Божиќни/Новогодишни филмови

џимеј

Модератор
Член од
4 март 2007
Мислења
9.588
Поени од реакции
20.652
Насловов на темава мислам дека вака е најдобро формулиран и разбирлив:). По многу изгледани акции, трилери и научни фантастики, случајно дојдов до идеја како подобро да се да се помине пред Новогодишниот период и сета таа напнатост и празнична еуфорија.

Наредниот месец по телевизиите ќе даваат едно те исто - на А1 ќе оди Гладијатор, на Сител ќе го даваат Мумија, а на хрватската ќе ги прикажат во еден ден сите три дела на Полицаецот од Беверли Хилс.
Темава би послужила за сите оние кои сакаат да сменат нешто и да изнајмат од двд-тека или спуштат од интернет.

29th Street
, филмов, иако со не толку познати "фаци" во кастингот, дефинитивно ми е еден од омилените. Станува збор за човек кој добива 6 милиони долари на Божиќ. Базиран врз вистински настан.
The Ice Harvest, интересна трилер/комедија со Џон Кјузак и Били Боб Торнтон (Bad Santa, добра препорака со споменатиот претходно актер).
Christmas Vacation, секој има различна смисла за хумор, но мислам дека овој филм дефинитивно ми е меѓу најомилените комедии. Иако постар, не е пречка за да се гледа во Јануари.:)

Омилен филм во кој владее ваков расположлив дух? Препорака што е вредно да се изгледа по сериозно напнатите филмови?:)
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.970
Поени од реакции
1.076
Многу убава тема, јас ги немам овие гледано, али филм кој ме потсеќа на Божиќ е САМ ДОМА 2, ви текнува?
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Уф колку само ги мразам филмовиве...Џимеј братко, фина е темата само до мене е сеа :smir:

Ај да објаснам малце...

Преку цела година даваат стандард филмови на сите телевизии,било дали се странски или наши, тоа не е ништо посебно али сепак еднаш у месецот може да се налета на некое екстра издание...Одеднаш доаѓа католички Божиќ и недела дена пред тоа поготово на хрватскиве почињаат со вакви филмчиња кои ја пропагираат таа американска совршеност, среќно семејство , сите се еуфорични поради празникот итн...Претставувањето на таквиот живот ми доаѓа како некое фалење на американскиот систем и сите тие нивни возвишени морални вредности кои сепак,да се сложиме , се многу извитоперени и преувеличени...Среќното семејство кое се буди на божиќното утро и кое ги гледа поклоните под елката е најголемо клише кое може да се замисли...

Се мешаат повеќе под-жанрови како романтична комедија, романтична драма, хуморна акција со пародични елементи...Не преферирам многу романтични драми и комедии а ги глеам само кога ми треба одмор на мозокот и неразмислување...У таков филм можеш да се исклучиш на пола саат и после кога ќе се вратиш ќе сфатиш дека ништо уствари не се десило...Како и да е, да не забегуваме...

Од вакви филмови го поштуем само Бед Санта со Били-Боб, пошо мислам дека тоа му е една од најгенијалните улоги а и добро ме насмеал...Друго нешто слично не ми останало во сеќавање пошо секоја година идат различни наслови со иста содржина и различни глумци и темите се повторуваат...
 

ZACKY VENGEANCE

chuck SUCKScorey ROCKS
Член од
25 ноември 2008
Мислења
226
Поени од реакции
16
BLACK CHRISTMAS , ГЛЕДАЈТЕ ГО НЕМА ДА ЗАЖАЛИТЕ.
ИНТЕРЕСНО ФИЛМЧЕ.
МАЛЦЕ СТРАШЕН АМА САМО ЗА ОНИЕ ШТО ИМ Е СТРАВ ОД ХОРОРИ.
:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 

klime7

vending
Член од
6 ноември 2007
Мислења
1.241
Поени од реакции
52
Ако сте ги прoпштиле 3-те дела од Look Who Talking, обавезно да ги гледате :pos:
Најмногу ме потесеќаат на детските денови околу Божиќ :)

Од поновивe, Bad Santa ми е еден од омилените Божиќно-Новогодишни

 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.013
Поени од реакции
10.788
Serendipity. Далечната 2002 го гледав за нова година и секогаш ме потсетува на мирисот на новогодишната еуфорија. Тука би го додал Сам дома 1 и 2.
 

leila

.o0
Член од
10 октомври 2008
Мислења
862
Поени од реакции
46
Многу убава тема, јас ги немам овие гледано, али филм кој ме потсеќа на Божиќ е САМ ДОМА 2, ви текнува?
jas si gi simnav sam doma i 1 i 2, uzivam da si gi gledam praznicive, samo da ima sneg za poubava atmosfera :)
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.067
Santa Clause 1,2,3 сите кои имате помали браќа и сестри,а и баш онака носи новогодишен дух.
Дека сите кул филмови веќе сте ги набројале :(

Иначе,и How the Grinch stole Christmas е исто така одличен филм со Џим Кери во главната улога.
 
K

kaiser soze

Гостин
A Christmas Story(1983) е многу интересна филмска приказна за згодите и незгодите на едно Американско семејство за време на божиќните празници.Би им го препорачал филмот на сите.
 

Вокерка

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.237
Поени од реакции
4.577
A Dennis the Menace Christmas

Ако ви текнува на тоа малото, русо детенце што правеше белји, е сега овој филм му доаѓа како продолжение нешто. Од 2007 год. е и настаните се одвиваат на Божиќ и се чувствува таа зимска, новогодишна атмосфера.
Не е лош, интересно е да се погледне.
 

џимеј

Модератор
Член од
4 март 2007
Мислења
9.588
Поени од реакции
20.652
Да си ја воскреснам темава. Оваа година немам никаква идеја за овој период.
Единствено нешто што го разгледав низ имдб и ми фати око е ова
http://www.imdb.com/title/tt1067106/
Ама како што барав, не начекав сјајна слика, барем двд рип.

Океј, и онака ова беше онака-кажано, предложите нешто што не е погоре спомнато, било ново, било старо.
 
На врв Bottom