Бокс

Член од
29 септември 2017
Мислења
178
Поени од реакции
102
Овој Руждија Калач не беше најдобар во МК? Кажете кој клуб е негов :)
https://youtu.be/YKthYcE7MlI
Еј, Калач го заборавив. Неговиот клуб мислам се викаше БК „Скопје“, во Автокоманда се наоѓа. Ама не знам дали уште е тој тренер или некој од неговите ученици.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.860
Еј, Калач го заборавив. Неговиот клуб мислам се викаше БК „Скопје“, во Автокоманда се наоѓа. Ама не знам дали уште е тој тренер или некој од неговите ученици.
Врв е човекот, изгледајте го видеото посебен интелект за бокс има.. резултатите на учениците доволно кажуваат за него. ;)
 
Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.345
Кој му курац бе на овој Милер говедово, недозреано. Мисли дека нешо е фаца ако се курчи нешто психолошки ќе му делува ли...бооо од кожа ме вадат да можам ја би му ја учукала една.
Ма нека го срамни бе, иако мислам дека ќе е борбава ептен напета.
 
Johnny B

Психопат
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.094
Поени од реакции
9.679

Што напета, добива Џошуа со нокаут. Лесно ќе го истепа не е овој мерило[DOUBLEPOST=1550886290][/DOUBLEPOST]Obviously I wasn’t a world champion at the time, he came over to Morecambe and we sparred at a local gym.

“I’m not going to go into too much detail, but I hired him for two weeks sparring, I ended up sending him back home after one day sparring.
“I put him down seven times in the first spar and I sent him home packing back to the USA.”

Фјури го има изјавено ова за Милер :pos:
 
Последно уредено:
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Милер служи само за промоција на Џошуа во Америка ништо повеќе. Ќе биде нокаутиран прилично лесно. Може и да го врати во кикбокс :D

Мислам дека Џошуа требаше да боксува со Ортиз, така ќе направеше подобра промоција во Америка и плус ќе направевме компарација како Џошуа се справува со Ортиз наспроти Вајлдер.

Џошуа ќе си ги кренеше акциите против Ортиз вака против Милер само може да изгуби ако не го нокаутира лесно.
 
Johnny B

Психопат
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.094
Поени од реакции
9.679
Фјури- Вајлдер откажано :mad:
Против други противници ќе боксувале, а можеби при крајот на оваа година ќе има римеч
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Фјури- Вајлдер откажано :mad:
Против други противници ќе боксувале, а можеби при крајот на оваа година ќе има римеч
Тоа е, си ги дигнаа акциите двајцата и сега не им е толку битно да влагаат во мега фајтови.
 
Johnny B

Психопат
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.094
Поени од реакции
9.679
Тоа е, си ги дигнаа акциите двајцата и сега не им е толку битно да влагаат во мега фајтови.
Ова не ми се допаѓа во боксот. Не само што овие треба уште еднаш меѓу себе да боксуваат туку и двата по еднаш треба против Џошуа за да видиме кој е најдобар. Како тргнало никогаш нема да се судрат.
А кога го спомнав Џошуа, тој боксуваше против Поветкин во септември. Наредно требаше во април ама еве презакажал за во јуни. Тоа се 9 месеци. Нели треба во рок од 7 да ги брани појасите?
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Ова не ми се допаѓа во боксот. Не само што овие треба уште еднаш меѓу себе да боксуваат туку и двата по еднаш треба против Џошуа за да видиме кој е најдобар. Како тргнало никогаш нема да се судрат.
А кога го спомнав Џошуа, тој боксуваше против Поветкин во септември. Наредно требаше во април ама еве презакажал за во јуни. Тоа се 9 месеци. Нели треба во рок од 7 да ги брани појасите?
Како што гледам, тоа што Фјури потпишал за ESPN и Топ Ранк ги искомплицирало работите. Потпишал договор за 5 борби и не сакаат да го фрлат одма против Вајлдер за евентуално ако биде брутално нокаутиран да му падне вредноста за останатите четри.
 
Johnny B

Психопат
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.094
Поени од реакции
9.679
Како што гледам, тоа што Фјури потпишал за ESPN и Топ Ранк ги искомплицирало работите. Потпишал договор за 5 борби и не сакаат да го фрлат одма против Вајлдер за евентуално ако биде брутално нокаутиран да му падне вредноста за останатите четри.
Добро, јасно ми е мене дека се е за пари ама претеруваат[DOUBLEPOST=1551501120][/DOUBLEPOST]И нека боксуваат против поасални противници, Паркер, Ортиз, Поветкин итн не против ботови
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Добро, јасно ми е мене дека се е за пари ама претеруваат[DOUBLEPOST=1551501120][/DOUBLEPOST]И нека боксуваат против поасални противници, Паркер, Ортиз, Поветкин итн не против ботови
Има шпекулации Усик vs Поветкин :D Тоа е малце тежок тест за Усик како за прва борба во тешка категорија.
 
Johnny B

Психопат
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.094
Поени од реакции
9.679
Има шпекулации Усик vs Поветкин :D Тоа е малце тежок тест за Усик како за прва борба во тешка категорија.
Знам ама се надевам нема да боксуваат меѓусебе :coffee: Ги поштовам двата. Усик сакам со некој како Дилијан Вајт. Поветкин.....зошто да не против Вајлдер? :icon_lol:
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Знам ама се надевам нема да боксуваат меѓусебе :coffee: Ги поштовам двата. Усик сакам со некој како Дилијан Вајт. Поветкин.....зошто да не против Вајлдер? :icon_lol:
Мислам дека на Усик му треба некој полесен противник за да се истестира колку може да направи во тешка категорија. Некој како Вајт може да му дојде премногу а не па Вајлдер.
 
Johnny B

Психопат
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.094
Поени од реакции
9.679
Мислам дека на Усик му треба некој полесен противник за да се истестира колку може да направи во тешка категорија. Некој како Вајт може да му дојде премногу а не па Вајлдер.
Добро, имаш поента :D
А за Вајлдер мислев Поветкин против него. Нели еднаш одложија....сакам да се судрат пред да се пензионира Саша
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Добро, имаш поента :D
А за Вајлдер мислев Поветкин против него. Нели еднаш одложија....сакам да се судрат пред да се пензионира Саша
А да, Поветкин против Вајлдер би било интересно. Првиот пат се откажа поради тоа што Поветкин тестираше позитивно за допинг. Но би сакал да го гледам тој фајт и покрај тоа што Поветкин веќе влага во години. И Вајт против Вајлдер не би било лошо. Вајт мислам дека има поголеми шасни да го победи од Поветкин. Заебано лево кроше има Вајт.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom