Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Некој да предложи фин тренинг за раце ?
Треба за саат време да идам да вежбам раце, а мојот тренинг ми здосади.
 

vac 13

партизановец
Член од
21 мај 2008
Мислења
5.426
Поени од реакции
530
Има ли некоја теретана во Маџари или Автокоманда каде што има некој што би ми ги објаснил вежбите на почеток?
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Што мислите за теоријата на Scooby за истовремено градење мускул и топење на масти дали држи вода или се само куп BS
http://scoobysworkshop.com/gain-muscle-lose-fat/
посети и LeanGains .. Може зошто да не.. обично мислам дека е најдобро +3/200 калории на ден кога се вежба - 3/200 кога не се вежба...
 

Biljbilj08

1987
Член од
19 ноември 2011
Мислења
698
Поени од реакции
312
Има ли некоја теретана во Маџари или Автокоманда каде што има некој што би ми ги објаснил вежбите на почеток?
Во Автокоманда теретана Flex тој што седи во сепарето одма на влезот во теретаната можеш да го прашаш ке ти ги објасни вежбите, а во Маџари теретана Profi Body и таму мислам има кој да ти ги објасни... иначе ти од кај си?
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
704
Поени од реакции
260
Што мислите за теоријата на Scooby за истовремено градење мускул и топење на масти дали држи вода или се само куп BS
http://scoobysworkshop.com/gain-muscle-lose-fat/

посети и LeanGains .. Може зошто да не.. обично мислам дека е најдобро +3/200 калории на ден кога се вежба - 3/200 кога не се вежба...
Ако вчера си го вежбал мускулот него денес му требаат плус калории за да порасне,исто како вчера што му требале повеќе поради тренингот и поради тренингот што бил пред тој ден ако си го имал.Можеш да качуваш мускулна маса и да се држиш фит секако,но да намалиш до 2-3% бф и да качуваш мускул нема шанси.Сепак како што кажува Скуби тоа е само теорија.Јас лично не би ја применил.
 

vac 13

партизановец
Член од
21 мај 2008
Мислења
5.426
Поени од реакции
530
Во Автокоманда теретана Flex тој што седи во сепарето одма на влезот во теретаната можеш да го прашаш ке ти ги објасни вежбите, а во Маџари теретана Profi Body и таму мислам има кој да ти ги објасни... иначе ти од кај си?
Од Илинден сум па се мислам дали да одам со еден пријател во Гладијатори ама ако одам таму имам пешки да одам доста повеќе сега по топлово плус...
Иначе која е цената во овие 2 теретани ?
 

Biljbilj08

1987
Член од
19 ноември 2011
Мислења
698
Поени од реакции
312
Од Илинден сум па се мислам дали да одам со еден пријател во Гладијатори ама ако одам таму имам пешки да одам доста повеќе сега по топлово плус...
Иначе која е цената во овие 2 теретани ?
Во Маџари цената е 500денари месечно, а во Автокоманда во Flex е 750 месечно а за 2месеца ти е 1000ка, а за во таа Гладијатори незнам колку е цена
 

vac 13

партизановец
Член од
21 мај 2008
Мислења
5.426
Поени од реакции
530
Во Маџари цената е 500денари месечно, а во Автокоманда во Flex е 750 месечно а за 2месеца ти е 1000ка, а за во таа Гладијатори незнам колку е цена
700-800 е ,Оваа Флекс добра е ?
Која би ми ја препорачал ти.
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Ако вчера си го вежбал мускулот него денес му требаат плус калории за да порасне,исто како вчера што му требале повеќе поради тренингот и поради тренингот што бил пред тој ден ако си го имал.Можеш да качуваш мускулна маса и да се држиш фит секако,но да намалиш до 2-3% бф и да качуваш мускул нема шанси.Сепак како што кажува Скуби тоа е само теорија.Јас лично не би ја применил.
Секој со свое размислување и резултати.. : )
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
http://www.bodybuilding.com/store/cs/monstermilk.html

Момци ми падна во очи ова па да прашам - ќе ми прават проблем ако го нарачам преку нет кога ќе стигне или !? !?

Или ако не кај може да се најде во Мкд ?


+ дали е добар суплементов или ? мене доста добро ми звучи ... а и добар рејтинг има ..
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Размислување и теорија да,ама менување на законите на физиката во пракса тешко :cool:
Taka? Пиши на гоогле LeanGains.. Гледај резултати,гледај начин на јадење.. вака јадам веќе цела 1 година и немам никаков проблем со губење мускулна маса.. Отвори јутуб сега и HotGetTwins почнаа да јадат на ваков начин .. со дефицит од 600 калории дневно без да изгубат тежина на вежбите што ги прават.. гледај им резултат..

Постојат многу многу работи кои компаниите за суплементи ги прекриваат само за да ги продадат своите продукти.. Верувај во каков сакаш начин твоја работа си е тоа.. Но мене неможеш да ме убедиш за нешто што сум видел резултат и за нешто што преку 15.000 посетители го следат.. Не зборам за Скуби и неговото тврдење туку за фактот дека може да се исчистиш и да изградиш мускулна маса додека си на дефицит или на одржување..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom