Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Аргининот не предизвикува чешање, а ти ќе испаднеш на крај алергичен на таков тип на протеински напиток.
 
Член од
24 јуни 2009
Мислења
310
Поени од реакции
124
Дали има некаква разлика,конкретно за повеќе согорување на калории,дали трчаш брзо-по кратко време,или трчаш со помал интензитет-а подолго време ?

и дали има поголема разлика во согорени калории,трчање на лента,степер,точак ? во фаза на чистење сум,и обично кога сум во теретана трчам по 15-20 минути на лента со 10км/х али ме интересира дали има нешто друго за повеќе калории да изгорам на тренинг.
Со помал интензитет повеќе се согорува зошто подолго трае. Ако пример трчаш со висок интензитет 1 км за 5 мин. со низок истиот ќе го истрчаш за 10 мин. Вака на факултет ни кажуваа.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
1.082
Поени од реакции
447

за ова незнам дали ви кажале
http://en.wikipedia.org/wiki/Excess_post-exercise_oxygen_consumption
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Моментално неам време да читам википедиа,зошто на пример не пишеш у кратки црти тоа што го знаеш или што го прочита ? не знам што се научивте со линковиве,ако беше за тоа сите ќе гуглавме и ќе немаше потреба од форуми,за што цеф ќе ни е форум ако сите си читаме на англиски и на вики ?
 
http://forum.kajgana.com/threads/afterburn-effect.57275/
имаше тема за ова ја најдов да не се повторуваме
имав ја една програма за спринт трчања од амерички хокеари ако си заинтересиран ке ја пратам
 
Последно уредено:
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
S

Stef Bachatero

Гостин
Оваа статија може да ви ги отвори очите.

Во најновата студија на оваа тема, истражувачите од Државниот универзитет во Колорадо презентираа нови интересни податоци за бројот на согорени калории за време на тренингот и по завршување на истиот. За два дена колку што траеше испитувањето, субјектите кои учествуваа во студијата живееа во метаболичка комора. Едниот ден, тие изведуваа брз тренинг кој вклучуваше што е можно побрзо возење на стационарен велосипед во период од 30 секунди. Тие правеа вкупно пет брзи возења меѓусебно одделени со четири минутен период на обновување каде што возеа полека со многу мал отпор.
http://karas4training.com/mk/training/general/kolkav-e-efektot-na-sogoruvanje-posle-treningotepoc[DOUBLEPOST=1416441002][/DOUBLEPOST]
Со помал интензитет повеќе се согорува зошто подолго трае. Ако пример трчаш со висок интензитет 1 км за 5 мин. со низок истиот ќе го истрчаш за 10 мин. Вака на факултет ни кажуваа.
Да повеќе троши масти но тоа не значи дека и високо интензивниот тренинг нема придобивки ако можеш да го правиш.
Ако си почетник подобро е низок интензитет, а ако си веќе во крајната фаза на “чистење“ добро е да се инкорпорираат и двете.[DOUBLEPOST=1416441142][/DOUBLEPOST]
Го има тоа аргинин во протеинот? Јас пијам Карнивор, со месо што е протеинот. Зголемив на доза, наместо една, ставам по две дозерки а вода ставам исто како со една.
Во сите храни богати со протеини го има аргининот, особено највеќе во сојата.
http://nutritiondata.self.com/foods-000089000000000000000.html

Бета аланин предизвикува чешање ако се преконзумира над 2 грама во една доза.
Препорачано е да се конзумира по 1 грам на повеќе пати и препорачана доза е од 2-3 грама.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
1.082
Поени од реакции
447
неможам да ја најдам статијата ке ти го објаснам тренингот, значи ти треба штоперица да си земеш кога ке трчаш и почнуваш со 30 сек темпо па 20 сек шпринт, и тоа ти е еден круг, после секој нареден додаваш 30 сек темпо и 10 сек шпринт, значи вториот ке ти биде 1 мин темпо со 30 шпринт и така даље, доагаш до вкупно 15 мин време( ако си посремен можеш и до 20 да одиш ) и нозете сами ќе ти одат :) за почеток ако не си трчал шпринтови ќе трчаш средно кон брзо темпо
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Јас бидејќи 3 пати неделно имам џит кун до тренинг каде се топат многу калории,башка не сум почетник,4та година тренирам,значи давам максимум на тренинзи не си идам суф од тренинг, и 3 пати теретана идам,во различни денови.Ми треба нешто што во тие денови во теретана,би го правел како + кардио,ако правам ХИИТ(бидејќи ова е уствари тоа) мислам дека ќе бидам многу уморен,со тоа што пон-среда-сабота имам џит кун до,вторник-четврток-недела сум во теретана.

Значи,би трошел и калории доколку трчам со поспоро темпо/возам точак,но подолг временски период ?
 
би трошел, комбинирај ги двете најубаво хиит и low intensity на точак можеш
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Јас бидејќи 3 пати неделно имам џит кун до тренинг каде се топат многу калории,башка не сум почетник,4та година тренирам,значи давам максимум на тренинзи не си идам суф од тренинг, и 3 пати теретана идам,во различни денови.Ми треба нешто што во тие денови во теретана,би го правел како + кардио,ако правам ХИИТ(бидејќи ова е уствари тоа) мислам дека ќе бидам многу уморен,со тоа што пон-среда-сабота имам џит кун до,вторник-четврток-недела сум во теретана.

Значи,би трошел и калории доколку трчам со поспоро темпо/возам точак,но подолг временски период ?
Препорака до тебе, времето што го трошеше на тренингот инвестирај го во едукација за исхрана.
Се трошиш до максимум што е супер висок интензитет и не ти треба повеќе, ако сакаш да ослабнеш треба да внимаваш да си во калориски дефицит.
Тоа веќе го правиш со тренингот, но исхраната изгледа нешто не ти е во ред.
Или премногу конзумираш или неправилно ја комбинираш исхраната.
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Препорака до тебе, времето што го трошеше на тренингот инвестирај го во едукација за исхрана.
Се трошиш до максимум што е супер висок интензитет и не ти треба повеќе, ако сакаш да ослабнеш треба да внимаваш да си во калориски дефицит.
Тоа веќе го правиш со тренингот, но исхраната изгледа нешто не ти е во ред.
Или премногу конзумираш или неправилно ја комбинираш исхраната.
Дневно внесувам од 1800 до 2100 калории,а дневна потреба за да се одржувам ми е 3000 калории.Тоа се бајааги калории дефицит+ тренингот.Не знам стварно што правам грешно,иако да не зборам дека не ставам во уста се што е џанк фуд,не пијам ниту никакви сокови и сите такви празни калории не ги ставам во уста.Едино што морам да признаам е дека за овој месец ипол имам 3-4 пати јадено џанк фуд оброк,но поради тоа што сум бил на работа со вујко ми и на такви места нема бирање освен сендвичара,а си гладен ко вол затоа што си дигал кутии 6 саати,и на слава кај дедо ми што сум каснал нешто не дозволено.

Најверјоатно треба време,за овој месец ипол намалив 3-4 килограми,зголемив килажи на сите вежби(бенџ претходно 80 кг,сега сум на 95 кг 6 пати,мртво 100ка,чучањ 90) и по оцртани ми се мускулите но сепак остана стомакот и најмногу спољерите да ги симнам,таму се таложат 90% од сите калории вишок,за жал.
 
Многу тешко за време на толкав дефицит да имаш енергија.
Сигурно имаш внесено повеќе калории од колку што мислиш.
Што е следно?
Те поканувам на мојот настан да одвоиш едно 30 минути, колку што е едно време за едно кафе и ќе се запознаеш како и што грешиш.
Линк->https://www.facebook.com/events/477668369037946/?ref=5
Се надевам дека ќе ти помогне.
 
G

garthok

Гостин
Секој може да се здебели со јадење не треси зелени.
Лол точно ако ми даеш 200 евра само за селектирана храна. Суплементите знаат да бидат во некои случаеви поисплатливи. Ти не треси (од тоа теориите и скриптите од фак).
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Лол точно ако ми даеш 200 евра само за селектирана храна. Суплементите знаат да бидат во некои случаеви поисплатливи. Ти не треси (од тоа теориите и скриптите од фак).
Оф лелее. Проста математика да не се знаело да се направи шо е поефтино да видиш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom