Борби со кучиња

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Борбите со кучиња се актуелна појава кај нас богзнае од кога. Дегенерици специјално одгледуваат огромни кучиња и ги хранат со живо месо за да станат подиви. Се обложуваат, и тоа големи пари паѓаат на овие настани.

Не сум запознаена со целиот процес на борење, не знам кога престанува борбата. Понекогаш кога едното куче ќе умре, а ако се смилуваат, тогаш го тргаат од борбата со сериозни повреди. Трагично.

Сум била сведок на неколку вакви „купци“ на кучиња кои ми нудеа пари да им продадам едно куче што го чувам во маало. Кучето е големо, прекрасно, силно, но мирно. Никогаш не би го дала на такви дивјаци, и ме интересира дали има некој закон со кој се забрануваат овие борби?
Можам да ги пријавам тие што ми нудеа пари?

Па уште кога видов дека една ваква борба се популаризира на еден дегенско-ретардирано-раперски спот онака „од финта“ ми прекипе. Па добро бе мајку му, како може некој да ужива во такви гнасотии? Сеуште ли постојат луѓе на примитивно гладијаторско ниво на развој?

Не е само тоа...говедата си ги вежбаат кучињата на обични улични кучиња. Еднаш едвај спасивме едно, го врзале за столб да не може да се брани и го с`снаа нивното да го распарчува.

Дегени, дегени, дегени.
Но што е најважно...

КАКО ПРОТИВ НИВ?
 

pcjodamaster

:trololo:
Член од
20 мај 2006
Мислења
4.180
Поени од реакции
127
Прв пат слушам за ова, тука во Штип нема. Или не сум разбрал.

А како против нив? Па ваљда полицијата треба да делува тука, но нив не ги гајле за луѓето, камоли за животните. Немаме ред во државава за нормални работи, камоли за девијантни појави како борби на кучиња.
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Тоа е прилично не законска работа, така да полицијата може да го реши тоа. Ама исто како што има луѓе кои што сакаат да експериментираат со нивните миленичиња на разни начини(фризури, облеки) така има и луѓе кои што сакаат да имаат кучиња борци. Гадно е кога ги „вежбаат„ ко што кажа Скул на бездомни кучиња, а уште погадно е кога ѕверовите се дават едни со други до последна капка крв. Имав едно време едни касети со борби, претерано беа гадни
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
Гнасна работа.

Ко мал бев сведок во Белимбегово (сега Илинден) кај баба ми, на селскиот стадион се собираа луѓе за вакви дебилштини. Ја уште од мал си сакав кучиња. И прилично воземирувачки ми беше. Кучињата го носат со намера да се тепаат меѓу себе, и да се курчат попосле дека појако куче имаат. Трагедија е што кучињата не ни знаат зашто ги носат, нит пак сакаат да се тепаат. На лице место ги закачаат едно со друго, селски кажано ги с'скаат, според нивните кучешки инстинкти кучињата се впуштаа во борба, после толку раздразнување од нивните стопани.

Секако неможе ова да се искорени, пошто и онака сме дебилен народ (не дека во други земји нема вакви работи, туку работата е што кај нас не ни има кој да ги спречи). Animal Police e мајката.
 
Член од
25 август 2007
Мислења
8
Поени од реакции
0
да , знам за ваквите работи , едно време имаше тука во скопјево во паркот се собирааа луге со кучињата, беше прилично одамна, мн вознемирувачко, најжална ми беше борбата со семојт и пит бул , и сирото семојтот падна веќе не можеше да стои , а овој газдата од нервоза откако ги разделија кучињата почна да го тепа со клоци а ова цивка и лежи на земја такво цело раскрвавено:( лелеее колку беше страшно, се ежам сеа коа се поцеќам:(
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Дебилија!
Ова е втора работа у врска со животните што ме вади од такт, ми го крева желудникот и ми предизвикува нагони за дресура на кучешки дресери за тепачки, као одмазда. Првата е дерење на кожата на живо на улични кучиња во Кина за производство на нелегално(?) крзно, еден документарец што ми ја уби неделата и ме расплака.

Нажалост не сум чула дека постои закон против ваквите тепачки. А и да постои, не верувам дека у државичево наше мило би функционирал.
Не сум присуствувала лично на тепачки со кучиња, не ни сакам, ама сум гледала на ТВ, постои ли подебилна и посурова работа?

Ти ебам хомо-сапиенсите што цел живот се филмаат дека можат да изиграваат Бог.

Баш гладијаторство, дури и бетер. Како да се спречи? За жал, освен беспомошно да ги пцујам, друга идеја за превенција не ми текнува. А тие на кои ми текнува нажалост се тешко изводливи, да не речам невозможни.

Скул, тешко дека постои власт кај што би можела да го пријавиш дегенот. Ама затоа имам една багра рекетари у маало, викај ако му имаш адреса. :)

Се изнервирав.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Тоа се луѓе без мозок и без емоции.Тешко дека можат да се стават во категоријата луѓе.

Имам слушнато за овие борби и ми се гади од помислата.Не ми е јасно како можат да ја поднесат таа ужасна глетка.Ама како што реков,тие немаат чувства,битно им е само кучето да победи,за да земат пари.Мислам дека илегално и дека има закон,ама само мислам,не сум баш сигурна.
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Дебилија!
Нажалост не сум чула дека постои закон против ваквите тепачки. А и да постои, не верувам дека у државичево наше мило би функционирал.
Па у глобала борбите со кучиња се еден вид на комар, така да колку што знам полиција реагира доколку се пријави ваква работа
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Тоа се луѓе без мозок и без емоции.Тешко дека можат да се стават во категоријата луѓе.

Имам слушнато за овие борби и ми се гади од помислата.Не ми е јасно како можат да ја поднесат таа ужасна глетка.Ама како што реков,тие немаат чувства,битно им е само кучето да победи,за да земат пари.Мислам дека илегално и дека има закон,ама само мислам,не сум баш сигурна.
Трагичното е што не го прават ова само за пари, туку уште потрагично- за забава.

Па у глобала борбите со кучиња се еден вид на комар, така да колку што знам полиција реагира доколку се пријави ваква работа
Ова искрено ме радува.
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
А да ве прашам, што не отворивте тема за бокс? И таму се тепаат живи суштества, нема врска на колку нозе одат...
 

Commando

Единство-Активизам-Сила
Член од
12 јули 2007
Мислења
426
Поени од реакции
2
Кучињата ќе си останат кучиња.......ако некој знае каде има борби нека пише...ја имам големо куче,па да го испробам........
 

Clarkii

Hold me,Thrill me,Kiss me,Kill me
Член од
13 август 2007
Мислења
252
Поени од реакции
4
А да ве прашам, што не отворивте тема за бокс? И таму се тепаат живи суштества, нема врска на колку нозе одат...
Разликата меѓу боксот и борбата на кучиња е шо боксерот сам си одлучил дека ќе биде боксер и ќе боксува а кај кучињата одлучува човекот.
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Кучињата ќе си останат кучиња.......ако некој знае каде има борби нека пише...ја имам големо куче,па да го испробам........
Јас ќе ти кажам кај да го испробаш и ќе ти викнам полиција. Смеам да ти се смеам дур ти го шурат газето со казна?

ПС.Ај ќе те банирам од темава, а ако продолжиш да какаш и на останатите теми во Животни, полека полека од цел подфорум ќе те банирам.:vozbud:
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Разликата меѓу боксот и борбата на кучиња е шо боксерот сам си одлучил дека ќе биде боксер и ќе боксува а кај кучињата одлучува човекот.
Стаи две кучиња без ум, исто како што се боксерите без ум, па ќе видиме дали ќе се истепаат или не. Нема разлика.
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Стаи две кучиња без ум, исто како што се боксерите без ум, па ќе видиме дали ќе се истепаат или не. Нема разлика.
Како нема разлика бе Фантоме? Кај кучињата проста е работата-ако не се „мирисаат“ ќе се здават. Кое прво зацвили е лузер и автоматски другото се трга и е победник. Инстинктивно го прават тоа, наречи го природна борба за превласт.

Има кучиња што колку и да ги тераш нема да се здават.

Поената е што тие дегени с`скаат две невини створења и ги тераат да се изедат до смрт.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom