Честитки до @AceCeleb за својот труд кој го вложил и нормално за личниот успех.
Нема да критикувам бидејќи знам дека кај нас бб и фитнес се сеуште е табу тема, но разочарувачка е бројката од 25 натпреварувачи, девојките не ни требаше да добијат медали дипломи и што ти знам уште не... Бидејќи се натпреваруваја сами со себе секоја во посебна категорија, но во секој случај до година се надевам дека ќе живне атлета и купот на Македонија...
BTW дечкиве што се над 178 колку се високи? Бидејќи го гледам дечкото со бордиот/лилавиот шорц е нешто малку повисок од тебе?
Намерно го прашав
@AceCaleb дали сам се спремал или му помогнал некој баш поради твоево мислење.
Нема да има голем број на натпреварувачи поради неколку причини: прво е скапо, второ припремите се апла напорни, трето-пари во ова нема, четврто новиете деца се уште повеќе тргнати на брзи резултати, брза слава, брзи пари и кога ќе сфатат дека со еден стероиден циклус и 12 недели натчовечки напори не стига како нивните идоли од јутјуб и мр олимпија се откажуваат. Да не правиме муабет за претходните години што треба да се конзистентни со тренинзи, исхрана и плус што треба и да имаш генетика за во овој спорт (што дел од натпреварувачите што ги гледам немаат генетика никогаш да стапнат на про натпревари од каде може да размислуваат за спонзори и заработка).
Е пример од погорните слики, дечкото со сивите шорцеви ја утнал категоријата, според тоа што видов требало да оди во другата категорија каде што победил Игор Божиновски.
Од билдерите уште во 2013та беше „оштетен“ со пласман Васко Мамучевски, па правеше пауза поради повреди и тн, па лани беше после Тоше Живков, а оваа година е апсолутен и според сликиве што ги видов единствен од мажите спремен моментално за на Дајмонд или пак за скоро да се надева на титула во повисоко натпреварување иако и тоа зависи од многу фактори.
Тоа ти се дел од причините зошто има толку малку натпреварувачи, не дека нема ок дечки по теретани, сум видел дури и родени да бидат во овој спорт со супер генетика и без стероиди со страшна форма, ама баш поради ова погоре никогаш не покажаа интерес за натпреварување.