Боречки Вештини

Член од
24 јуни 2009
Мислења
310
Поени од реакции
124
Убаво рекол Брус Ли - земи повеќе вештини, абсорбирај го корисното, исфрли го непотребното, создади свој стил на борба кој ти одговара. тоа е JKD. не значи дека ако порано вежбале кунг фу во JKD дека тоа е тоа. денес има нови модерни вештини кој се комбинираат во JKD (џудо,ВЈЈ,бокс,кик-бокс,филипино кали...).
 
A

AnFem

Гостин
Ми треба совет. Сакам да научам некоја боречка вештина која ќе ме зајакне, со која ќе можам да се самоодбранам, а истовремено и ќе проработи на спиритуалноста, т.е. баланс помеѓу телото и умот итн. Размислував за Аикидо, но некој ми рече дека Аикидото е добро за самоодбрана, но само ако си нападнат од повеќе луѓе(?) o_O, а тренингот за еден према еден бил слаб... Искуства?
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.807
Поени од реакции
10.917
Чуден муабет ти направиле, како може против повеќе души да е добар тренингот а против еден да не го бива, нелогично е :confused: Баш аикидото за самоодбрана мислам дека е правата вештина. Немам тренирано али неколкупати сум гледал полагања за почетните нивоа на Реално Аикидо. Еден другар полагаше, еден на еден беа почетните нивоа и ми делуваше доста функционално. Ми се засвиѓа вештината и да имам повеќе време би тренирал баш тоа.
 
Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
а истовремено и ќе проработи на спиритуалноста, т.е. баланс помеѓу телото и умот итн.
Анфем, кое од овие две ти е во дизбаланс, да го запеглам?
 
Член од
24 јуни 2009
Мислења
310
Поени од реакции
124
Ми треба совет. Сакам да научам некоја боречка вештина која ќе ме зајакне, со која ќе можам да се самоодбранам, а истовремено и ќе проработи на спиритуалноста, т.е. баланс помеѓу телото и умот итн. Размислував за Аикидо, но некој ми рече дека Аикидото е добро за самоодбрана, но само ако си нападнат од повеќе луѓе(?) o_O, а тренингот за еден према еден бил слаб... Искуства?
одев на аикидо и не ти препорачувам да одиш зошто не е реално. и да е, ти треба мнооогу време да го усовршиш. е сега зависи што сакаш повеќе, ударачки спортови (кик бокс, бокс...) или борачки (ВЈЈ,џудо), или па мешавина за улична борба џит кун до. јас овие ти ги препорачувам.
 
Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.449
Поени од реакции
1.780
Убаво рекол Брус Ли - земи повеќе вештини, абсорбирај го корисното, исфрли го непотребното, создади свој стил на борба кој ти одговара. тоа е JKD. не значи дека ако порано вежбале кунг фу во JKD дека тоа е тоа. денес има нови модерни вештини кој се комбинираат во JKD (џудо,ВЈЈ,бокс,кик-бокс,филипино кали...).

Се знае дека основачот на ЈКД почнал со винг чун кунг фу кој е јадрото на ЈКД. Без винг чун ЈКД не е ЈКД. Исто така Брус Ли воопшто не користел БЈЈ ниту џудо. Тоа што го збориш е веќе ММА а не ЈКД. Кај нас нема ниту еден ЈКД мајстор,нека не ве лажат џабе пари да ви земаат.
 
Член од
24 јуни 2009
Мислења
310
Поени од реакции
124
Се знае дека основачот на ЈКД почнал со винг чун кунг фу кој е јадрото на ЈКД. Без винг чун ЈКД не е ЈКД. Исто така Брус Ли воопшто не користел БЈЈ ниту џудо. Тоа што го збориш е веќе ММА а не ЈКД. Кај нас нема ниту еден ЈКД мајстор,нека не ве лажат џабе пари да ви земаат.
не се прави паметен, џкд и кунг фу не е исто. џкд има една филозофија - прифати ги предностите од повеќе вештини, прифати го тоа што ти одговара, исфрли го непотребното, создади свој стил на борба. ако пред 50 години се вежбало кунг фу, денес има друг многу поефективен систем на боречки вештини кој се вежбаат во џкд.
--- надополнето: 11 август 2013 во 10:43 ---
 
Не реков дека кунг фу и ЈКД е едно исто туку дека винг чун е составен и неизоставен дел од ЈКД. Ти мешаш ЈКД со ММА. А тоа дека не е ефективно вин чун кунг фу-то си си во длабока заблуда. Не значи ако ,,ЈКД мајсторите" кај нас абер немаат од винг чун дека го нема во ЈКД. А ти вежбај си ММА и мисли си дека тренираш ЈКД.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
329
Поени од реакции
218
Ми треба совет. Сакам да научам некоја боречка вештина која ќе ме зајакне, со која ќе можам да се самоодбранам, а истовремено и ќе проработи на спиритуалноста, т.е. баланс помеѓу телото и умот итн. Размислував за Аикидо, но некој ми рече дека Аикидото е добро за самоодбрана, но само ако си нападнат од повеќе луѓе(?) o_O, а тренингот за еден према еден бил слаб... Искуства?
За секоја вештина е потребно некое време значи барем неколку години вистински да се научи. Ок зависи и колку често тренираш, талентот колкав ти е, дали си во форма итн.
Добро е со тек на време да стекнеш кондиција. Ако тренираш ќе ја стекнеш се разбира.
Добро е покрај вештината, кондицијата и малку да се обрне внимание на билдање бидејќи знае да се случи набиено навежбано маже да совлада некој што вежбал од разните вештини.
Текводо е повеќе за удари со нозе. Аикидото е одлично и за повеќе и за еден на еден, но ти треба простор за маневрите и нема удари, само одбрана и плус треба да знаеш добро да правиш колут напред назад. Џиу џицу е слично со аикидото, но е добро кога се нема простор.
Значи текводно плус аикидо или теквондо плус џиу џицу не се лоша комбинација. Ако имаш многу време додади и нешто за со раце како карате или бокс на пример.
Се разбира колку и да тренираш ниедна боречка вештина не ти е гаранција дека ќе се одбраниш, затоа најпаметно ти е да не се чепкаш по кафани, а да тренираш ради рекреација.

Ако грешам нека ме поправи некој, инаку ова е вака некој лаички впечаток шо сум гледал и малу рекреативно шо сум пробвел разни спортови.
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
не се прави паметен, џкд и кунг фу не е исто. џкд има една филозофија - прифати ги предностите од повеќе вештини, прифати го тоа што ти одговара, исфрли го непотребното, создади свој стил на борба. ако пред 50 години се вежбало кунг фу, денес има друг многу поефективен систем на боречки вештини кој се вежбаат во џкд.
--- надополнето: 11 август 2013 во 10:43 ---

Очигледно неможеш да го сватиш концептот на ЈКД и затоа така збориш... Нема кај нас ЈКД има ММА ! Има разлика...

Прифати го тоа што ти одговара без разлика на стилови,вештини,техники... Кој вежба така кај нас? Пак се учат гардови, пак се учат " шеми " ... Значи тоа е сосема спротивно од теоријата на ЈКД...

Кога збориме за ММА тогаш да има кај нас... Бокс,кик бокс,граплинг, борење све во едно... Ете тоа е ММА и има голема Разлика од ЈКД...
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
Се знае дека основачот на ЈКД почнал со винг чун кунг фу кој е јадрото на ЈКД. Без винг чун ЈКД не е ЈКД. Исто така Брус Ли воопшто не користел БЈЈ ниту џудо. Тоа што го збориш е веќе ММА а не ЈКД. Кај нас нема ниту еден ЈКД мајстор,нека не ве лажат џабе пари да ви земаат.
Како бе нема? Па на секој чекор никнуваат низ градов ЏКД инструктори :)

Кога збориме за ММА тогаш да има кај нас... Бокс,кик бокс,граплинг, борење све во едно... Ете тоа е ММА и има голема Разлика од ЈКД...
Све во едно и пак едно во ништо.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom