Борци од антиката и средниот век (Military Art)

Член од
25 октомври 2013
Мислења
108
Поени од реакции
70
Тевтонскиот ред (латински: Ordo domus Sanctæ Mariæ Theutonicorum Ierosolimitanorum, "Ред на германскиот дом на Света Марија Ерусалимска", германски: Orden der Brüder vom Deutschen Haus St. Mariens in Jerusalem или чешки: Deutscher Orden) бил третиот голем рицарски ред, кој бил основан во времето на крстоносните војни во Палестина по редот на јованистите(Малтешкиот ред) и редот на тампларите.

Основање на редот
Во време на Третиот крстоносен поход во текот на 1190 година германски благородници и трговци основиле братство во болница, и како главна цел им било грижата за ранетите и болните во време на едногодишната опсада на крепоста Сен Жан Дакар во Акра, Галилеја. Арапите го превзеле градот пред само три години (1187година), но уште во 1104 година градот бил во рацете на крстоносците и претставувал главно седиште на витешкиот ред болничари.
Бидејќи крстоносците започнале да ги губат своите територии, пред се Ерусалим иЈафа, крепоста Сен Жан Дакар станала еден вид престолнина на крстоносците воПалестина се до 1291 година. Овде братството изградило болница и црквата "Св. Марија" (fratres domus hospitalis sanctae Mariae Teutonicorum in Jerusalem). Папа Целестин III на братството (21 декември 1196 година) му дал привилегиислични како и на другите редови. На големото собрание, кое се одржало во пролетта на 1198 година, германските рицари решиле братството да го преобразуват во витешки ред односно орден. Папа Инокентие III го признал новиот духовно-рицарски орден на 19 февруари 1199 година. Со издадената була и истоивремено му ги определил задачите: заштита на германските рицари, лекување на болни, борба со ривалите накатоличката црква. Рицарите го добиле правото да носат бела мантија со црн крст. Папа Хонорие III ги ослободил тевтонските рицари од судската власт на местните епископи на 1 октомври 1218 г. На 9 јануари 1221 година, овој ред бил поставен на исто ниво како оној на јованистите и темпларите.
По предавањето на светата земјаПо поразот на христијанските власти на Блискиот Исток, редот бил преместен во Трансилванија во 1211 година, се со цел да помогне во одбраната на Унгарија од Куманите. Во 1225 годинабиле протерани бидејќи сакале да се претпостават под папската а не под унгарската власт. Под раковотство на Херман фон Салец, овие витези ја нападнале Стара Прусија во 1226 година, а овој поход е познат како Пруска крстоносна војна. Кога нивното седиште било пренесено во Прусија, овие витези започнале походи и против соседните држави, Кралство Полска, Војводство Литванија и Република Новогород. Во времето на Наполеон Бонапарт, орденот бил расформиран. За време на Првата светска војна, редот повторно бил обновен со седиште во Хамбург. Орденот работи и до ден денес како здружение з доброволни цели.
Грбот на орденот
Грбот на Тевтонскиот ред се состоил од црн крст, кој се наоѓал на бела позадина . Главната девиза на орденот бил «Helfen — Wehren — Heilen» / "Помош - заштита - Лекување".







 

red baron

sad but true
Член од
3 ноември 2012
Мислења
960
Поени од реакции
825
Франки (Franks)


Charles ''The Hammer'' Martel
http://en.wikipedia.org/wiki/Charles_Martel




Алемани напаѓаат римски форт


Сакси
http://en.wikipedia.org/wiki/Saxons








Келти
Келтска делегациja на на посета кај Александар


Дакиjски келти


Битка на ирци со викинзи 9 век н.е.


ирскиот војсководец Brian Boru со глава на убиен викинг
http://en.wikipedia.org/wiki/Brian_Boru




Carnyx келтските сигнална воена цевка
http://en.wikipedia.org/wiki/Carnyx


А еве како звучи
 

red baron

sad but true
Член од
3 ноември 2012
Мислења
960
Поени од реакции
825
Викинзи














Викинзи напаѓаат Ирска


Источни викинзи (варjaги)


Викингски военен камп


Норвешки и исландски викинзи 12 век










Варjaжката гарда на византиjските императори (varangian guard) наемни војници регрутирани од варjaги, нормани и саксонци
http://en.wikipedia.org/wiki/Varangian_Guard






Византиjски император со варјажката гарда


Harald Хардрада ''Bolgara brennir'', легендарен норвешки крал учествувал со дружината си во варjaжката гарда, бие се на Балканот против бугарите од каде доаѓа и неговиот прекар.
http://en.wikipedia.org/wiki/Harald_Hardrada

Ragnar Lodbrok :)
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Друже кинези или јапонци се овие...пиши како бугарчево за малце појасно да ни биде ;)
Освен втората фотка што личат на Кинези по оклопите сите други се Јапонци.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Кога реплицирате некому не ги повторувајте сликите, избришете ги.

Иначе ме потсети со Самураите, навистина би било интересно да се видат нивните вештини во директен дуел со македонско-римските војници. :)

Можеби и најголема среќа имаме што Јапанциве се на остров и потешко им било да прават инвазија на други територии, меѓутоа страшни се во секој случај.
Ако земеме во обѕир дека сите биле нинџи тешко дека некој пешак со копје би излегол победник.

Исто, не знам дали забележавте, секоја наредна епоха на освојувачи се карактеризира со поедноставна облека, но потешко вооружување во смисла на маса и димензии.

Римјаните во свое време биле феноменални стратези, треба да се признае, но сепак после одреден период несфатливо губат битки со сите околни племиња. Тоа може да биде и доказ дека без разлика на надмоќноста, на секоја империја ќе и дојде крајот.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Самураите биле професионални војници слично како Спартанците, единствена задача по цел ден да тренираат и да одат во војна. Јапонската сабја е веројатно најфеноменалното ладно оружје на сите времиња доведена до совршенство и при изработка а уште повеќе при ракување.

Тоа што Братот спомна за крајот на Римјаните, сите империи умираат заради декаденција и слаба централна власт проследена со нагло и прекумерно ширење па таа „болест“ ја уништила старата Македонија исто како што го уништила и Рим.

Македонската фаланга била непобедива се додека била штитена на крилата со коњица и оној момент кога диадохите (наследниците - генерали) почнале да ја занемаруваат таа тактика и ја смалиле дисциплината оставајќи ја пешадијата небранета од крило римските легии почнале да победуваат а истото ги снашло и Римјаните подоцна, паднала дисциплината, се повеќе регрути слабо бучени оделе во војска, станала општа декаденција во царството и Рим е здробен од варварските народи.

Инаку за Јапонците, тоа се без сомнение еден од неколку најмилитаристички народи на светот и да беа во Европа ќе беше многу „интересно“. Навистина не би ги сакал за противници :). Монголите на два пати пробуваат да ги освојат ама не успеваат иако имаат многу поголема војска (и времето им помогнало на Јапонците а и тоа што се остров) но Кина и Кореа секогаш губеле од Јапонија во копнени битки.

Штета што ги загубија самураите но неколку големи личности барем спасија дел од борбените вештини па денес светот преку нив дознава и за јапонската култура.

Не ни е баш по темава ама мислев може некого ќе го интересира :).
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Самураите биле професионални војници слично како Спартанците, единствена задача по цел ден да тренираат и да одат во војна. Јапонската сабја е веројатно најфеноменалното ладно оружје на сите времиња доведена до совршенство и при изработка а уште повеќе при ракување.

Тоа што Братот спомна за крајот на Римјаните, сите империи умираат заради декаденција и слаба централна власт проследена со нагло и прекумерно ширење па таа „болест“ ја уништила старата Македонија исто како што го уништила и Рим.

Македонската фаланга била непобедива се додека била штитена на крилата со коњица и оној момент кога диадохите (наследниците - генерали) почнале да ја занемаруваат таа тактита и ја смалиле дисциплината оставајќи ја пешадијата небранета од крило римските легии почнале да победуваат а истото ги снашло и Римјаните подоцна, паднала дисциплината, се повеќе регрути слабо бучени оделе во војска, станала општа декаденција во царството и Рим е здробен од варварските народи.

Инаку за Јапонците, тоа се без сомнение еден од неколку најмилитаристички народи на светот и да беа во Европа ќе беше многу „интересно“. Навистина не би ги сакал за противници :). Монголите на два пати пробуваат да ги освојат ама не успеваат иако имаат многу поголема војска (и времето им помогнало на Јапонците а и тоа што се остров) но Кина и Кореа секогаш губеле од Јапонија во копнени битки.

Штета што ги загубија самураите но неколку големи личности барем спасија дел од борбените вештини па денес светот преку нив дознава и за јапонската култура.

Не ни е баш по темава ама мислев може некого ќе го интересира :).
Не бе, на место ти е коментарот.

Доколку не сум грешка, Јапонија поради трговскиот интерес со САД под нивна принуда го воведува законот за забрана на оружје и ги укинува Самураите како професија.

 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Доколку не сум грешка, Јапонија поради трговскиот интерес со САД под нивна принуда го воведува законот за забрана на оружје и ги укинува Самураите како професија.
Во литература не се спомнува дека Американците ги принудиле Јапонците за укинување на самураите туку нивната улога е посредна, чим веќе морало да се прекине изолацијата (под американска принуда) императорот сметал дека е подобро да има модерна армија во западен стил со регрутација од целото население (плус и да не се бунат некои идни самураи против него) така да ги укинува и им забранува да носат катана во јавност со што голем дел самураи стануваат офицери во новоформираната модерна јапонска војска а дел се прилагодуваат и завземаат цивилни позиции во општеството како елитна класа со култура и писменост (нешто слично како Белогардејците само што вториве беа иселени од Русија) :) .
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.641
Поени од реакции
9.914
Освен втората фотка што личат на Кинези по оклопите сите други се Јапонци.
царе ако погледнеш убаво има самурај во средината и доле лево има јапонски војници и знамиња јапонски има а точно е дека има и кинези претпоставувам дека се работи за јапанско-кинеска војна :3
 
Член од
19 февруари 2010
Мислења
536
Поени од реакции
1.720









благодарение на фактот дека самураите се последните војни доживели до 19 век денес има слики кои ги покажуваат какви биле преди сто и преди илјада години !
 

Kajgana Shop

На врв Bottom