Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

Член од
22 јули 2015
Мислења
607
Поени од реакции
493
И најпреценети чланарини, отвора теретана со десетина справи и сака да го извади влогот во една година, купил едвај 300кг тежини во цела теретана, 3-4 справи за кардио, а чланарина мин 20-30 евра месечно.[DOUBLEPOST=1557256214][/DOUBLEPOST]
Не сум го користел овој топач, али имам земено на времето други и мислам дека немаш потреба да земаш било каков топач, освен ако апла не ти менува секој ден разлика. Подобро држи диета плус 15 денови, отколку да земаш екстра топачи, ефектот е тој, според мое искуство само средена исхрана + кардио е полн погодок. Поголема разлика може да осетиш само од клен, ефедрин, т3 или gw501516, али сите се на другата страна од законот.
Како за почеток, dark side e права ствар.:pos:
 
Член од
16 мај 2016
Мислења
428
Поени од реакции
582
Што треба да јадам за да го изгубам стомакот, да се ослободам од beer belly? :D

Кои јадења треба да ги јадам повеќе, што треба да избегнувам?
 

storm03m

А.К.А Комплексаш
Член од
9 јуни 2018
Мислења
316
Поени од реакции
337
Што треба да јадам за да го изгубам стомакот, да се ослободам од beer belly? :D

Кои јадења треба да ги јадам повеќе, што треба да избегнувам?
Прашањето треба да гласи, што не треба да јадеш.
Па за почеток намали со слатки, торти, чоколади, чипсеви, грицки, па за некое време и престани да ги јадеш(освен во cheat day).
Соодносот од вкупниот дневен внес на калории во макронутриенти е јаглехидрати протеини и масти треба да биде 40%јаг. 30%прот. 30%масти.
Јади повеќе зеленчук за да ја заситиш гладта особено зелка ти е полн погодок, не овошје бидејки има шеќери(фруктоза).
И нормално треба да бидеш во калориски дефицит.
Ако сакаш да го скинеш belly beer, скрати го пивото.:D;)
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.680
Поени од реакции
2.508
Што треба да јадам за да го изгубам стомакот, да се ослободам од beer belly? :D

Кои јадења треба да ги јадам повеќе, што треба да избегнувам?
Има онлајн калкулатори. Пресметај колку калории ти требаат да одржуваш тежина. Од таа вредност намали 300-500 калории. Кардио ти е бонус.
Пошто не спомна дали сакаш мускул да клаваш, јади што сакаш освен ШЕЌЕР. Само ќе треба да си пресметуваш што јадиш и како јадиш. Од табели од интернет. Вага обавезно.
Пример мене ми требаат 2700 калории да одржувам моментално ако сакам да губам сало, намалувам на 2400-2200. Кардио мразам.
 
Член од
26 октомври 2016
Мислења
1.904
Поени од реакции
1.365
Online kalkulatorite se za da se izracuna od prilika kolku kalorii se potrebni koga si na kaloriski deficit sprema telesnata masa ali da se potpiras i da racunas celo vreme sprema kalkulatori e apaurt.
Nemozi kalkulatorot da ti izracuna kolku kalorii ti trosi teloto. Se odi na oset, sekoja nedela kratis po 250kalorii i sledis napredok. Ako nemrdas navaga, kratis uste 250kalorii.
 
Член од
14 октомври 2018
Мислења
346
Поени од реакции
424
Идам во теретана 1 месец, доста сериозно овој пат почнав со вежбање. Секој ден сум таму, освен во Недела. Ме интересира колку време е потербно за некакви видливи резултати, ако продолжам со ова темпо? Немам проблеми со дебелина.
 
Член од
19 февруари 2015
Мислења
1.772
Поени од реакции
2.075
Идам во теретана 1 месец, доста сериозно овој пат почнав со вежбање. Секој ден сум таму, освен во Недела. Ме интересира колку време е потербно за некакви видливи резултати, ако продолжам со ова темпо? Немам проблеми со дебелина.
Што јадеш?
 

storm03m

А.К.А Комплексаш
Член од
9 јуни 2018
Мислења
316
Поени од реакции
337
Идам во теретана 1 месец, доста сериозно овој пат почнав со вежбање. Секој ден сум таму, освен во Недела. Ме интересира колку време е потербно за некакви видливи резултати, ако продолжам со ова темпо? Немам проблеми со дебелина.
Па сето тоа зависи од исхраната и од програмата за вежбање. Ако ти се средени и двете работи очекувај за 2-3 месеци првични резултати(сила и маса).
Разлистај ја темата малце на назад има повеќе постови околу тренинзите и одморот.
 
Член од
22 јули 2015
Мислења
607
Поени од реакции
493
Идам во теретана 1 месец, доста сериозно овој пат почнав со вежбање. Секој ден сум таму, освен во Недела. Ме интересира колку време е потербно за некакви видливи резултати, ако продолжам со ова темпо? Немам проблеми со дебелина.
Точен одговор на твоето прашање можи да биди и 3 месеци и 5 години и никогаш.

