Борис Сарафов - национално свесен Македонец, но каков е неговиот удел во револуционерното дело?

Член од
12 јуни 2018
Мислења
515
Поени од реакции
568
Прво ние имаме тотално погрешно толкување за комитетот, па и Делчев и Петров биле дел од комитетот, собранијата негови, гласале и биле учесници во него, комитетот бил своевиден парламент на сите македонски организации.Токму Делчев и Петров застануваат зад кандидатурата на Сарафов oдносно тој е нивен кандидат и со нивните гласови тој станува претседател на комитетот, а голем дел од парите на касата потоа тој ги дава на ВМОРО.
Делчев бил и избран за член на раководството на комитетот, но тоа потоа тоа го одбива за да не ја изгуби својата улога на обединител која ја имал во организацијата.

Сигурно не сметаш дека пари за револуција така се добиваат, се знае дека ВМОРО и воопшто македонското револуционерно движење се занимавало со рекет за да дојде до финансии за своите делувања, токму тоа и го правел и Сарафов, кој со харизма но и карактерот кој го имал собирал убедливо најмногу финансиски средства кои потоа ги распоредувал на сите , финансирал весници, пари за ВМОРО, за МТРК (гемиџиите) и.т.н., сите поголеми и покрупни дела на организацијата но и воопшто на македонското револуционерно движење доаѓале преку парите кои ги обезбедувал Сарафов, тоа и самиот Петров го признава во своите спомени, иако поради неговиот карактер Петров не бил баш некој голем фан на Сарафов , но никогаш не негира дека освен поради нарциосноста и желбата да биде лидер, со се друго го помагал делото, но таа желба за лидерство која ја поседувал знаела и тоа како да направи проблеми кај останатите.


Сарафов сметал дека целото револуционерно движење треба да биде со еден центар, а воедно тој сакал да биде лидер на целото движење, суетата и егото му доаѓале дека тој бил убедливо најуспешен и со обезбедување на финансии, со авторитет и со огромната харизма која ја имал, бил неворојатен оратор и за миг можел со една реченица сите да ги крене на нозе.

Кога читаш спомени на револуционери се знае тројката која сите ја споменуваат, Делчев-Груев-Сарафов по овој редослед, па по нив останатите каде најмногу се истакнуваат пред се Тошев и Петров.

Е сега кога сме кај парите, вреди да се напомене, дека Сарафов си починал со тоа што го имал , додека Сандански починува како најбогат човек во Пиринска Македонија, како концесионер на бањи, богат и добро обезбеден трговец.
Јасно е дека македонската историографија под менторство југословенските комунисти тотално ги има помешано лонците и целосно ги има отфрлено сите оние кои биле врховисти и се ставиле во служба на Бугарија а ги прифаќа само оние коишто дејствувале од 'внатре' како и оние кои се залагале за некаква федерација со други балкански држави како што беше Југославија иако во суштина и едните и другите не можат да се дефинираат како македонисти во денешна смисла на зборот и имаат доста контрадикторности во однос на тоа што го зборувале во јавноста и како всушност делувале.
На пример, Сарафов рековме е познат по неговата изјава дека Македонците се посебен народ но всушност започнува како врховист а погледот на врховистите бил дека Македонија не може да се ослободи сама а треба да се делува однадвор во координација со бугарската држава при што целосно се координирале со бугарската влада. Од оваа денешна гледна точка доколку успееше планот на врховистите Македонија ќе беше дел од Бугарија а македонизмот веројатно никогаш немаше ни да пушти корени. Иако потоа раскрстува со бугарската влада Сарафов најверојатно тоа го прави поради неговата нарцисоидност откако е затворен. Поради истата нарцисоидност наредува да се убие и романскиот новинар кој го нарекол арамија и неранимајко во еден текст. Сепак на крај повторно наоѓа заеднички јазик со бугарската влада и бара помош од нив.
Сандански пак од друга страна никогаш не рекол дека Македонците се посебен народ и во неговите изјави секогаш зборувал за Бугари, Грци, Куцо-Власи во Македонија но сепак се што правел било против бугарската влада и врховниот комитет и се борел за Македонија во една идна федерација со други балкански држави. Всушност од денешна гледна точка исто така е јасно дека македонизмот успеа во Југославија, во една таква федерација каква што замислувал Сандански иако самиот тој всушност имал далеку различен поглед кон тоа што е македонизам бидејќи своите левичарски погледи ги добил од своето најблиско окружување кое било најчесто составено од Бугари левичари родени на територијата на Бугарија а самиот тој својот револуционерен дух и делување му го должи на читањето на биографијата на Васил Левски како што рекол самиот.

Значи од денешна гледна точка Сандански со своето делување е далеку позаслужен за македонизмот отколку Сарафов иако како што реков знак прашалник е како би реагирал Сандански доколку би бил жив денес ако се најде во Скопје и во слободна Македонија.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.951
Поени од реакции
6.746
Значи од денешна гледна точка Сандански со своето делување е далеку позаслужен за македонизмот отколку Сарафов иако како што реков знак прашалник е како би реагирал Сандански доколку би бил жив денес ако се најде во Скопје и во слободна Македонија.
Се согласувам со претходниот дел на напишаното додека за овој дел јас судам по тоа кој колку допринесол за револуционерната борба додека бил жив и за делото во целост, Сарафов што направил на Сандански ќе му се потребни десет животи , а инаку да сепак санданистите го создадоа ваквиот македонизам и токму затоа во него е толку величен човек кој е олицитворение на предаство и братоубиство (иако предавниците не може да се наречат браќа).
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Треба еднаш оваа држава да седне и смирено со ладна глава да се нотираат на сите револуционери во 20 век, да се види кој какви делаима правено, кога бил корисен, кога бил штетен за Македонското дело. Нивните дела и недела за да имаме комплетен увид и објективна проценка. Вака имаме некои лица многу фалени (не дека немало лоши работи што ги правеле, но според лични, или политички афинитети биле избирани) но и лица многу оцрнувани (иако имало и доста позитивни работи што ги направиле). Откако сето тоа “ќе се стави на вага“ - дури тогаш ќе имаме објектоивна слика за секој посебно и за ослободителната борба во целост. Вака само се “препукуваме“ и сите се во право и сите се “во криво“.

Инаку, јас лично не сум за отфрлање на ниедна личност од Македонските дејци и борци - сите тие направиле нешто добро и нешто лошо и СИТЕ СЕ НАШИ, без разлика ако во одреден период од овие или оние причини ја смениле страната. А колку што се учи од добрите работи, можеби уште подобро се учи и од лошите работи, ама за нешто да научиме мораме да имаме целосна објективна слика, таксативно нотирано се што таа личност/организација направила, а потоа да носиме САМИТЕ (може и колективно и на ниво на нација) суд за нив.
Вака, се базираме на од други (!) спакуван, готов производ кој не смееме да го испитуваме од што е направен и колку е корисен/штетен туку мораме да го проголтаме и уште и да го пофалиме...
 

SNM

Член од
19 август 2020
Мислења
564
Поени од реакции
1.336
Некаде прочитав дека Борис Сарафов, за време на неговиот престој во Швајцарија, отпечатал и ставил на продажба обврзници на идната Македонска држава. Пронајдени се и инвеститори. Дали е вистина или легенда?
Убиениот романски новинар Стефан Михаиалину е со македонско влашко потекло и е поранешен директор на романската гимназиjа во Солун. Бугарија и Романија са на чекор од војна.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom