Ми треба совет. Сакам да научам некоја боречка вештина која ќе ме зајакне, со која ќе можам да се самоодбранам, а истовремено и ќе проработи на спиритуалноста, т.е. баланс помеѓу телото и умот итн. Размислував за Аикидо, но некој ми рече дека Аикидото е добро за самоодбрана, но само ако си нападнат од повеќе луѓе(?)
, а тренингот за еден према еден бил слаб... Искуства?
За секоја вештина е потребно некое време значи барем неколку години вистински да се научи. Ок зависи и колку често тренираш, талентот колкав ти е, дали си во форма итн.
Добро е со тек на време да стекнеш кондиција. Ако тренираш ќе ја стекнеш се разбира.
Добро е покрај вештината, кондицијата и малку да се обрне внимание на билдање бидејќи знае да се случи набиено навежбано маже да совлада некој што вежбал од разните вештини.
Текводо е повеќе за удари со нозе. Аикидото е одлично и за повеќе и за еден на еден, но ти треба простор за маневрите и нема удари, само одбрана и плус треба да знаеш добро да правиш колут напред назад. Џиу џицу е слично со аикидото, но е добро кога се нема простор.
Значи текводно плус аикидо или теквондо плус џиу џицу не се лоша комбинација. Ако имаш многу време додади и нешто за со раце како карате или бокс на пример.
Се разбира колку и да тренираш ниедна боречка вештина не ти е гаранција дека ќе се одбраниш, затоа најпаметно ти е да не се чепкаш по кафани, а да тренираш ради рекреација.
Ако грешам нека ме поправи некој, инаку ова е вака некој лаички впечаток шо сум гледал и малу рекреативно шо сум пробвел разни спортови.