Првен кажи што ти е целта, каква исхрана имаш, каква програма следиш, премногу си почетник за во 1 месец да одиш "доста" сериозно во смисла дека сеуште не си имал доволно време да ги совладаш основните движења и вежби и да имаш добра mind-muscle конекција.

Поздрав.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.366
Поени од реакции
38.343
Па и за месец би требало да има резултати ако идеш, сеа не толку видливи но сигурно мускулите се стегнати и не си повеќе желе бонбона.
 
Член од
14 октомври 2018
Мислења
346
Поени од реакции
424
Почнувам со степер 20 мин, потоа на соодветните справи( еден ден гради, наредниот грб, рамо, нозе, бицепс, трицепс - (сето ова од пред некој ден, до скоро секој ден ми беше ист и вежбав на исти справи за сите мускули)), стомачни правам секој ден, завршувам со точак 10 мин. Некаде вкупно околу 80 - 90 мин на ден, целиот тренинг.
Исхраната ми е иста како и пред да почнам да вежбам, но и секогаш сум внимавал на исхрана, само еден оброк на ден јадам леб, најмногу ако изедам пола леб. те. 200гр. 250 гр.
Не избегнувам месо, но и не го јадам секој ден. Овошје обавезно 1 дневно, киви, банани, јаболки. Јадам доста ореви, лешници, бадеми. Не знам дали е во ред но јадам и многу пуканки. Алкохол мнопгу ретко, во друштво кога не можам да избегнам.
Благо многу ретко, гледам да го избегнам. Кафиња исто многу пијам, користам стевиа како засладувач. Освен одење во теретана немам други физички активности, не пешачам, ни да користам велосипед - од кола не излегувам што е најверојатно многу погрешно. Може е и битно - 185 сум висок , 85 кг.[DOUBLEPOST=1558017744][/DOUBLEPOST]
Точен одговор на твоето прашање можи да биди и 3 месеци и 5 години и никогаш.

Првен кажи што ти е целта, каква исхрана имаш, каква програма следиш, премногу си почетник за во 1 месец да одиш "доста" сериозно во смисла дека сеуште не си имал доволно време да ги совладаш основните движења и вежби и да имаш добра mind-muscle конекција.

Поздрав.
Да зголемам мускулна маса, не ми се допаѓа како изгледам, но далеку од тоа да се посветам на ова професионално. За некаква специјализирана исхрана за билдери не сум ни размислувал.
 
Последно уредено:

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.602
Поени од реакции
11.144
Исхраната ми е иста како и пред да почнам да вежбам, но и секогаш сум внимавал на исхрана, само еден оброк на ден јадам леб, најмногу ако изедам пола леб. те. 200гр. 250 гр.
Не избегнувам месо, но и не го јадам секој ден. Овошје обавезно 1 дневно, киви, банани, јаболки. Јадам доста ореви, лешници, бадеми. Не знам дали е во ред но јадам и многу пуканки. Алкохол мнопгу ретко, во друштво кога не можам да избегнам.
Благо многу ретко, гледам да го избегнам. Кафиња исто многу пијам, користам стевиа како засладувач.
Лошо изгледа вака од прво читање, а богами и од второ.
Еден оброк на ден, пола леб, протеини нула.

Резултати не ми се верува за скоро да видиш, освен ако не смениш исхрана.
Додај протеини, кај ти се сурутката, месото, урдата, јајцата, туна?
 
Член од
14 октомври 2018
Мислења
346
Поени од реакции
424
Лошо изгледа вака од прво читање, а богами и од второ.
Еден оброк на ден, пола леб, протеини нула.

Резултати не ми се верува за скоро да видиш, освен ако не смениш исхрана.
Додај протеини, кај ти се сурутката, месото, урдата, јајцата, туна?
Тешко е овака на прва да набројам се, јадам се и сешто, секако и млечни производи и јајца и месо но не секој ден.
Ќе гледам да ја променам исхраната, не знам ништо за ова, го најдов овој линк https://friday.mk/5-obroci-za-gradenje-muskulna-masa-namaluvanje-masti/
 
Последно уредено:
Член од
25 септември 2016
Мислења
827
Поени од реакции
1.031
Една статија нема да те направи нутриционист, ниту фитнес тренер, како што една капка вода не го чини морето. Не можеш да учиш и да се водиш според текст објавен на сајт за мода, не го ни отворив текстот но знам што пишува... Јади пилешко, риба, јаткасти плодови, јајца, ориз, компир нели? Не е само јади, ти можеш да изедеш и кило стек денес, кило ороз и да изедеш кило јаткасти плодово. Дали тоа ќе те направи побрзо да стасаш до целта? Не, потребни се бројки после тоа што ти одговара, што не од што гледаш напредок, а што ти го кочи напредокот и така натаму... Ако не си подготвен да учиш и да се надоградуваш, не го троши времето залудно најди си некој што тоа ќе го направи место тебе. А резултатите зависат од многу фактори, пред се генетика па потоа исхрана, тренинг, одмор, стрес и така натаму...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom