Борко Ристовски

●Mαrια...«3*

♥ 3 ♥
Член од
3 април 2009
Мислења
692
Поени од реакции
68
Ја отварам темава со цел да се кажат вашите мислења во врска со еден од најдобрите голмани во Македонската Репрезентација во ракомет.Мислам дека Борко Ристовски ја заслужува оваа тема,бидејќи знаеме сите дека тој е еден од луѓето спортисти што најмногу вредат во нашава земја.Можеме да го издвоиме неговиот удар од гол на гол на натпреварот Македонија-Србија.
Оние кои што го немаат видено можат да го погледнат овде: Кои се вашите мислења во врска со него?
 
PokerFace

I'll never be the same..
Член од
30 март 2009
Мислења
1.212
Поени од реакции
623
Лелеле кога ќе ми текне на голов еј...:vozbud:
Иначе најмногу го поштувам и стварно заслужува да биде отворена тема за него!:pipi:
 
Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Звер е Борко, кога само ќе ми текне како сме рипале на овој гол нашколо кога ја гледавме утакмицава.
 
Madrid

Timeless
Член од
23 март 2008
Мислења
3.899
Поени од реакции
154
Се ложи на одбраната од Португалија, благодарение на истата ќе биде прв репрезентативен голман уште доста време, иако Диви е подобар од него.
 
Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.334
Поени од реакции
2.222
Ристовиски ....
Па има да се збори за него, најпрво ке споменам има лош карактер богами го примекам. Добро брани стварно има чувство со топката знае да направи контра зане да даде гол од гол на гол има добра прегледност, ама понекогаш се понаша како он да е главен. Искрено се беше добро ама се прави да е главен еднашка кога отидов во Скопје да ги гледам Металург гледам покажува Борко да биде замене Лазаров со некој друг демек појма нема, бре бре голман ке кажува кој да биде заменет. Има и многу други моменти кога се однесува како да е ШЕФ, ама има моменти кога без него не бива. Да се сетиме со Португалија кога го фати пеналот на крајта. Не има спасувано во многу натпревари во диелот со Србија 24 обрани а губиме 5 разлика ??? Човекот помагаше ама нашиве не искористоа ништо.
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.490
Поени од реакции
4.042
Најдобар бе :)))Некогаш претерува со понашањето , но ...:toe:
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Да бевте сите како Xfire со коментариве шампањско пукав.

Туку, Борко е одличен голман, според мене спаѓа во оние спортисти кои можат да бидат многу квалитетни, дури и за момент да се искачат на врвот на светот, но под еден услов. Условот се вика да те фати инат, да се запотиш, да си речеш е додека не успеам, не правам нешто друго. Имам добиено таков впечаток кај Борко, не знам зошто. Може да биде одличен голман, ама од психолошки аспект, му иде само кога тој ќе се заангажира доволно, на моменти ми делува безволно. Мислам дека треба да поработи на психолошкиот дел, на концентрацијата на играта, да биде поупорен и ќе биде одличен.
 
S

SSS-Stolica

Гостин
Е тој Борко Борко...не однесе на европско секоја чест за тоа...и мора да поработи на психолошки план некогаш коа ќе му дадат голови во серија неможе да се свести каде е што прави, му треба повеќе концентрација тогаш...инаку одличен голман е(само колку добар гол даде на европското)...и да ќе заборавев...провокатор е го докажа тоа на последната утакмица против Вардар ПРО...
 
jkd

one name one country united macedonia
Член од
13 септември 2007
Мислења
1.261
Поени од реакции
27
хмххмхмххххмммм
борко ристовски што да се каже за него,освен тоа што е маестрален што има осет за време и простор што знае да ги изремети сите па дури и противнички голмани со головите што ги дава што знае да занеме и играчи од најголеми калибри но сепак ја има онаа негативна особина ја сепак мислам дека се работи за патење од некаков комплекс дека он знае све дека е најдобар и кога ќе го фати тој филм знае да усере многу добри и позитивни негови особини а дефинитивно тогаш брани како најголем лузер значи борко прави што ќе правиш ама не влегувај во тие лоши филмови
 
Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.334
Поени од реакции
2.222
Да бевте сите како Xfire со коментариве шампањско пукав.

Туку, Борко е одличен голман, според мене спаѓа во оние спортисти кои можат да бидат многу квалитетни, дури и за момент да се искачат на врвот на светот, но под еден услов. Условот се вика да те фати инат, да се запотиш, да си речеш е додека не успеам, не правам нешто друго. Имам добиено таков впечаток кај Борко, не знам зошто. Може да биде одличен голман, ама од психолошки аспект, му иде само кога тој ќе се заангажира доволно, на моменти ми делува безволно. Мислам дека треба да поработи на психолошкиот дел, на концентрацијата на играта, да биде поупорен и ќе биде одличен.
Тоа е фактот во ракомет. Сум бил на часови и слични работи посебно за голман(бидејки јас сум голман). Најпрво основно е поставувањето потоа концентрацијата и гледањето на топката рефлекси итн. ИНАТОТ е нештото што ке те направи подобар во ова нешто, многупати ми го кажуват ова и секаде е така. Инает ако немаш нема да биде ништо. Борко има позитивно нешто во ова, искрено ама му помага и дебелината (широчината). Гледате од крила тешко му се внесува топката :).

