deXterche
тадаммм
- Член од
- 12 февруари 2006
- Мислења
- 4.920
- Поени од реакции
- 942
Едно другарче со солидна градба така се исуши, одеше кардио, диета и тежински ама малце претера со кардио ни гради ни раце му останаа. Исто и на мене осетив лани, со желба за брзо слабеење форсирав строги диети со кардио и тежински и бајаги паднав мускулно.Јас сум зел Л-карнитин и не добив никакви резултати само залудно фрлени пари. Само мала забелешка според мене диета+кардио+ 3 дена неделно како втор тренинг да се вежба тежински тренинг. Барем на своја кожа како што гледам многу паднав на мускулна маса само од кардио и диета и затоа вклучив и тренинг со своја тежина (склекови, згибови и тн)+ еднорачи со кои вежбам останатите делови (раце, рамо)
Пошто правев мала пауза летово, почнав веќе еден месец да сум на режим на низок калориски внес (околу 1500 калории, избалансирана исхрана) и 3 пати неделно само тежински тренинг без многу форсирање и резултатите сега за сега се добри, немам голема загуба во сила како претходно и подобро се осеќам а губам по пола килограм неделно