Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.577
За добри стомачни треба упорно вежбање,без откажување од типот абе не можам веке,се ме боли,ке умрам...
Благо јадење сведено на минимум,скоро ич да не се јаде,газирани пијалоци исто и алкохол исто така...

Јас до сега да не јадев благо и да не пиев како сунгер ке имав најаки стомачни...:pos2:
Ама важно пак почнав да ги правам пред една недела,секој ден по 4 серии,во серија 30 до 50 највеке...3 вежби,па ке ги видиме резултатите :)
 
С

Спенсер

Гостин
Одлични совети му давате ама детево има само 14 години.Убави стомачни се оформуваат после 20 години.Не може на 14 години он да има плочки ко Роки Балбоа па макар и вежбал секој ден.

Иначе Марко не е лошо.Колку време вежбаш?
хммм... нели,на помала возраст,со помалку вежбање се постигнуваат повеќе резултати,отколку постар човек,со многу вежбање,кој ке постигне помали резултати... се надевам ме разбравте... и незнам,некои викаат теретана после 16-17 год,демек да не се попречувал развојот на телото ова она... за ова прашање сеуште немам добиено точен одговор...:vozbud:
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.577
хммм... нели,на помала возраст,со помалку вежбање се постигнуваат повеќе резултати,отколку постар човек,со многу вежбање,кој ке постигне помали резултати... се надевам ме разбравте... и незнам,некои викаат теретана после 16-17 год,демек да не се попречувал развојот на телото ова она... за ова прашање сеуште немам добиено точен одговор...:vozbud:
За болдот во право се тие што ти викаат така :)
Јас сакав да почнам на 14 години,кога ме виде газдата ме седна на маса и се ми објасни,зашо не е добро да се оди на моја тогашна возраст во теретана,и дома си почнав склекови да си праам,не се жалев...

Ке ти дадам пример...има еден копиљ кај нас во теретана,кутриот си мисли дека ке се направи Арнолд Штрафцинегер ако почне да вежба на помала возраст,а има 14 години.Ете го вежба 4 месеци,се мучи ко будала,не расте воопшто,а телото му е исто како пред тоа,нема никаде мускули,само коски му се познаваат....и да малку е згрбавен !
 
m.marko21

-STR8-
Член од
16 мај 2008
Мислења
1.177
Поени од реакции
75
Јас вежбам од 7 одд. и незнам што е спорно во тоа...
Сите викаат дека идеална возраст била 18 год. но не е штета и порано, зошто подобро е да се спречи од колку да се лечи (мислам ме сванавте што ми е поентата, полесно е од мал кога ќе почниш да се градиш правилно одколку потоа, да го отстрануваш несаканото и пак од почеток...)
 
|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.588
Поени од реакции
6.750

Во право си,,,немаат врска тие бабини приказни...според мене е уште подобро да почнеш порано за да се градиш уште подобро со тек на време.
 
Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
За болдот во право се тие што ти викаат така :)
Јас сакав да почнам на 14 години,кога ме виде газдата ме седна на маса и се ми објасни,зашо не е добро да се оди на моја тогашна возраст во теретана,и дома си почнав склекови да си праам,не се жалев...

Ке ти дадам пример...има еден копиљ кај нас во теретана,кутриот си мисли дека ке се направи Арнолд Штрафцинегер ако почне да вежба на помала возраст,а има 14 години.Ете го вежба 4 месеци,се мучи ко будала,не расте воопшто,а телото му е исто како пред тоа,нема никаде мускули,само коски му се познаваат....и да малку е згрбавен !
Ова е спорт како и секој друг. Така да пријателчиња не држи вода да чекате да заврши некаков развој, па после да започнете со вежбање. Тој, газдата на теретаната слушнал нешто за завршување на некаков си развој,па после да сезапочне со нешто, но тоа нема врска со бодибилдинг како спорт. Друга тема е. Има стадиум на вежбање и се оди чекор по чекор, како и кај сите преостанати спортови. Така е ви во бодибилдингот.
Стомачните се мускулна група иста како и сите мускули на телото,скелетни. Што помасивни, поголеми, толку пострашни и повидливи кога ќе се ослободите од слојот кој е помеѓу кожата и самите тие. Така да, доколку сакате тие да дојдат до поголем израз од оној кој во моментов го имате, како на пример на некои си 19 години, не ви преостануваништо друго освен да продолжите правилно да вежбате и исхранувате. Со времето, и тие ќе бидат пострашни и далеку поупадливи.
И не заборавајте, стомачниот ѕид се состои од еден мускул по целата негова должина, кој поделен на неколку коцки или плочки, изгледа дека се работи за горни и долни. Нивната функција е да ја придвижува градната коска и градниоткош нанапред кон половината, како и придвижување, подигнување на карличната коска према градниот кош.
Сите варијанти на постоечките вежби за стомак ги имаат за цел овие движења. Значи,зборувам за Rectus abdominis, она што нам најмногу ни паѓа во очи, така наречен ‘the six pack’.
Инаку в о пределот на стомакот постојат четири стомачни мускули кои целосно ги покриваат и заштитуваат внатрешните органи.
 
ок,ова чекав... стручно мислење за моето прашање... значи не е проблем и на помала возраст да се почне... тогаш ке почнам јас, 16год е сосема доволно за теретана... доста ми се склекови и стомачни и еднорачни тегови по дома...:vozbud:
 
Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Нормално. Одбери место кадешто има луѓе кои имаат основно познавање од овој спорт и кои ќе ти покажат како постепено да се надградуваш. Интересно е тоа што (ќе го земам фудбалот само како за пример) во фудбалот не започнуваат да играат на голмеиот стадион помеѓу големи голови. Така е и во билдингот, каде имате тегчиња од 1 кг па нагоре. Имат е избор на вежби и справи во изобилие кои воошто не "набиваат" (како што би рекле бабите) па можеби и ке останете пониски во растот.
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.577
Ова е спорт како и секој друг. Така да пријателчиња не држи вода да чекате да заврши некаков развој, па после да започнете со вежбање. Тој, газдата на теретаната слушнал нешто за завршување на некаков си развој,па после да сезапочне со нешто, но тоа нема врска со бодибилдинг како спорт. Друга тема е. Има стадиум на вежбање и се оди чекор по чекор, како и кај сите преостанати спортови. Така е ви во бодибилдингот.
Стомачните се мускулна група иста како и сите мускули на телото,скелетни. Што помасивни, поголеми, толку пострашни и повидливи кога ќе се ослободите од слојот кој е помеѓу кожата и самите тие. Така да, доколку сакате тие да дојдат до поголем израз од оној кој во моментов го имате, како на пример на некои си 19 години, не ви преостануваништо друго освен да продолжите правилно да вежбате и исхранувате. Со времето, и тие ќе бидат пострашни и далеку поупадливи.
И не заборавајте, стомачниот ѕид се состои од еден мускул по целата негова должина, кој поделен на неколку коцки или плочки, изгледа дека се работи за горни и долни. Нивната функција е да ја придвижува градната коска и градниоткош нанапред кон половината, како и придвижување, подигнување на карличната коска према градниот кош.
Сите варијанти на постоечките вежби за стомак ги имаат за цел овие движења. Значи,зборувам за Rectus abdominis, она што нам најмногу ни паѓа во очи, така наречен ‘the six pack’.
Инаку в о пределот на стомакот постојат четири стомачни мускули кои целосно ги покриваат и заштитуваат внатрешните органи.
Извинете на грешна информација,мене така ми кажаа...па сеа :)
Јас чекав до 18 и според мене не згрешив,почнав во теретана и имам добра градба на целото тело,ми одеше добро,ама торлак се откажав едно време и пак сеа одпоново :(
 
Член од
27 март 2009
Мислења
1.051
Поени од реакции
112
а колку се најпрепорачани..ја прам 4 серии по 60 со одмор од 30тина секунди насабајле..па после наручек(коа ќе си дојдам од школо) и пред спијање..и заспивам како топ..

П.С ФАЛА ВИ МОМЦИ НА СИТЕ:back:
 
m.marko21

-STR8-
Член од
16 мај 2008
Мислења
1.177
Поени од реакции
75
а колку се најпрепорачани..ја прам 4 серии по 60 со одмор од 30тина секунди насабајле..па после наручек(коа ќе си дојдам од школо) и пред спијање..и заспивам како топ..

П.С ФАЛА ВИ МОМЦИ НА СИТЕ:back:
Најпрепорачани неможам да ти кажам бидејќи кај секого различно се одразуваат, никој не е ист, на пример ти неможеш да бидеш како мене или како некој друг, можеш да бидеш подобар или полош, а ист никогаш зошто секој е различно генетски граден.

На пример јас додека се мачев да ги извадам на површина стомачните, правев по 400 стомачни, 4 серии по 100 повторувања 5 пати неделно, сега само ги одржувам со по 200 стомачни 2 пати во неделата.
За цврстина на абдоменалните (стомачните) мускули препорачливо е да се изведуваат бавни движења (експлозивно кревање, бавно спуштање), а за дефиниција се користат брзи движења, но со мали отклони околу 30 степени, без одлепување на целиот грб од подлогата, нешто како сецкања.

Ако имаш уште прашања, слободно прашувај, тука сме да го пренесиме знаењето, позз :helou:
 
ooo...5 пати во неделата?а јас прам по 540 секој ден..така ми иди по пресметка..па глеам вие помалце праите и сакам да прашам дека ја прам олку..да не дојди до големи болки во абдоменалните мускули..се преоптоварувам со правење?грешка ми е тоа?абе јас имам стомачни..не ми се познаваат премногу..ама ми се познаваат..(не многу)на татко ми сум ваљда:pos2:го глеам по сликине порано..без вежбање..имал убава градба кај стомачните..па и мене ми велат така..што знам ја..само ми фали вежбање..practise and practise
 
|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.588
Поени од реакции
6.750
Почнав со шок терапи,,,дека ме чекаат тешки тренинзи зимава.плус креатин и гејнер би требало да накачиме на килажа до јануар.

Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Одбери добар гејнер. Креатините се сите солидни.
 
|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.588
Поени од реакции
6.750
Одбери добар гејнер. Креатините се сите солидни.
Моментално имам три врсти на гејнери... а креатин ко креатин...мада пријатно ме има изненадено Микронизираниот и Фосфатниот креатин...

Здравје боже ке земеме понатаму сега за сега монохидратен. :helou:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom