"Боље спречити, него лечити"

Slatka mala

*** unique ***
Член од
10 јули 2007
Мислења
652
Поени од реакции
2
Како би постапиле во ситуации на кои можете да им го претпоставите текот, кој знаете дека не е добар или правилен и ќе резултираат токму со таков крај?
Би спречиле да ви се случат, би ги одбиле или би ги прифатиле со надеж дека можеби грешите и се ќе испадне добро?
Дали некогаш сте се нашле во таква ситуација и како сте изреагирале? Добро сте одлучиле или било тоа грешка која ве поучила за понатаму?
Тврдоглави сте и сакате да ризикувате или пак попуштате пред несекојдневни и необични предизвици и побрзо би го спречиле моментот отколку да лечите многу повеќе?
Упорна сум и секогаш одам до крај. Многу пати до сега се случило да имам некаква претпоставка како ќе заврши некоја работа, но сум сакала да ризикувам, со желба да се обидам да го добијам тоа што сум го наумила. Иако многу пати се случило самата да се зезнам, никогаш тоа не сум го сватила како лекција од која треба да се извлече поука. Секогаш продолжувам исто, па ако не пробам можеби и ќе ја испуштам шансата.
 

vlatkolik

~I'm busy U are UglY,Have a Nice DaY!!!~
Член од
17 мај 2007
Мислења
2.647
Поени од реакции
28
Во последно време приметувам дека сум станал многу тврдоглав,одам со глава во ѕид,упорен сум и ги прифаќам ризиците макар знаел дека на крај нема да искочи како што треба но ако не пробаш нема да знаеш дали ќе биде ок или не,во повеќето случаеви сум се зезнувал но ете не ми доаѓа памет не сум го сфаќал никогаш тоа како лекција,и ќе прифаќам ризици па мајко му на крај краева вреди да се проба. :wink:
 
Член од
18 декември 2005
Мислења
1.356
Поени од реакции
165
zavisi za sto se raboti, dokolku e mal rizikot togas bi probala, no dokolku toa (svesno) e povreduvanje togas podobro e da se spreci nego da se leci.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Неможам да кажам дека не се плашам кога влегувам во ситуација на која и го претпоставувам текот и мислам дека е лоша, но без оглед на тоа секогаш така правам. Не со умисла и цел да ризикувам, туку така сум родена најверојатно. Работа која ми е убава и мислам дека сакам да ја доживеам - ја правам без оглед колку ќе треба да ја лечам ако ја згрешам и лошо заврши. Макар и еден убав момент, мислам дека треба да ни вреди повеќе од сто лоши ...
Незнам да се повлечам од нешто само затоа што во моментот ми изгледа дека лошо ќе заврши. Надежта последна ми умира, ама баш за било што.
Такви ситуации сум имала многу, на сите полиња во животов. Имало лоши краеви кои ми дале добра воспитна лекција, но кога ќе размислам повеќето добро завршиле. Тоа значи дека повеќе пати погрешно сум претпоставувала, но не ми е важно тоа ... важен е фактот што сум го заклучила дека ризикот најчесто се исплатува.
Секако, исклучете ги од муабетов кладилниците ... :pos2:

Значи со еден збор, за мене не важи тоа "Боље спречити, него лечити".
 

PoisonGrl

~Malo crveno~
Член од
8 јули 2006
Мислења
664
Поени од реакции
2
Една работа која е буквално за темава е: научив да не искачам со само што миена коса надвор. Ако не е лето од 40степени, ќе настинам!!!
А обично пробувам да спречам, отколку и да лечам. Ретко ми успева, ама барем ми успева некогаш.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
„Подобро да се спречи отколку да се лечи“ ми важи за здравјето кога се работи.

Сакам да ризикувам, го сакам предизвикот ситуации кои можеби би можеле да добијат некаков пресврт, без разлика дали претходно сум го предвидувала завршетокот на истите или не. Неизвесноста ми е возбудлива игра и секоја ситница која води чекор понапред ми е интересна.
Бидејќи секогаш анализирам до бескрај, секогаш за секоја ситуација си имам алтернативно решение, идеите секавично ми доаѓаат. И ништо не може да излезе толку лошо колку што успевам да најдам излез и да ублажам после тоа.
Можеби постоеле ситуации за кои сум ризикувала и сум се разочарала, но сум ги сфатила како лекциски шамари кои ме научиле како да се справувам и каков чекор да преземам доколку не излезе баш онака како што сум мислела. Трпеливо си чекам резултати и пак задоволството, исполнетоста и убавите моменти се појавуваат. Убав круг.
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
Најчесто го слушам внатрешниот водач ако и покрај тоа што изгледа нешто неостварливо добијам позитивен внатрешен сигнал одам понатака , а ако имам непријатно чувство особено ако при тоа повредам некој, бргу се откажувам ,во многу случаи инстиктот ме води по правиот пат.
 
Член од
23 август 2008
Мислења
1.755
Поени од реакции
264
Хах мајка ми секогаш ми вика така кога пред излегување негде одбивам да облечам потопла облека.И стварно држи вода!
Многу полесно ќе поминеш доколку нештото го спречиш отколку да му дозволиш да се слуши па потоа да ги отстрануваш последиците.
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
Како би постапиле во ситуации на кои можете да им го претпоставите текот, кој знаете дека не е добар или правилен и ќе резултираат токму со таков крај?
Затоа што важам за премногу тврдоглава личност што ретко кога прифаќа наметнати ставови, секогаш постапувам онака како што јас сакам, и мислам дека е океј да се прави истото без разлика како ќе се резултира. Во тој случај, вината не се префрлува на никој друг освен на самите себеси што може да служи како добар пример за во иднина кога би се случило исто или слично нешто, и многу подобро би влијаело од она "знам некој на кој му се случи нешто како на тебе...". Само на сопствените грешки може да научиме.

Би спречиле да ви се случат, би ги одбиле или би ги прифатиле со надеж дека можеби грешите и се ќе испадне добро?
Ќе оставам се да тече во нормала, па или ќе испадне добро, што би било во моја полза, или би се случиле компликации кои пак можеби можат да водат до нешто друго што ќе биде поволно за мене. Секојдневните ситуации се непредвидливи, ретко кога може да се знае исходот, наше е да ги прифатиме предизвиците и да направиме пресврт кој би ни користел.

Дали некогаш сте се нашле во таква ситуација и како сте изреагирале? Добро сте одлучиле или било тоа грешка која ве поучила за понатаму?
И едното и другото. Значи, не станува збор за една одредена ситуација што се случува ретко, туку секојдневно доаѓаме до онаа раскрсница каде што се мислиме на каде да тргнеме. Како што реков претходно, ако се заврши добро, океј, ако не, сигурно нема да паѓам во депресии туку ќе ја прифатам реалноста и ќе гледам да искористам нешто друго од неа.

Тврдоглави сте и сакате да ризикувате или пак попуштате пред несекојдневни и необични предизвици и побрзо би го спречиле моментот отколку да лечите многу повеќе?
Ризикувам, само поради тоа што ризикот го прави животот поинтересен. Доколку се едно исто се случува или пак го знаеме крајот на одредени настани, се губи се и станува досадно и монотоно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom