Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.814
Поени од реакции
10.946
Направи си математика кога сакаш да излегуваш и ќе знаеш од кога да почнеш.
Не знам првиот пат што си земал, кога си почнал, каква ти била исхраната и тренинг програмата, али со паметно играње се ставаат тие килограми, проблем е што е напорно и што ќе ти земе многу пари за храна и хемија.

На 2-3 цм поголема висина пред 5 години бев потежок скоро 5кг со сличен процент на масти како што си ти на сцена, не излегов да се такмичам туку тоа го правев чисто за себе, инаку до тоа ниво стигнав без никаква хемија, само суплементи+храна ама ме кошташе упм и живеев како монах 3 години, така да верувај и до Април се стига до таа килажа.
За себе е и ова :D Натпревар не-натпревар.
 
Член од
25 септември 2016
Мислења
827
Поени од реакции
1.031
Честитки до @AceCeleb за својот труд кој го вложил и нормално за личниот успех.

Нема да критикувам бидејќи знам дека кај нас бб и фитнес се сеуште е табу тема, но разочарувачка е бројката од 25 натпреварувачи, девојките не ни требаше да добијат медали дипломи и што ти знам уште не... Бидејќи се натпреваруваја сами со себе секоја во посебна категорија, но во секој случај до година се надевам дека ќе живне атлета и купот на Македонија...

BTW дечкиве што се над 178 колку се високи? Бидејќи го гледам дечкото со бордиот/лилавиот шорц е нешто малку повисок од тебе?
 
Фала ти :) Не знам колку се, мислам дека не беа повеќе од 180цм. Инаку едниов тој до мене таква позиција има фатено, многу е наведнат и делува дека не е многу повисок, а јас сум со прави нозе, речиси целосна висина имам тука, а и другиот е со нешто поспуштен став, зависи и перспективата на фотката...
За тоа дали не требале да земат медали, сепак не се согласувам, не се они криви што не се пријавил друг некој, е сега колку е некој исполнет да добие медала без борба, зависи од човекот... Јас не би бил, би сакал да победам барем еден човек, затоа мислам да излезам пак, здрави живи да сме.
Претходната година имаше доста повеќе натпреварувачи особено од девојките, годинава нагло се скратија некако, штета.

Еве линк со подобри фотки, од апарат.

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.609
Поени од реакции
34.835
@AceCaleb се консултираше со некој во текот на припремите, или чисто сам се спремаше?
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.814
Поени од реакции
10.946
@AceCaleb се консултираше со некој во текот на припремите, или чисто сам се спремаше?
Да, човекот каде што вежбам. Александар Трајковски ме спремаше. Неколкукратен шампион во Македонија и Балкански. Категорија класик.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.609
Поени од реакции
34.835
Честитки до @AceCeleb за својот труд кој го вложил и нормално за личниот успех.

Нема да критикувам бидејќи знам дека кај нас бб и фитнес се сеуште е табу тема, но разочарувачка е бројката од 25 натпреварувачи, девојките не ни требаше да добијат медали дипломи и што ти знам уште не... Бидејќи се натпреваруваја сами со себе секоја во посебна категорија, но во секој случај до година се надевам дека ќе живне атлета и купот на Македонија...

BTW дечкиве што се над 178 колку се високи? Бидејќи го гледам дечкото со бордиот/лилавиот шорц е нешто малку повисок од тебе?
Намерно го прашав @AceCaleb дали сам се спремал или му помогнал некој баш поради твоево мислење.

Нема да има голем број на натпреварувачи поради неколку причини: прво е скапо, второ припремите се апла напорни, трето-пари во ова нема, четврто новиете деца се уште повеќе тргнати на брзи резултати, брза слава, брзи пари и кога ќе сфатат дека со еден стероиден циклус и 12 недели натчовечки напори не стига како нивните идоли од јутјуб и мр олимпија се откажуваат. Да не правиме муабет за претходните години што треба да се конзистентни со тренинзи, исхрана и плус што треба и да имаш генетика за во овој спорт (што дел од натпреварувачите што ги гледам немаат генетика никогаш да стапнат на про натпревари од каде може да размислуваат за спонзори и заработка).

Е пример од погорните слики, дечкото со сивите шорцеви ја утнал категоријата, според тоа што видов требало да оди во другата категорија каде што победил Игор Божиновски.

Од билдерите уште во 2013та беше „оштетен“ со пласман Васко Мамучевски, па правеше пауза поради повреди и тн, па лани беше после Тоше Живков, а оваа година е апсолутен и според сликиве што ги видов единствен од мажите спремен моментално за на Дајмонд или пак за скоро да се надева на титула во повисоко натпреварување иако и тоа зависи од многу фактори.

Тоа ти се дел од причините зошто има толку малку натпреварувачи, не дека нема ок дечки по теретани, сум видел дури и родени да бидат во овој спорт со супер генетика и без стероиди со страшна форма, ама баш поради ова погоре никогаш не покажаа интерес за натпреварување.
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.607
Поени од реакции
11.149
Од кај може да се нарача онлајн добар појас?
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.609
Поени од реакции
34.835
Од кај може да се нарача онлајн добар појас?
Овој е добар

Или ако имаат достава тогаш овој
 
Член од
25 септември 2016
Мислења
827
Поени од реакции
1.031
За жал кај нас нема ништо квалитетно, сето е фушерај и ниска класа... Рачунај над 45 евра имаш царина (+10% на цената), а над 100 евра имаш и царина и данок (+28% на цената). Провери кај комшииве, дали има нешто?
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.814
Поени од реакции
10.946
Biotech USA каиш купен за 1200 денари го посрав од користење 5 години, уште ќе тера. Не знам колку скапи каиши ви се потребни...
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.609
Поени од реакции
34.835
Biotech USA каиш купен за 1200 денари го посрав од користење 5 години, уште ќе тера. Не знам колку скапи каиши ви се потребни...
Квалитетна пратка си начекал :) јас од Biotech го испукав за неполни 2 години, плус уште после 6-7 месеци користење рѓоса целиот на металните делови и ми ги заеба маиците, па се заебавав го премачкував со лак за да можам да го носам.

Инаку има разлика од појас до појас и како ќе ти лежи на половината, ширина, и тн. имам пробано профи појас за пауерлифтинг (Titan Longhorn) пред 2-3 години и буквално се залепи на мене, немаше шуплина на половината како што оставаат овие обичните појаси што ги купуваме за 1000че.

Али во глобала не ви ни треба појас ако не форсирате со пауерлифтинг/стронгмен/кросфит. Еве скоро цела година вежбам без појас, прекинав да форсирам големи тежини поради повредата на кичмата (што патем ја направив и со појас на мене) и не чувствувам никаква потреба за дополнителна поткрепа на половината. Само внимавање повеќе при изведба на било какво влечење со шипка/бучици за грб (особено со еднорачен тег), културни тежини на чучањ и дедлифт и не ви ни треба појас, плус и ќе си ги заштитите лактите и зглобовите ако не се килавите со големи тежини.
 
Член од
26 октомври 2016
Мислења
1.910
Поени од реакции
1.377
Поубав кајш нема ни да се најди како оние од времето на ЈНА оние шо ги носеа во војска. Таков почнав да користам и баш е ок.:D
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.607
Поени од реакции
11.149
Мислите ќе ме царинат за еден појас ебаго?
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.607
Поени од реакции
11.149
Нема врска што е, штом надминува 45 евра иде на царинење.
Тој на последниот линк е 25 фунти, така да не надминува.
Ама најверојатно ќе земам од Бугарија, ептен се евтини.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom