Бракот - Сеуште валидна институција или анахронизам?

Член од
13 јули 2006
Мислења
10.978
Поени од реакции
12.553
Бракот како институција после 2000та година, т.е во новиот милениум веке е OUT-DATED.
Порано луѓето живееле во големи семејства. Сега проклетиот капитализам не научи да се изолираме сите еден од друг. Станавме поделени и приватни унутар семјството кое на прв поглед кога сме малди ни годи, ама со тек на време сфаќаме каква замка е тоа.
Неќам ногу да го тупам, поентата ми е дека моногманиот брак веќе не го бива.
Полигамија му е мајката. Не ради оргии како шо би помислие од прва, туку на живеење во заедница,
или комуна ако поубаво ви звуче, каде што повеќе парови би живееле заедно.
Предностите ќе бидат хиљаду и једна.
Не знам зошто, ама кога те читам вака, се наум ми иди мојата омилена серија Lost.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
1.540
Поени од реакции
3.096
Едно нешто знам сигурно: да функционираше сè уште договарање брак со стројници, немаше да има немажени /неженети, сите ќе ги вдомеа :D
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
6.388
Поени од реакции
5.072
Sekoj čovek e različen. Sekoj čovek si e posebna prikazna. Jas lično smetam deka brakot vo ovaa neli tradicionalna monogamna forma e veke demode i bedna izmačuvačka dosadna stvar. 35 god. sum i koga ke mi spomnat roditelive za ženenje/brak me faka silna nervoza, stres, odbivnost pa duri i gadenje.
 
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.257
Поени од реакции
6.826
Отворен брак

Во момент на криза може да се случи да и се предадат на страста. Нема врска што се хетеросексуалци/ки.
Нц, грешка си и за двете работи.

Него, сомнителен си ти троа. Често те фаќаат кризи?
 
Reptilian

веган хејтер
Член од
15 мај 2021
Мислења
128
Поени од реакции
211
Нц, грешка си и за двете работи.

Него, сомнителен си ти троа. Често те фаќаат кризи?
За второто може сум, може нема да се клецаат меѓу себе. Ама за првото не сум оти тоа што го опиша наликува баш на тоа, отворен брак.

Ретко ме фаќа криза, ама тогаш си пуштам лезбејки и :drk: .
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
9.601
Поени од реакции
18.798
Вие што барате заедници и полигамни бракови ни женска ни жена сте имале до сега :D
Во капитализмот со рмање од утро до мрак нема време на една да и се обрне внимание, не пак на повеќе.
Развод на родители > дисфункционално семејство.

Во секој можен случај. Децата на развод треба да се среќни и благодарни што не живеат во де факто распаднато семејство кое се држи само заради некаква традиција, присила или патријархално опкружување, какво што е нашето општество претежно.
Живеење без родител е тешко, живеење со родител кој не е биолошки најчесто уште по тешко (сум сретнал исклучоци, ама почесто никогаш нема да се замараат и да го сакаат детето како тоа што носи нивен ген), живеење во кавги - катастрофа за менталниот развој на детето.

Детето во секој случај ќе помине со најголеми последици само и само поради што општеството произвело неспособна, недоволно созреана и лош стандард/процес за отклонување на овие проблеми.

Јас сум со поконзервативни сфаќања и со екстремна почит кон семејството и мислам дека ова што се случува во моментот (апла многу разводи) е проблем кој мора да се третира со огромно внимание од страна на институциите. Еден куп од нив се поради финансии и некаков проблем поврзан со тоа, и денешниве млади не пробуваат да се борат и да го решаваат проблемот, туку трчаат правец развод. Ако си зел кредити за глупости ќе бара чаре да ги вратиш и ќе читнеш повеќе како се менаџираат финансии. Ако е тешко тоа што го работиш ќе бараш нова работа, ако нема работа тука ќе одиш надвор, а не по 15 одмори во годината, секој викенд некаде на шетање, секој во џеб телефон од 500 евра, коли за кои една поправка е повисока цела твоја месечна плата и нон стоп по ресторани/кафичи/кафеани.

Нормално тука се виновни и нивните родители, кои иако растени во потешки времиња на нивните деца им даваат ветер во грб и придонесуваат овие да се бегаат од одговорност.

Коцкари, наркомани, алкохоличари, физичко, психичко малтретирање и разврат се друга приказна. Првите три има шанса да се подобрат, четврто и петто по автоматизам ќе се намалат ако паднат првите три, а последното никако.
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.160
Поени од реакции
5.797
Вие што барате заедници и полигамни бракови ни женска ни жена сте имале до сега :D
Во капитализмот со рмање од утро до мрак нема време на една да и се обрне внимание, не пак на повеќе.

Живеење без родител е тешко, живеење со родител кој не е биолошки најчесто уште по тешко (сум сретнал исклучоци, ама почесто никогаш нема да се замараат и да го сакаат детето како тоа што носи нивен ген), живеење во кавги - катастрофа за менталниот развој на детето.

Детето во секој случај ќе помине со најголеми последици само и само поради што општеството произвело неспособна, недоволно созреана и лош стандард/процес за отклонување на овие проблеми.

Јас сум со поконзервативни сфаќања и со екстремна почит кон семејството и мислам дека ова што се случува во моментот (апла многу разводи) е проблем кој мора да се третира со огромно внимание од страна на институциите. Еден куп од нив се поради финансии и некаков проблем поврзан со тоа, и денешниве млади не пробуваат да се борат и да го решаваат проблемот, туку трчаат правец развод. Ако си зел кредити за глупости ќе бара чаре да ги вратиш и ќе читнеш повеќе како се менаџираат финансии. Ако е тешко тоа што го работиш ќе бараш нова работа, ако нема работа тука ќе одиш надвор, а не по 15 одмори во годината, секој викенд некаде на шетање, секој во џеб телефон од 500 евра, коли за кои една поправка е повисока цела твоја месечна плата и нон стоп по ресторани/кафичи/кафеани.

Нормално тука се виновни и нивните родители, кои иако растени во потешки времиња на нивните деца им даваат ветер во грб и придонесуваат овие да се бегаат од одговорност.

Коцкари, наркомани, алкохоличари, физичко, психичко малтретирање и разврат се друга приказна. Првите три има шанса да се подобрат, четврто и петто по автоматизам ќе се намалат ако паднат првите три, а последното никако.
Ти како и многумина други ги третирате последиците. Не и узрокот. Гледаш , цел свет така размислува површно и ги третираат последиците и затоа сме тука во ваквба состојба каква што е.
 
joli1

contrarian
Член од
3 јули 2019
Мислења
424
Поени од реакции
1.709
Нефункционален брак и развод се ептен трауматични за секое дете.

Се работи за бирање на помалото зло, иако најчесто и тоа помало зло не е толку мало за некој да помине без трауми.

У време каде што двата пола имаат нереални очекувања од своите партнери, ние младите мора да бидеме пажливи за тоа како и кој партнер го бираме за до крај на животот.

Како што рече @Lester Freamon , најголем дел од разводите се поради смешни заебанции, најчесто поради кратковремен недостиг на финансии и неисполнување на материјалните желби на партнерот.

За мене лично, најлесен начин да си го упропастиш животот е да избереш погрешен животен партнер.
 
Хептаграм XI

Ιερός Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
9.138
Поени од реакции
8.095
Сеуште е валидна институција и ќе биде таква уште многу време после нас.

Нормално, со измени, заради ограничувањата кои денес ги прави во однос на љубовта, заради дефинирањето на тоа што е семејство, како заедница.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.203
Поени од реакции
40.892
Вие што барате заедници и полигамни бракови ни женска ни жена сте имале до сега :D
Во капитализмот со рмање од утро до мрак нема време на една да и се обрне внимание, не пак на повеќе.

Живеење без родител е тешко, живеење со родител кој не е биолошки најчесто уште по тешко (сум сретнал исклучоци, ама почесто никогаш нема да се замараат и да го сакаат детето како тоа што носи нивен ген), живеење во кавги - катастрофа за менталниот развој на детето.

Детето во секој случај ќе помине со најголеми последици само и само поради што општеството произвело неспособна, недоволно созреана и лош стандард/процес за отклонување на овие проблеми.

Јас сум со поконзервативни сфаќања и со екстремна почит кон семејството и мислам дека ова што се случува во моментот (апла многу разводи) е проблем кој мора да се третира со огромно внимание од страна на институциите. Еден куп од нив се поради финансии и некаков проблем поврзан со тоа, и денешниве млади не пробуваат да се борат и да го решаваат проблемот, туку трчаат правец развод. Ако си зел кредити за глупости ќе бара чаре да ги вратиш и ќе читнеш повеќе како се менаџираат финансии. Ако е тешко тоа што го работиш ќе бараш нова работа, ако нема работа тука ќе одиш надвор, а не по 15 одмори во годината, секој викенд некаде на шетање, секој во џеб телефон од 500 евра, коли за кои една поправка е повисока цела твоја месечна плата и нон стоп по ресторани/кафичи/кафеани.

Нормално тука се виновни и нивните родители, кои иако растени во потешки времиња на нивните деца им даваат ветер во грб и придонесуваат овие да се бегаат од одговорност.

Коцкари, наркомани, алкохоличари, физичко, психичко малтретирање и разврат се друга приказна. Првите три има шанса да се подобрат, четврто и петто по автоматизам ќе се намалат ако паднат првите три, а последното никако.
Се согласувам со речиси све што кажа, само што мора да се најде причината за разводите. Пошто не е од курташак. Јас баш мислам дека тие традиционални сфаќања дека МОРА да се венчаш и дека МОРА да имаш деца пред да биде предоцна, се проблемот. Да, имањето семејство е супер концепт, и јас го сакам истото. Меѓутоа премногу луѓе избрзуваат, најчесто од страв да не останат скроз сами, бираат погрешни партнери, и најкобното се случува кога се решаваат да имаат деца, мислејќи дека со тоа ќе си ги решат сите проблеми. А некои луѓе, пак, едноставно не се способни да бидат родители. Колку и да звучи нефер, постојат луѓе кои не треба да имаат деца.

Некои работи повеќе не функционираат така, семејството е важно, и секогаш ќе биде, но неговото формирање има далеку понизок приоритет и значење од порано, бидејќи општествените околности се имаат променето, и понатаму ќе се променуваат. За разлика од порано, денес сме многу поспособни да преживееме без да формираме семејство, отколку што сме биле порано, буквално зависни од истото.
 
Истото го зборуваме, проблем е што институциите а воедно и самото општество повеќе време губи со помали проблеми, отколку со проблеми како овој.
Не викам дека секој мора да создаде семејство, ни јас не знам дали би имал и би сакал да имам деца, ама знам дека ако ги имам во ситуација кога би имал проблеми не би се осудил за развод како прво решение. За жал се повеќе луѓе гледам дека во прв момент на проблеми се одлучуваат на ова.

Ако се осврнам во каква сиромаштија сум растен и споредам со ова што го прават младите сега, моите требало да се разведат од сам старт: кога склучиле брак имале повеќе финансии и стабилна работа, транзицијата ги затвора фирмите и остануваш со 8000ки месечно да растеш две деца, ваков брак во моментов е осуден на пропаст првите 3 месеци кога ги снемува финансиите. Да оделе на таа варијанта децата многу веројатно дека ќе завршевме многу полошо од што сме сега.

Инаку и јас сум против притисокот од околината врз младите да влегуваат во брак по секоја цена, да не зборам за следен чекор правење деца.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
2.537
Поени од реакции
4.343
Надополнување од другата тема :

Да земеме и најдобро можно сценарио, ете некаков си геј-пар каде што обете страни немаат никакви психо-физички проблеми, зошто таков пар би имал предност пред нормален пар при да кажеме, исти услови.
Иако би било чудо бидејќи скоро сите педери, лезби и остали имаат купишта ментални и физички проблеми, 3-4 пати повеќе суицид 6-7 пати повеќе обиди за суицид, далеку посклони за злоупотреба на алкохол и дроги, да не споменуваме брутален промискуитет.
Гледав документарец еднаш за Сидата па таму го имаа снимано "пациентот Нула" некој си авионски стјуард-бисексуалец кој ја пренел сидата (дотогаш ексклузива за гејеви и џанаци) на стрејт популацијата, имајќи осноси со жени.
Типот мртов ладен си кажа дека имал 300+ различни партнери и партнерки само за времето на неговата кариера како стјуард, секој аеродром нова дупка :facepalm:

Тука треба да се спомене иако нема евиденција дека хомосексуализмот е болест, има повеќе од доволно инфо дека хомосексуализмот сам по себе е инхерентно опасен по самите припадници бидејќи ги изложува на значително поголем број психо-физички проблеми отколку што е случај со нормалните луѓе.
Значи хомосите се инхерентно подложни на болести и според некои студии што глеам живееле до 28 години пократко од нормалните луѓе споредено со очекуваниот животен век при раѓање во Северна Америка.

П.С. Дали сметате дека бракот помеѓу еден маж и една жена треба да остане таков каков што е, или треба да подлежи на редефинирање во 21.век, под притисок на хомо популацијата и нивните стрејт поддржувачи?

Ако се укине унитарноста на бракот како заедница помеѓу еден маж и една жена, не постои никаков логички издржан аргумент хомосите да бидат привилегирани на сметка на било каква друга врска како пример озаконување на полиаморија, брак со сам себе (асексуалци), бисексуалци, брак на одредено време (година и пол и ајт), родосексуалци, или било каква форма каде имаме доброволно здружување на потенцијални брачни партнери.
Доколку под форма на брак хомосите се пришуњаат кон посвојување деца, зошто тогаш едно дете да не може да биде посвоено од двајца татковци и три мајки истовремено? Where will it all end?
Автоматски споено мислење:

Sekoj čovek e različen. Sekoj čovek si e posebna prikazna. Jas lično smetam deka brakot vo ovaa neli tradicionalna monogamna forma e veke demode i bedna izmačuvačka dosadna stvar. 35 god. sum i koga ke mi spomnat roditelive za ženenje/brak me faka silna nervoza, stres, odbivnost pa duri i gadenje.
Не знам дали веќе си бил во брак па имаш лошо искуство и затоа имаш ваков став, ако не си бил тогаш не знам зошто таков песимизам. Мора да си бил некогаш затрескан барем, што знам, да си имал некој план за живеење со партнерка. Ако ти е за годините немај секирација, јас бев постар од тебе коа ја сретнав significant other. Настрана животозагрозувачка болест и што све не се помина иако опасноста е далеку од готова, не се откажував дека ќе најдам личност. Тука е и факторот среќа кои многу го негираат, среќата да се сретне добра особа е релативно ретка, но ако веќе сретнеш, после се сведува на обата партнери, што ќе направат понатаму, зависи само од нив.

Ако ти серуцкаат родители, роџаци, френдови и комшии за тоа што не си во брак, не ги рецкај 2% :) Се имав изнаслушано такви муабети да ми траат до крај на светот :)
Автоматски споено мислење:

Нефункционален брак и развод се ептен трауматични за секое дете.

Се работи за бирање на помалото зло, иако најчесто и тоа помало зло не е толку мало за некој да помине без трауми.

У време каде што двата пола имаат нереални очекувања од своите партнери, ние младите мора да бидеме пажливи за тоа како и кој партнер го бираме за до крај на животот.

Како што рече @Lester Freamon , најголем дел од разводите се поради смешни заебанции, најчесто поради кратковремен недостиг на финансии и неисполнување на материјалните желби на партнерот.

За мене лично, најлесен начин да си го упропастиш животот е да избереш погрешен животен партнер.
Ова е интересна ситуација, општеството е тотално немо и мутаво кога се работи за образување на млади лица како да изберат соодветен партнер. Ок изгледот игра улога и секогаш ќе игра, но останатите ситуации никој не ги споменува.
На што да се обрне внимание, кои се red flags кај една особа, што треба да се избегнува а што да се цени, никој ништо, нит школи нит родители, младите се упатени на сами себе и рандом муабети за особата со која ќе стапат во брак, ама затоа треба да се знае за котангенс, бисектриса и број на офци во Нов Зеланд.

Просто е неверојатно колку малку младите немаат корисно инфо за можеби најважната одлука која ќе ја направат во животот (избор на партнер и родител на своите деца)
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
9.601
Поени од реакции
18.798
П.С. Дали сметате дека бракот помеѓу еден маж и една жена треба да остане таков каков што е, или треба да подлежи на редефинирање во 21.век, под притисок на хомо популацијата и нивните стрејт поддржувачи?
Надвор се почести се Common-law marriage или De facto relationship, горе-доле имаат исти обврски и привилегии со тие што се во класичен брак (речиси исти главоболки и при развод), разлика има во докажувањето пред институциите.
Генерално може да има надополнување на вакви варијации за оние што се против класичен и ете евентуално хомо популација. Само што би вовел далеку поригорозни проверки и комисии за ваквите со ненадејни посети од социјални работници и при евентуално посвојување на деца.
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.109
Поени од реакции
17.182
Јас верувам во тоа дека за успешен брак треба двајцата да се борат и дополнуваат, не е one way street, грижа, поддршка и многу трпение исто така, денес новиве брачни парови се пониска им е толеранцијата затоа и толку разводи, во една таква институција кога влегуваш неможеш да си себчен, ќе се жртвуваш, ако не зошто тогаш воопшто и влегуваш во брак.
Овде познавам многу пријателки кои живеат вонбрачен живот, се со цел да ако нешто почне да оди, можат да се разминат без никакви нервози и разводи, можеби е ок, јас па сум последна која може да суди, со огледн а тоа што сум 18 и кусур години во брачна заедница. А дека се менуваат нештата се, колку и како ќе ни го смени погледот врз бракот како институција ќе видиме.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom