Постои убава философија на живеење заедно пред воопшто да се влезе во брак, за тоа не е потребен закон туку само свесност за битноста за опипување, тест на таа заедница пред да се потпише. Но тоа да е независно и подалеку од родителие, тест за способноста и спремноста да се справат заедно сами со реалноста на животот а воедно и да се запознаат посуштински. За жал најмногу бракови крахираат токму на тоа а ги земаме како репер.
Треба да се направат разлики помеѓу нештата. Сексот како секс си е биолошка потреба, е сега кај животните сексот примарно па и исклучиво служи за размножување, додека кај луѓето служи да исто така за размножување, но пред се за задоволство. Но од друга страна па и не сите луѓе сакаат да се размножуваат т.е. да имаат пород, така да кај овие луѓе сексот служи исклучиво само како забава и задоволство. Е сега што се однесува на бракот, бракот е институција која налага редица обврски, бракот не е заебанција и не секој човек е за брак, постојат низа обврски кои мора да ги исполнуваат брачните партнери ако сакаат тој брак да биде брак, да остане брак, а не да се распадне како кула од карти. Ако на некому не му е до брак, креирање на пород (дете/деца) и почитување на брачните правила и обврски, тогаш чуму му воопшто брак. Сексот како секс она што го пишав и погоре е биолошка потреба и ако е само до секс тогаш институцијата брак и не е ни воопшто потребна, бидејки истата таа институција претставува нешто сосема друго. Гледано од права автентична религиска, конзервативистичка и традиционалистичка гледна точка за да имаш секс мора прво да влезеш во брак, а никако обратното (секс пред брак) и исто така според гледиштата на религијата сексот (во рамките на бракот секако) исклучиво треба да служи за креирање на пород/потомство, а не за забава/задоволство. Еве најпрост пример и компарација како било во минатото и како е во сегашноста. Во минатото, во она старо време, образование јок, електроника јок, технологија јок, село, само дрва, камења, полиња, ниви, бавчи, овци и кози, луѓето стапувале во брак доста млади и најчесто истите тие бракови биле со запознавање или договарање помеѓу фамилиите и секако прво во брак па потоа ебанката/сексот и нормално креирање на голем пород по цели фудбалски екипи, па и морало така да биде за да има кој да работи по нивите и кој да ја чува стоката. Во денешнината имаме сосема други ситуации, прво одат во врска по 5 или 10 години, некои дури и живеат постојано заедно иако не се во брак, се туцаат меѓусебе нормално, па откако ќе ја утнат работата и на девојката стомакот ќе и порасне како голема лубеница е тек тогаш влегуваат во брак, вакви примери има безброј и на некој начин го претставуваат денешното време како ете некој актуелен тренд во денешнината !