џимеј
џимилино
- Член од
- 4 март 2007
- Мислења
- 10.350
- Поени од реакции
- 25.009
Насловов на темава мислам дека вака е најдобро формулиран и разбирлив. По многу изгледани акции, трилери и научни фантастики, случајно дојдов до идеја како подобро да се да се помине пред Новогодишниот период и сета таа напнатост и празнична еуфорија.
Наредниот месец по телевизиите ќе даваат едно те исто - на А1 ќе оди Гладијатор, на Сител ќе го даваат Мумија, а на хрватската ќе ги прикажат во еден ден сите три дела на Полицаецот од Беверли Хилс.
Темава би послужила за сите оние кои сакаат да сменат нешто и да изнајмат од двд-тека или спуштат од интернет.
29th Street, филмов, иако со не толку познати "фаци" во кастингот, дефинитивно ми е еден од омилените. Станува збор за човек кој добива 6 милиони долари на Божиќ. Базиран врз вистински настан.
The Ice Harvest, интересна трилер/комедија со Џон Кјузак и Били Боб Торнтон (Bad Santa, добра препорака со споменатиот претходно актер).
Christmas Vacation, секој има различна смисла за хумор, но мислам дека овој филм дефинитивно ми е меѓу најомилените комедии. Иако постар, не е пречка за да се гледа во Јануари.
Омилен филм во кој владее ваков расположлив дух? Препорака што е вредно да се изгледа по сериозно напнатите филмови?