Босна и Херцеговина се распаѓа... 2 дел.

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259


Знам дека имаше веќе ваква тема но мислам дека е соодветно да се повтори бидејки се зборува за преуредување на истата за да се зачува како една држава. Ова пак е важно бидејки истото се зборува и за Јужна Србија, Косово и Македонија. Дали работите во Босна се од некаква релевантност за Македонија неможам да кажам, но можам да кажам дека не треба да се одфрлат. Како што е одамна познато „Балканот е буре барут“ немора да значи дека ќе се колиме повторно, но мислам дека опасностите се од поделба а не од колење (моментално).

Како и да е еве ги статиите...

А1

БиХ се распаѓа, Србите одат кон целосна автономија
14.08.2009 10:36

Босна и Херцеговина се распаѓа затоа што Србите сè повеќе се оддалечуваат од слабиот центар и се движат во правец на целосна автономија.
Ова го пишува лондонскиот весник „Индепендент“ каде се посочува дека пристрасноста која што меѓународната администрација во таа земја ја покажала кон муслиманите само ја влошила ситуацијата.
Весникот пишува дека Европа нема стратегија за БиХ, со оценка дека еден од проблемите е и „лошо осмислената рамка што и е наметната на Босна на мировните преговори во 1995 година во Дејтон, главно по барање на Ричард Холбрук, специјален пратеник на тогашниот американски претседател Бил Клинтон.
„Босанските муслимани се лути и велат дека Србите од Босна никогаш не смеат да бидат наградени за масакрите што ги извршиле во 90-те години, додека Србите на тоа одговараат дека имаат право на самоопределување. Европа вели дека немаат (право) и оти Косово било исклучок“, истакнува „Индепендент“.
Според весникот, Сараево економски и политички го изгубило својот пат, додека Република Српска застанала на свои нозе и стекнала самодоверба.
„Пристрасноста, која што меѓународните административци во Босна ја покажаа кон муслиманите само ја влоши ситуацијата на муслиманите“, се наведува во текстот и додава дека во случај да се повтори таквата ситуација Босна тогаш би станала официјално протекторат.
„Нејзините надежи дека ќе влезе во ЕУ, колку и да се мали, целосно би се распрскале. Брисел не е заинтересиран врз себе да преземе еден меѓународен протекторат во толку лоша состојба“, заклучува лондонскиот весник, пренесува МИА.
Оргиналната статија на "The Independent" (Англиски Јазик) [Nigel Morris]
Писмо со одговор за статијата на "The Independent" (Англиски Јазик) [Charles Crawford - Некаков си поранешен амбасадор во Сараево 1996-98]

Важни извадоци од статијата:
- Босна може да стане „Европската црна дупка“
- Авторот не укажува на војна, но можно е да се обнови конфликтот ако вака продолжат работите.
- Со дво-дневно патување до Сребреница се уверил дека државата се „разединува“.
- Наместо да ги надминат недоразбирањата после 14 години, тие се повеќе одат назад.
- Државата едноставно може да се распадне до степен што веќе нема да функционира како држава.
- Србите сакаат да поголема автономија или целосно одцепување.
- Српскиот национализам се развивал со РУСКИ пари????
- Српските лидери сакале да го затворат телото за мониторинг за меѓуетнички односи.
- ЕУ била нема на тоа што се случува во Босна.
- Вилијам Хејг е против повлекувањето на мировните сили, бидејки ЕУ требала да покаже дека нема да ја игнорира ситуацијата.
- Кризата во БиХ може да придонесе за кочење на ЕУ интеграциите на Хрватска, Србија и Турција (најверојатно и МК е овде)!!!!

Писмениот Оговор на статијата:
- БиХ нема Национален идентитет.
- Борбата за националниот идентитет во БиХ не е завршена.
- Србите имаат премногу бидејки имаат свој ентитет (Р. Српска), додка Хрватите и Бошњаците делат еден.
- Цитат „...corruption inherited from Yugoslav "socialist self-management", and proud Balkan inat (vainglorious self-destructive bloody-mindedness).“
- ТРЕБА НОВ ДОГОВОР.
- Забрзување на ЕУ интеграциите, визна либеризација под услов да се смени Уставот. (ви звучи познато од некаде?)
- Новиот устав да создаде 3 ентитета, кои ќе бидат централизирани но воедно ќе имаат и големи обврски.
- Да има целосна дерегулација на економијата (америка?)
- Се на се, да се биде фер во создавањето на 3те ентитета.

Да повторам:

Етничка поделба во БиХ:


Административна поделба на БиХ:
 
N

n/a

Гостин
Иди иди
ко те јебе
може Српска и без тебе
федерацијоооо...
федерацијооо.!
:back:
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Има неколко мното битни прашаниja:
1.Дали ке се разпадне БиХ ?
2.Ке биде по мирен пат или чрез конфликт?
2.Каква ке биде судбата на отделените територии?

Лично jaс мислам дека нема да се стигне до разпадане.Ке се направи се от страна на надворешни фактори да се зачува териториалниja интегритет на БиХ.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
401
Поени од реакции
5
Neznam dali e nekoj bil brgu od vas u Bosna ali ona e defakto podelena. Glumat nesto kako edna drzava a ne funkcionira voopsto taka.
 

ilija^veles

Nick Sloter
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.050
Поени од реакции
41
Само не ми е јасно зошто уште се заедно по се што поминаа заедно 3те народи во босна?
 
Член од
20 јуни 2007
Мислења
809
Поени од реакции
18
Еднаш кажав на иста ваква тема, дека доколку распадот на БиХ не е во интерес на некој од големците до тоа нема да дојде, па макар и да започнат пак да се колат.
 
N

n/a

Гостин
Секој еден жител на БиХ у фамилија има:
барем една жртва,
барем едно семејство кое што е раселено
материјални загуби у енормни размери,
трауми за цел живот.

и некој ашлак вика:
ај сеа вие фино лепо да живеете заедно пак.
:baeh: :tapp:
Ма немој?
Ај важи... одма.

Они де факто играат заедно само кога треба да поделат некои кинти.
Иначе имаат две различни држави,
*(ги викаат ентитети)
со различна фискална политика,
различни министерства,
различна полиција,
без разлика што се води како заедничка и различна војска.

На своја кожа, директно знам дека никад...
ама никад нема да профункционираат заедно пак.
Просто нема шанси.
А може да се скољаат уште утре (многу вратки не се вратени од претходниот конфликт таму,децата на жртвите веќе се пораснати и чекаат... шанса. :vozbud:)
:toe:
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
401
Поени од реакции
5
Секој еден жител на БиХ у фамилија има:
барем една жртва,
барем едно семејство кое што е раселено
материјални загуби у енормни размери,
трауми за цел живот.

и некој ашлак вика:
ај сеа вие фино лепо да живеете заедно пак.
:baeh: :tapp:
Ма немој?
Ај важи... одма.

Они де факто играат заедно само кога треба да поделат некои кинти.
Иначе имаат две различни држави,
*(ги викаат ентитети)
со различна фискална политика,
различни министерства,
различна полиција,
без разлика што се води како заедничка и различна војска.

На своја кожа, директно знам дека никад...
ама никад нема да профункционираат заедно пак.
Просто нема шанси.
А може да се скољаат уште утре (многу вратки не се вратени од претходниот конфликт таму,децата на жртвите веќе се пораснати и чекаат... шанса. :vozbud:)
:toe:
Se e tocno samo ne se dva nego tri entiteta. I jas licno znam od prva raka.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Тогашните играчи во бивша сфрј, кои сега веќе за среќа ги нема, многу добро знаеја дека клуч за распаѓање на државата е Босна и Херцеговина, дека без големо крвопролевање нема ништо да има ни од голема Лјепа наша па ни од Мала лјепа наша ни од Голема србија. Можда само Словенија ќе отпатуваше....
Значи беше потребен конфликт таму каде работите и луѓето се највеќе измешани и не им смета тоа мешање.
ЈБГ....тоа и го направија сесрдно потпомогнати и од надвор....само тоа тие надворешните што го започнаа не го довршија до крај.......сакаа што било било пу пу не важи...е не иде тоа така, премногу луѓе настрадаа......ако се ебеш еби се до крај....или ич не почнувај (со ебење)
 
B

Borg_Drone

Гостин
Уште е рано да се зборува, но работава ме насочува на добра спогодба помеѓу ЕУ и Србија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom