Здраво дечки. Пред 5 месеци ги откажав цигарите после 20 години пушење. Претпоставувате, се напрајв ломбак (што би рекле ние прилепчани
). Сега сум 178 висок, 105 кг. тежок. А септември сум Зет
Вчера се запишав во фитнес. Прв ден, ко изгубена честитка. Значи појма немам што да правам. Пред 15 години ко одевме во локални теретани се знаеше 3 справи се, и толку. Сега се 100, 80% не знам како функционираат.
Муабето ми беше, што предлагате како за почетник од аспект на вежбање (дали од се по малку, или етапно гради/бицепс па друг ден рамена/трицепс...) Дали со зголемување тежини, или само да буфтам со мали тежини колку што можам. Трчање на трака знам, 30 минути пред и 30 минути после тренинг планирам кардио.
Целта ми е да ослабам, и нормално ваљда со кревањето ќе се стегнам малку. Не мора мускули да ми се оцртува, али онака здраво да изгледам.
И околу искраната. Пред 4-5 месеци, докторката ми рече да сведам на минимум протеини, и башка пијав апчиња, бидејќи имав мочна киселина во крвта, и беше голема шансата да ми се појави Гихт. Е сега, од друга страна, знам дека е од исклучително значење протеинот, ако сакам да вежбам. Дали со вежбање се троши протеинот, па така го намалувам ризикот од гихт?
Од исхрана, што треба/ што не треба да јадам, за да ослабам?