Олимпија
Македонија во срцето!!!
- Член од
- 26 март 2008
- Мислења
- 5.624
- Поени од реакции
- 9.146
Со 394,6 км2 Брач е најголемиот далматински остров и трет по големина на Јадранот. Во Брач има повеќе од 20 населби, а меѓу туристите најпознато место е Бол.
Името Бол е добиено од латинскиот назив vallum што значи "погреб" или "земјен бедем".Бол е најстара крајбрежна населба. Се наоѓа во средишниот дел на јужната страна од островот Брач, протегајќи се неколку километри низ морскиот раб. Место изградено од камен и мермер во кое сеуште живее рибарски дух и преполно со стари куќи и згради.
Некогашната рибарска населба, денес претставува БИСЕР на хрватскиот туризам, кој може да смести 10 000 туристи. Со својата убавина, бројните плажи, културни содржини, гостољубивост и квалитетно сместување, хотелско и приватно (апартмани и вили), Бол е прекрасен избор за вашиот одмор.
Западно од Бол, се наоѓа едно од најголемите и најубавите природни атракции на Јадранско Море – плажата Златен 'рт, уникатен географски феномен кој секогаш ги остава туристите без здив. Како што велат мештаните на Бол “ Мало место за голем одмор”.
Плажата Златен 'рт се пружа речиси половина километар во синото море. Поради морските струи и бранови се менува врвот на плажата. Покрај големиот број ресторани и кафичи, во централниот дел на плажата постојат и стогодишните борови дрвја кои во жешките летни денови обезбедуваат засолниште од топлото сонце.
Сте го посетиле ли Бол? Како се движат цените за престој, храна? Каков е ноќниот живот?Сите впечатоци, искуства и коментари се добредојдени