Брак со многу постар партнер

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Има тема за „Љубов-Секс-разлика во години“
но овде ќе муабетиме исклучиво за врски кој се во брак,
а разликата во години е многу голема.
Обично оваа разлика е во полза на мажите кои се во +20 +30 години,
од сопругата,а во повеќе случаеви и не е прва,море трета или четврта.
Тоа знаеме го има во мода кај богатите милијардери во Америка.
Тоа може да се каже и е брак од интерес на новата млада невеста.
Но има и случаеви и кај нас,во последно време да не изостанеме,
да ја пратиме модата,па нели сакаме запад-запад вака-запад така.
Ама има случаеви кај нас, со вакви склучувања на бракови,каде
обично женското е дупло помладо од мажот. Мој најдобар другар,
моја генерација има една ќерка,таа се засака или поточно заглави со
еден,точно врсник-генерација на таткои.постар од неа дупло и +5год.
Таткото не го одобруваше тоа се лутеше,но овие набрзо заминаа
странство каде се и сега. Од тогаш и ретко се гледаат-не живеат.
Е сега е пак во мода нашите ново „богаташи“ во поодминати години
најчесто некојси директори,доктори или бизнисмени,или нешто трето
да ги оставаат својте законски сопруги и склучуваат брак со млади
невести,речиси девојки двојно па и повеќе помлади од нив.
Сигурно сте приметиле некои од овие нови младоженци во околината.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.424
Поени од реакции
9.327
Да, јас присустував на свадба баш со ваков пар пред некое време.
Девојкава 25 години-кукла, може да го има кој ќе го посака, а зетов 40, онака оќелавен и со сите марифети што си ги носат годините...
Ама, газда на некојси ресторан, т.е ланец ресторани и мезе барови.
И така се калела љубовта....
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Ајде вака настрана да ги тргнеме богаташите и да не се замараме со нив бидејќи едноставно не вреди од многу едноставна причина сите знаеме добро зошто богаташите кои се 50+ години имаат така кажано жени кои можат да им бидат ќерки...

Да се навратам на ова погоре ќе започнам со врска бидејќи пред брак нормално се започнува со врска. Како пример ќе земам машко од 20 години а женското ќе биде 28 години... знам случај каде што има една врска поточно познаник мој има веќе 2 ипол годишна врска со девојка која е таа 28 години кога јас разговарав со него тој ми кажа дека неговата девојка воопшто не го гледала како нешто помалку од нејзе. Годините во нејзиниот живот не играле улога туку личноста како размислува и што носи во себе. Според мене врска,брак може да успее без разлика дали се работи за разлика од 03,05,10 години. До мене што се однесува јас би бил во врска и со 10 години постара личност од мене ако навистина има нешто помеѓу нас. Бидејќи сепак годините воопшто не играат некоја голема улога за во врска,брак. Битното е да има нешто помеѓу нив.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.890
А, што може да има помеѓу тие на таа разлика? Таа 28 години размислува за дом, дете и работно место да се искачи погоре, а тој другиот 18ка размислува кој предмет да упише у 2 семестар. Не иде.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Прво не дека не е ова кажано ама еве ќе повторам. До кај 10 години разлика макс може да биде од љубов се над тоа е од интерес со исклучок 0.01 процент.(Зошто? Различни интереси, сваќања, едниот го изживеал животот до некаде, а другиот тек сега почнува итн итн)

И второ исто така важно е на кои години е разликата т.е 35 со 25 е океј пошто двајцата може да се рече се зрели додека 25 со 15 едноставно е невозможно.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Прво предбрачен договор,па да видиме дали од љубов се влегува во брак,ама во денешно време тешко некако.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Да, јас присустував на свадба баш со ваков пар пред некое време.
Девојкава 25 години-кукла, може да го има кој ќе го посака, а зетов 40, онака оќелавен и со сите марифети што си ги носат годините...
Ама, газда на некојси ресторан, т.е ланец ресторани и мезе барови.
И така се калела љубовта....
Љубоморна си?

:)
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Да, јас присустував на свадба баш со ваков пар пред некое време.
Девојкава 25 години-кукла, може да го има кој ќе го посака, а зетов 40, онака оќелавен и со сите марифети што си ги носат годините...
Ама, газда на некојси ресторан, т.е ланец ресторани и мезе барови.
И така се калела љубовта....

Можда конкретниот зет бил своевиден ужас-има такви доста...али, ја да ти кажам, мажите се најсекси од 38-40 до кај 45-6. Ако си се најде со некоја дваес-пет-шест, то си е таман, по мене. Ќелава глава, исто така, може да стои убаво и мажот да си е привлечен (у ствари екстра привлечен) само ако знае да си ја носи, хе...

Сфаќаш, маживе се "зеленило" до пред триесетта.

Е, сеа, друга ствар се оние сквернавувачи (ја не знам дали вака правилно може да се рече) - ко оној, моден креатор, шо к*р ли беше, од скоро сто години и она девојчено шо му го миеше газот-имаше некои слики скоро на нет-е од тоа ми се идеше да повратам. То треба да се убие! :sick:
:place:
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Се разбира, зошто јас сега да лупам пиперки и да перам јамболии кога можам фино лепо среќно да се омажам :)
Ете гледаш?

Заебанцијата настрана, со кое право судиш? Тебе ниту в џеб, ниту од џеб. Со кое право им судиш на девојката и на младоженецот, и ги частиш со презир и сарказам?
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.424
Поени од реакции
9.327
Ете гледаш?

Заебанцијата настрана, со кое право судиш? Тебе ниту в џеб, ниту од џеб. Со кое право им судиш на девојката и на младоженецот, и ги частиш со презир и сарказам?
Со истотo право со кое ти мене ми судиш дека судам на некого :)
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Мојот сопруг е 11 години постар од мене и паѓа од смеа кога ќе му кажам дека сум се омажила за него заради парите. :ROFLMAO:

Годините немаат врска со искуствата. Мај хазбнд е цел живот пред компјутерот, па јас сум му како хуманизам и ренесанса.

И не знам што толку се потресувате.
Секој е со некого заради нешто.
Некој има пари, некој е паметен, некој е забавен, некој е убав, некој е никаков и така:)

 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Ќе знам од сега фала ти да си ми жив!
Твојата безгрешност од сега будно ќе ја следам!:)
Леле колку сме саркастични кога ќе не боцнат...

:)

Ама најлесно е да судиш некому, признај. Види ја онаа материјалистката се омажила за пари. Види ја онаа курвата, она направила...

Сериозно, како знаеш што му се случува некому во главата? Видовита си?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom