Бонсаи (одгледување бонсаи)

T

Tetro

Гостин
Бонсаи се мали дрва што бараат посебна нега и специфичен начин на третирање. Треба да го знаете типот на дрвото и местото каде треба да се чува. Многумина сметаат дека бонсаи се чува само во затворени простории, но меѓу нив има и такви што најдобро се приспособуваат на животот надвор.

Во однос на полевањето со вода, постои специфичност и тоа според годишните времиња. Во пролет и есен треба да се полева рано наутро, во лето попладне, додека, пак, во зима поретко полевање, не мора да се полева секој ден. Во однос на водата треба да се внимава да не е премалку, бидејќи во тој случај дрвото ќе дехидрира и ќе се исуши, ниту, пак, премногу, зашто ќе скапе од преголемата влага. Садот во кој го чувате вашето бонсаи треба да биде со дупчиња и без тацна или подлога, бидејќи не треба да ја задржува водата што му ја давате. Освен секојдневното полевање, на неколку денови треба да ги навлажнувате и ливчињата со прскалка.

Со инсектите и болестите што можат да го нападнат дрвото, се справувате со соодветен потхранувач кој можете да го купите во кој било расадник и со соодветно третирање. Една од најважните работи на кои треба да се внимава при одгледување бонсаи е неговото пресадување. Тоа треба да ви биде практика на секои две до три години. Се пресадува исклучиво во пролет, во сличен сад како претходниот во кој сте го чувале. Земјата за пресадување не е каква било, туку специјална мешавина што можете да ја најдете во расадниците каде што одгледуваат и се продаваат бонсаи.

Обликот на дрвото зависи од вас, бидејќи вие сте тие кои ќе го поткаструваат и кои ќе му даваат облик. Бара многу време, внимание и нега, но резултатите се зачудувачки.

Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Види,убава работа ама бара доста напор,трпение а и доста треба да уложиш во тоа,но сето тоа ќе ти се врати после некое време.
 
Член од
20 јануари 2011
Мислења
46
Поени од реакции
1
Јас многу време сакам вакво да купам ама незнам каде можам да најдам да си купам и отприлика колку пари ако знаеш фала унапред
 
MakeLOVEnoTwar

Љуби без оглед на се’
Член од
10 декември 2010
Мислења
213
Поени од реакции
114
Многу ми се свиѓа бонсаито како холти активност и дефинитивно е уметност
уживам во гледање . .
и браво за тие што се занимаваат со одгледување бонсаи, btw подобруваат и некои свои карактеристики: истрајноста, посветеноста и љубовта кон природата :)
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Јас си купив вештачки од Веро плус и ги намирисав со Глејд па сега се две во едно:D, искрено сакам да одгледувам ама навистина мислам дека немам доволно вештина, ниту стрпливост за вакво нешто.
 
Член од
17 јули 2012
Мислења
21
Поени од реакции
23
Малку е подзаборавена темава, ама еве и јас ќе пишам, јас имам три бонсаи ама не од атрактивни тропски видови, туку од листопадни дрвца случајни никнати во дворот, и искрено кажано им немам пружено многу нега а сепак се во ред, зело зимо ги оставив надвор на тераса и сега пријатно ме изненадија кога видов дека веќе развиле пупки. :)
 
Теодор006

Научник
Член од
25 август 2013
Мислења
270
Поени од реакции
111
каква земја треба? На интернет пишуваше мешавина на еднакви делови од песок и два збора што не ги разбирам, peat and loam. Може малку помош?
 
Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
каква земја треба? На интернет пишуваше мешавина на еднакви делови од песок и два збора што не ги разбирам, peat and loam. Може малку помош?
Peat e Тресет, а loam не сум сигурен, најверојатно е исто некоја врста на земја или можеби глина.
 
Теодор006

Научник
Член од
25 август 2013
Мислења
270
Поени од реакции
111
То loam ко шо гледам се состоело од скоро еднакви делови песок, глина и тиња. Конечно можам да направам земја за бонсаи, набавив млади дабови дрвца.
--- надополнето: 27 септември 2013 во 10:13 ---
То loam ко шо гледам се состоело од скоро еднакви делови песок, глина и тиња. Конечно можам да направам земја за бонсаи, набавив млади дабови дрвца.

A кај се наоѓа ваков shit низ Маусдониа?
Мислам не се наоѓа, треба да направиш...
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.314
Поени од реакции
2.840
Конечно најдов тема за бонсаи но некако слабо активна. Годинава поточно пред некоја недела сакам да почнам со ова и за почеток најдов дрво од костен. Во природа најдов едно стебло поголемко кое од страната има нови потпораснати гранчиња. Стеблото го скратив и би го користел за како столб а за обликување покасно малите нови израстоци. Сега го ставив во обична саксија за да се “фати“ да видам. Инаку по други сајтови што барав препоручуваат кастрење на корен и дрво е препорачливо во подоцна есен затоа што дрвото тогаш оди во “хибернација“ и нема многу стресови. Од корените се кратат дебелите жили а оние како влакна малите се оставаат и се најбитни. Тоа го направив за сега и ќе видиме до пролет како ќе биде. Инку наводнувањето мислам дека зависи и од типот на дрвото. За ова планирам 1-2 месечно. За земја ставив хумисна но незнам дали тоа е паметно но посебна земја во Тетово за бонсаи нема, а не се разбирам премногу така да ќе видам.

И дали некој знае каде има садови за бонсаи во мк да се продаваат затоа што кај нас само пластични саксии може да најдам. Или пак се мислам да најдам некој грнчар (доколку има такви со тој занает) да направи по нарачка.

Ако има и некои други кои се бават со ова не е лошо да ја живнеме темава...
 
Јас минатата есен почнав со бонсаи од даб, арно ама татко ми мислел дека ми се за расад и ги изнесол надвор на студот во зимата, така ми се зафркнаа. Оваа година пак ќе пробам да ги насадам, најдов дрвца. по леснотија за одгледување се наредени вака...
прв степен - Даб, Црн бор ...
Втор степен - Костен, смрека, липа...
Трет степен (тешки) - Бел бор...
Ако не те мрзи, можеш да направиш самиот во посакувана форма, ако најдиж глина од некоја цвеќара или од кај некој човек што продава глинени предмети. Земјата треба да биди составена од еднакви делови песок, тресет и кафеница.
П.С. не знаев дека биле поважни танките жилички од главниот корен. И ко чо викаш треба да ја живнеме темава, прилично запоставена е. http://bonsaiexperience.com/

знајте каде има овакво цвеќе?
Не се продава никаде како што знам во македонијава, ама има во други држави. Патем, тоа не е цвеќе.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom