Донев
★★
- Член од
- 9 мај 2008
- Мислења
- 35.533
- Поени од реакции
- 52.307
Брзо помина ова Светско Првенство, до крајот останаа само уште четири натпревари. Во првото полуфинале се среќаваат Бразил и Германија. Бразил со моите теми и анализата до сега се провлекува некако, па се надевам дека и на овој натпревар ќе имам такво влијание. Сега ќе биде потребно највисоко можно ниво за да се победи моќната Германија без капитенот Тиаго Силва и ѕвездата на тимот, Нејмар.
Домаќините пласманот во полуфиналето го осигураа со победа над Колумбијците до овој натпревар покажаа одлична игра на чело со Џејмс Родригез, но Бразил очигледно беше преголем залак. Бразил во првото полувреме ја покажа својата моќ. Притискаше без престан и не дозволуваше Колумбија да ја игра својата игра. Уште во седмата минута, после лоша одбрана при корнер од страна на Колумбија, капитенот Силва му донесе водство на Бразил. Домаќините продолжија да притискаат се до полувремето и не дозволија противникот да создаде некои посериозни шанси. Во второто полувреме продолжи пресингот на Бразил, но и Колумбија почна да пружа отпор. Силва непотребно фаулираше и доби жолт картон поради кој ќе го пропушти натпреварот со Германија. Во 69та минута, Давид Луиз го зголеми водството на Бразил на 2-0 откако беше прецизен од слободен удар од огромна далечина. Потоа Колумбија пробуваше да се врати, но Бразил имаше контрола врз играта. Во 80та минута беше досуден пенал за Колумбија. Џејмс Родригез беше прецизен и го постигна својот шести гол на првенството со што е најдобриот сртелец. Ќе видиме дали Милер или пак Меси ќе успеат да го стигнат. Во завршницата на натпреварот Нејмар се здоби со сериозна повреда поради која ќе го пропушти остатокот од првенството, што е секако голем хендикеп за Бразил.
Германија на својот пат се сретна со екипата на Франција. Французите покажаа добра игра во својата група, а потоа ја победија и Нигерија со 2-0. Германците иако моќни, сепак не успеаа да покажат некаква шампионска игра, на чело со играчите од Баерн. Сепак, Лев за овој натпревар конечно одлучи малце да ја измени тактиката. Наместо во средина, капитенот Лам го започна натпреварот на својата природна позиција. Го стави во игра и единствениот класичен напаѓач, Клосе, со Милер, Крос и Озил зад него, а Швајнштајгер и Кедира во средината. Дешамп до започна натпреварот само со Бензема во нападот, а шанса од самиот почеток му даде и на Гризман кој покажа добри игри да претходните натпревари. Двете репрезентации започнаа со претпазлива игра. Германците беа малце по сигурни во својата игра, но се гледаше дека ќе се игра цврст натпревар до самиот крај. Во тринаесетата минута, Хумелс донесе водство на Германија после одлично нафрлена топка од страна на Крос. Потоа до самиот крај двете репрезентации пробуваа да направат нешто повеќе, но ниту една одбрана не попушти, па натпреварот заврши со 1-0 со голот на Хумелс кој одигра феноменален натпревар без ниту една грешка.

Состави:Бразил
Цезар е сигурен на голманската позиција. Лев бек исто би требало Марсело да продолжи да игра како до сега. Против Колумбија на десен бек Сколари одлучи да игра со Маикон и да го седне Алвес на клупа. Маикон се покажа одлично, па ништо чудно да успее да го задржи своето место во тимот. Централно, капитенот Силва нема да може да игра поради суспензија, па Давид Луиз ќе треба да игра со Данте како партнер во одбраната. Ќе видиме како ќе се покаже ова дуо. Данте е квалитетен дефанзивец, но сепак не може целосно да се замени капитенот на екипата. Во средината Луиз Густаво се враќа после суспензијата, но Фернандињо и Паулињо изиграа добро заедно, па ќе видиме дали Сколари ќе реши да продолжи со нив или сепак ќе го врати Густаво во тимот. Поради повредата на Нејмар, се очекува неговото место да го завземе Вилиан кој исто така заработи некоја повреда на тренинг, но последните информации се дека ќе биде спремен за дуелот. Заедно со Оскар и Хулк ќе ја сочинуваат тројката зад Фред.
Германија
Лев ќе треба да одлучи дали ќе ја врати старата формација или сепак повторно ќе игра со Клосе во нападот и Лам на својата природна позиција. На голот е секако Ноер, во одбраната очекувам Лам да ја задржи десната бековска позиција, со Хеведес лево, а Боатенг и Хумелс централно. Во средина Кедира и Швајни ќе гарантираат голема стабилност. Прашањето е дали да се игра со Клосе во нападот или сепак да игра Милер како лажна деветка. Сметам дека Лев ќе се одлучи за Милер, а Геце, Крос и Озил ќе ја сочинуваат тројката зад него.
Бразил и Германија до сега се имаат сретнато 21 пат, од кои Бразил бил поуспешен на 12, Германија славела 4 пати, а 5 пати одиграле нерешено. Но, само еден од овие натпревари е на Светско Првенство, а тоа е финалето во 2002 кога Бразил славеше со 2-0. Двата тима до сега имаат играно по 7 финалиња. Поуспешен е Бразил со пет титули додека пак Германија била првак три пати. Дали Бразил ќе успее без моеби двајцата најдобри играчи да стигне до финалето во обид да го исполни својот сон на домашен терен или пак Германија ќе покаже зошто уште од почетокот е еден од фаворитите за титула.