Поупорен? Се труди, али малку проблем му прави и дебелината пак ке спомнам. Ке споредам малку, ако си гледала голманот на Хамбург Сандстром е многу помал од Борко но имаат и различен стил скокат како луд фака се пушти доле. Додека Борко кај нас оди 70% на процента сигурно сте гледале така некој напад и одеднаш шут кон голот на Борко и тој е на другата страна ги има такви многу голмани. Е сега да го спомнам и Омејер, тој друго работи ги чека шутевите па со рефлекс, спасува коклку можи.

Борко е мајстор за некои изворедни топки, има проценка има чуство дека ке шутне, но брзината му фали. Неколкупати сум примекал дека од пивот кога ке му флезет има проценка дека ке шутнат ама брзина му фали. Тоа е слабото кај Борко.

Еве некои сликички од Борко и неговиот СТИЛ:

Гледате? Не се подига од земјата тоа е слабата точка кај него другото се е добро и брзина му фали.

Од друга страна ПОГЛЕДНЕТЕ што му фали на маестро Борко. :)
 
Attachments

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.334
Поени од реакции
2.222
Е тој Борко Борко...не однесе на европско секоја чест за тоа...и мора да поработи на психолошки план некогаш коа ќе му дадат голови во серија неможе да се свести каде е што прави, му треба повеќе концентрација тогаш...инаку одличен голман е(само колку добар гол даде на европското)...и да ќе заборавев...провокатор е го докажа тоа на последната утакмица против Вардар ПРО...
Епа стави се на местото на Борко ако не успееш да змееш првенство со Вардар а го победуваш во КУП, нема ли да бидеш задоволен сигурно ке испровоцираш некој! НЕ Е СЕКОГАШ ПРОВОКАТОР! Не го тупајте тоа премногу.
 
Епа тоа го кажав...дека е слаб на психички план...и баш најде навивачите да ги провоцира?
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.692
Поени од реакции
4.520
Според мене најдобар голман во нашата држава.Одлична одбрана против Португалија во решавачки дуел во последна секунда одбрани пенал што не одведе на светско првенство каде што направивме историски пласман.Борко беше одличен и на сведското иако беше менуван со Ангелов докажа дека е одличен голман и одбрани некој клучни топки,а и голот што го постигна беше изнореден.
 
●Mαrια...«3*

♥ 3 ♥
Член од
3 април 2009
Мислења
692
Поени од реакции
68
Е тој Борко Борко...не однесе на европско секоја чест за тоа...и мора да поработи на психолошки план некогаш коа ќе му дадат голови во серија неможе да се свести каде е што прави, му треба повеќе концентрација тогаш...инаку одличен голман е(само колку добар гол даде на европското)...и да ќе заборавев...провокатор е го докажа тоа на последната утакмица против Вардар ПРО...
Па да ти кажам искрено и јас така би реагирала затоа што во едно ме нервира и ме деконцентрира.. :pipi:
 
М

Мартин`

Гостин
Борко за Курир: Се селам во Гумерзбах

Ристовски ќе потпише две и пол годишен договор со германскиот бундеслигаш за оштета од 120.000 евра. Тоа е рекордна оштета која некој клуб ја платил за играч од Македонија. Своевремено, Загреб плати 80.000 евра за Кирил Лзаров.

„Министерот за одбрана“, македонскиот ракометен чувар на мрежата, Борко Ристовски во телефонски разговор, ексклузивно за Курир ги пренесe своите впечатоци од преговорите кои се одвиваа до пред половина час. По одличните настапи на Еуро 2012 во Србија, и континуитетот кој тој го има изминативе години уште повеќе го зголемија интересот на големите странски клубови.
- Дефинитивно е. Се селам во Гумерзбах. Она што се појави како шпекулација, на крајот се покажа како вистинито на големо задоволство за сите инволвирани. Гумерзбах беше најконкретен во преговорите, јас своите лични услови ги договорив пред тоа и тоа воопшто небеше спорно, меѓутоа нивното инсистирање да заминам веднаш, малку ги искомплицира преговорите од причина што јас сеуште имам актуелен договор со екипата на Вардар Про. Нормално, клубот бараше германците да платат оштета, што всушност и беше единствена точка на дневниот ред во разговорите со челните луѓе на Гумерзбах. На мое големо задоволство, тоа се заврши пред половина час, се надевам дека и претседателот Михајловски е задоволен од тоа што го доби. Инаку ова е едно големо признание за мене, за се она што сум го работел изминативе години и се надевам дека ќе ми донесе уште поголемо искуство, поголемо знаење што на крајот ќе резултира и со подобри мои настапи и за македонската репрезентација, а знаеме дека не очекува многу ова лето, вели Ристовски во ексклузивната изјава за Курир.

По настапите за Теукро Алгесирас во шпанската асобал лига,ова ќе биде второ интернационално искуство за Ристовски. Уште поголема тежина на овој трансфер му дава и фактот што Гумерзбах во својата историја бил 15 пати шампион на Германија а во последниве неколку сезони постојано е во топ 5 зад Кил, Хамбург, Флензбург и Рајн Некар Ловен.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom