Борби со кучиња

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.860
10959895_865904320117259_7999840959353047312_n.jpg
Слика од пред неколку дена од Тетово. Гордо се сликаат неколку луѓе со испокасапен пес за борби со доделен пехар за чинот што го тераат да го прави. Срамота и греота наместо да се борат да се укинуваат борбите со кучиња очигледно уште повеќе завземаат удар. Сликава ја превземав од фб страницата Купимиленик и од таму очајно велат да се пријавуваат во полиција и во здруженијата за заштита ваквите случаи колку и да е безнадежно. Ако некој ги препознава лицата на монструмиве нека ги каже па нека пријават надлежните во полиција со точни информации. ОВА Е СРАМ И ТЕЖОК ГРЕВ.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.860
На National Geographic даваат една емисија за сите криминали во Америка не знам точно на англиски како се викаше и пишуваше емисијата нашиве ја преведуваат како подземје... Имаше дел од емсисијата каде кажуваа за борби со кучиња и онака апла зборуваа пред камери луѓето што борат кучиња. Првиот одгледувач на нормално пит були за борби беше помлад и понеискусен и кажа дека мајка и син ке пари за да добие добри кутриња за борба, во меѓувреме едно куче го тераше во една дивина да влече огромен синџир и после истото куче го тераше да се бори со мајкаму... Катастрофа тешка... Истиот кажа и дека набргу ке заработи околу 40 и нешто илјади долари од неколку часа борби со кучиња. Веднаш после него даваа еден ветеран во борбите со пит були кои кажа дека се заработува на сериозни борби од 50 до 100 илјади долари... Кажа истиот и многу интересна работа призна дека им давал на неговите кучиња пред борба Спид (дрога) за да бидат по енергични и дека се правела една финта во борбите каде некој одгледувачи ги мачкале кучињата по грбот, вратот со Кокаин за кога другото куче ке загриза да прими од дрогата и да се олабави за да неможе силно да гриза. Потоа пробија во една шума каде имаше едно 15 кутриња спремани за борби и направија упад полицајците во една куќа кај голем криминалец локален кој одгледувал дома околу 20 кучиња ги тренирал на лента за трчање во подрумите и имаше ринг во голема подрумска просторија направено и многу крв во него и по зидовите. Ке ја побарам епизодата и ке ја постирам овде доколку ја најдам.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.860
Гледајте што најдов... Снимки од овчарски кучиња за борби некаде во планинските села на Македонија. Нагласено е дека кучињата се за борби, дури снимано со убава камера и имиња на кој се заблагодарува издавачот на видеото. https://www.youtube.com/watch?v=9Q3ntBwzF-E
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.860
Убави кучиња. Штета во раце на стока.
Толку свест имаат акција и реакција само им регистрира свеста кучињава имаат повеке свест од нив и емоции имаат и начин на однесување во зависност од човекот и знаат каде што смеат и несмеат. Али тоа е законски се поддржани кај нас овие работи нели по обичај кај нас тие што го удираат печатот на законот тие највеке го прекршуваат... Големи полициски службеници и бизнисмени се дел од публиката и организацијата затоа на овие работи никој ништо не им може во МК. (n)
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Гледајте што најдов... Снимки од овчарски кучиња за борби некаде во планинските села на Македонија. Нагласено е дека кучињата се за борби, дури снимано со убава камера и имиња на кој се заблагодарува издавачот на видеото. https://www.youtube.com/watch?v=9Q3ntBwzF-E
колку убави и прекрасни кучиња,штета што се чувани како стоки кај најголемите стоки.

Инаку во сите вакви планински села се чуваат овчарски кучиња во сурови услови и често се пуштат во вакви борби,си лечат комплекси стоките преку кучињата.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.860
Мал историјат на Бул расите и борбите со кучиња. (Ако некаде грешам поправете ме)

Првенствено се почнало во Англија со тоа што стариот англиски Бул Дог поточно се работело за Бул Бејтинг или врзување на Бикот за кол за да се движи ограничено и пуштање на Булдози да го напаѓаат се до смрт кога едено од кучињата ке успее да го апне за њушката бикот и со тоа да го угуши. Тогашните англиски булдози биле налик на Молозер со текот на времето се врстувани со други раси и немаат допирни точки со денешните Анг. Булдози.

Потоа по решение на општеството дека првиов тип на насилства помеѓу животните е суров и законски забраниле во Англија борби помеѓу кучиња и бик се измислени борбите со кучиња. Но за тоа стариот Англиски Булдог бил премалку атрактивен, бил поголем и потежок во однос на денешниот и англичаните решиле да создадат кучиња најпогодни за тоа. Така допреле до идеја да ги вкрстуваат тогашните Англиски Булдози со тогашните Англиски Териери. Така настанале со првенствено име Пола Булдог - Пола Териер кучињата. А нешто подоцна името им било Бул и Териер. Поради што на различни места во државата ова се случувало и поради што не само за борби ги користеле сопствениците... Некој ги користеле и како чувари на домот и добитокот, но помал дел... Тогашните мешавини од Булдог и Териер низ целата Англија овие комбинации различно се развивале според изглед и големина. Така првенствено се одделиле Пит Бул расата и Стафордски Бул Териер расата. Нешто подоцна кога во Англија тотално се забраниле борбите со кучиња почнува нова историја во борбите и вкрстувањето на расите.

Со тоа што борбите се забраниле и не можеле сопствениците да ги борат кучињата на јавни места дошле до идеја да создадат уште помала раса од Питбулот и Стафордскиот Бул Териер која ке можат да ја борат по подруми и слични скришни простории и места. Така настанал Бул Териерот. Со вркстување на Староанглискиот Булдог или Питбулот или Стафордскиот Бул Териер и Англискиот Бел Териер (раса за лов која веке не постои) настанува Бул Териерот.

Најверојатно по одредено време кога и борбите во подруми и скришни простории биле пробиени и прекинати од страна на властите на мода стапиле натпреварите каде Териерите (најчесто ловните Териери) за одредено време давеле глувци. (Кладба за пари по принцип пр. за 1 минута колку глувци ке удави кучето) но тоа не ги задоволило гледачите и кладбениците на овие т.н. спортови и борбите со кучиња продолжиле да се одвиваат скришно се до денес.

Мора да се напомене дека во овие периоди на развој на овие раси за борби и колонизирањето на Америка има голема улога. Со донесувањето на Пит Булот во Америка тој си останува ист и речиси воопшто не се изменува во изгледот и димензиите. А Стафордскиот Бул Териер се менува тотално и димензионално и во ликот и така настанува Американскиот Стафордски Териер.

Од времињата на почетокот на борбите со кучиња па се до денес неколку векови подоцна освен во Англија па во Сад борбите со овие раси се популализирале и на Балканот. Во Блискиот Исток, на Балканот и во Северниот дел на Европа борбите со кучиња се традиција најверојатно уште пред модата во Англија, но со друг тип на кучиња на овие простори. Модата за борби со кучиња во период на развој на борбите во САД и Англија ја зафатило и Јапонија, но со различен тип на кучиња и таму. Иако во речиси целиот свет борбите со кучиња се законски забранети и се нелегални во Јапонија се легални и дозволени. Поради борбите со кучиња како и причината од можна агресија кај одредени раси во некој држави во Европа се забранети и овие Бул раси.
 
Член од
14 август 2016
Мислења
13
Поени од реакции
10
Јас имам пит бул. Неговите родители се борачи, шампиони во борни со кучиња. Јас моето не го пуштам во борби, не ни планирам. Тие што ми го дадоа кога слушнаа дека не планирам да го борам, ми понудија пари за да им го дадам, демек штета било куче од таква борачка крв да не се бори. Не им го дадов и пробаа неколку пати да ми го украдат. Сега, после 3 ипол години, конечно се одкажаа.
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2015
Мислења
150
Поени од реакции
43
Јас имам пит бул. Неговите родители се борачи, шампиони во борни со кучиња. Јас моето не го пуштам во борби, не ни планирам. Тие што ми го дадоа кога слушнаа дека не планирам да го борам, ми понудија пари за да им го дадам, демек штета било куче од таква борачка крв да не се бори. Не им го дадов и пробаа неколку пати да ми го украдат. Сега, после 3 ипол години, конечно се одкажаа.
Браво!!!
Незнам што толку луѓето уживаат да гледаат како се борат до смрт кучиња
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Јас имам пит бул. Неговите родители се борачи, шампиони во борни со кучиња. Јас моето не го пуштам во борби, не ни планирам. Тие што ми го дадоа кога слушнаа дека не планирам да го борам, ми понудија пари за да им го дадам, демек штета било куче од таква борачка крв да не се бори. Не им го дадов и пробаа неколку пати да ми го украдат. Сега, после 3 ипол години, конечно се одкажаа.
Може некоја слика од кучето?
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Не знам како може некој да е толку бездушен и да организира вакви работи, да чува куче само за да го пушти да се бори до смрт, не можам да замислам стварно. Ова се ненормални луѓе, не само што треба да се затворат туку треба и да се измачуваат, има полно начини за измачување, треба да се применат на вакви лудаци. Нека скапат во затвор, секојдневно тепање и изгладнување, нека ги тераат да вежбаат на гладен стомак, а ако не сакаат нека ги тепаат додека не почнат да плукаат крв.
Секако ова останува уште еден мој неисполнет сон, во ваква држава никого нема да фатат, бидејќи секој од овие лудаци знае некој човек на позиција и тоа е.
 
Член од
18 март 2017
Мислења
42
Поени од реакции
65
Никако неможам ни да ги гледам овие... страшно :place::place: пари со туѓа крв спечалени. Демони тешки се овие, нема ништо човечко у нив.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom