на кањонот и се потрудил да не уништи ништо од нив. Идејата за искористување на водите на Треска за производство на електрична енергија датира од 1921 година. Тогаш предлогот за изградба на хидроцентрала наишол на силни спротивставувања. Морало да поминат десетина години за да се направат првите практични чекори за изградба на електраната. Градот Скопје, со зголемените потреби од струја за осветлување и за развој на индустријата и со идејата за воведување трамвај, притискал да се реализира оваа идеја. Во елаборатот за оправданост на изградбата на хидроцентралата, кој подоцна бил прифатен, пишувало дека најдобри услови има на реката Треска, кај излезот од клисурата, во близина на селото Матка, кое е на 14 километри од Скопје. Подготовките почнале на 1 јуни 1935 година. Творец на ХЕЦ "Матка" е проектантот Миладин Пеќинар. Тој толку бил сигурен во своето дело, браната на "Матка", што застанал на нејзиниот врв додека водите на Треска удирале во неа и изјавил "ако отиде браната, нека отиде со неа и тој што ја замислил". ХЕЦ"Матка" преживеала две поплави. Првата, која шест месеци ја блокирала нејзината работа, била во 1962 година. Езерото тогаш било блокирано од нанос на дрва. По втората поплава, која се случила во 1979 година, вработените успеале за седум дена да го средат хаосот и да ја стават браната во функција.



знаеш некогаш можеш и на гугл да напишеш Браната Матка и се ќе ти отвори ...
 

GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
Јас иам слушнато дека кога била поплавата архитектот земал столче и седнал до браната. Сигурен бил као дека нема да попушти
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Што стана со тоа - нели беше напукната- дали ја санираа??? Знае ли некој????
 
Член од
20 јули 2009
Мислења
35
Поени од реакции
0
i da prasam dali imalo nekakvi cudni pojavi,slucuvanja i neznam uste sto. od koga pocnala da se gradi.dali od dvete strani na branata ima golemi karpi koj arhitektot Miladin P. gi iskoristil za da ja zacvrsti branata za da ne dojde do popustanje na branata.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom