Munze
Dr. Oetker
- Член од
- 21 јули 2020
- Мислења
- 203
- Поени од реакции
- 195
Покрај забите и гингивата кои се неминовно битни јазикот е исто така битен сегмент од оралната празнина во смисла што можеме да извршиме самопреглед како на цела орална лигавица така и на јазикот со цел пронаоѓање промени, во бојата, елевации (издигнувања) итн...
Болестите на јазикот можат да бидат наследни за кои нема да пишам нема да ги набројам бидејќи често се појавуваат со поедини синдроми (и смета дека не е релевантно да стане до толку збор) и не се патогномонични (патогномонично значи карактеристично за некоја состојба/болест - како што пародонталниот џеб е патогномоничен за пародонтопатија односно се јавува само кај оваа болест и со негово дијагностицирање сме поставиле веднаш дијагноза (најчесто) на пародонтопатија). Со дијагностицирање на развојните аномалии на јазикот може да допринесеме до дијагноза на некои од синдромите (генетски-пример кај Даунов синдром макроглосија - зголемен јазик).
Поважни се стекнатите состојби на јазикот односно воспалителните промени.
Глоситис (glossitis) зе воспалителни промени и главно се манифестираат како делумен или целосен недостаток на папилите односно на јазичниот покривач. Причините се бројни да не трауматизирам. Може да се појават како резултат на хронична траума (некои остри рабови на некоја реставрација - пломба или некој заб кариозно деструиран итн како и некои дентални лекови), понатаму како резултат на нутритивен дефицит и хематолошки абнормалности (многу битно). Тука веднаш ќе ја спомнам дефицитот на некои од витамините од Б групата како причина за глоситис., поточно со појава на атрофија, црвенило и болка кои се типични. Понатаму дијабетесот и хроничната кандидијаза се поврзуваат исто со некои состојби како централна атрофија на јазикот или атрофичен глоситис итн...
Глоситис како реакција на одредени лекови исто така важно, глоситис како резултат на инфективни болести. Ова е за глоситите како воспалителни промени накратко.
Друг важен проблем кој исто спаѓа во оваа категорија на стекнати промени или состојби на јазикот се т.н. бели лезии на јазикот кај акутната пресудомембранозна кандидијаза, кај орален лихен рубер, леукоплакија итн...
Ligua geographica или мигрирачки глосит. Познат како географски јазик. Подолу ке има слика. Честа состојба. Се поврзува и со Helicobacter pylori односно пациенти позитивни на таа бактерија во желудникот често се пропратени со овој проблем на јазикот. Понатаму се појавува кај деца кои се во пролазен стадиум на имунодефициенција.
Има доста промени на јазикот кои можат на време да укажат промени кои се случуваат во остатокот на телото. Не спомнав за глосодиниа жарење и печење на јазикот исто феномен да го наречам ајде кој верувам дека некои го имате искусено а нема некоја посебна причина етиолошка за негово појавување за таа жаречка сензација. Подолу ќе следат интересни фотки со цел визуелизација за тоа колку е битно прегледот на јазикот и негово четкање дури ги четкаме забите. Тоа го потенцирам постојано.
Географски јазик баш така како да изгледа како географска карта по што го добил името. Ги забележувате црвените папили кои се елонгирани и хипертрофирани.
Опис на фотографиите со промените на јазикот напишани од лево а горе десно можните причини и поврзани системски состојби со промените на јазикот.

Последно уредено: