Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

Ма-Ста-Пе

недоквакан од 1966
Член од
28 јуни 2009
Мислења
703
Поени од реакции
132
HISTIDIN

IMA ОСОБИНИ НА АНТИОКСИДАНС И ДЕЈСТВУВА ПРОТИВ ЗАПАЛЕНИЕ
НА МУСКУЛИТЕ.ГИ УБЛАЖУВА БОЛКИТЕ ВО ЗГЛОБОВИТЕ,ГО ЗАБРЗУВА ПРОЦЕСОТ НА ОПОРАВУВАЊЕ.ИАКО ХИСТИДИНОТ Е ЕСЕНЦИЈАЛНА АМИНО КИСЕЛИНА ФАКТ Е ДЕКА КАЈ ГОЛЕМ БРОЈ НА ЛУЃЕ Е ПРИСУТЕН ВО МАЛО КОЛИЧЕСТВО,А ОСОБЕНО КАЈ ВЕГЕТЕРИЈАНЦИТЕ.ЗАМОРОТ ОД ВЕЖБАЊЕ Е ВО ТЕСНА ВРСКА СО МАЛОТО КОЛИЧЕСТВО НА ХИСТИДИН И ГЛУТАМИН ВО КРВТА(ПЛАЗМАТА).

:bilokojzbor:
 
Ма-Ста-Пе

недоквакан од 1966
Член од
28 јуни 2009
Мислења
703
Поени од реакции
132
TAURIN

ТАУРИНОТ СЕ ПРОИЗВЕДУВА ОД METONIN(ЕСЕНЦИЈАЛНА) И CISTEIN(УСЛОВНО ЕСЕНЦИЈАЛНА).ОНА ШТО Е ИНТЕРЕСНО ЗА ТАУРИНОТ(ВТОРА ПО ЗАСТАПЕНОСТ ВО МУСКУЛИТЕ,ПРВА Е ГЛУТАМИНОТ) Е ТОА ШТО НА РАЗЛИЧНИ НАЧИНИ ДЕЛУВА НА МЕТАБОЛИЗМОТ И РАСТЕЊЕТО.ТЕЛОТО ПРОИЗВЕДУВА МАЛИ КОЛИЧИНИ НА ТАУРИН.ДЕЛУВА ВРЗ МЕТАБОЛИЗМОТ СЛИЧНО КАКО ИНСУЛИНОТ(ГО СМАЛУВА ШЕЌЕРОТ ВО КРВТА).ТАУРИНОТ ГО РЕГУЛИРА ОБИМОТ НА СТАНИЦИТЕ(МОЗОКОТ,НЕРВНО ТКИВО...) ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА ОБИМОТ НА СТАНИЦИТЕ ДЕЛУВА ПОЗИТИВНО НА АНАБОЛИЧКИТЕ ПРОЦЕСИ,А СМАЛУВАЊЕТО ДЕЛУВА КАТАБОЛИЧКИ.

:bilokojzbor:
 
O

Orion.

Гостин
Вчера вежбав гради и денес почувствував болка во лактите и подлактиците, веројатно од вежбата со еднорачни за гради поради големата килажа на теговите. Совет некој како да ми помине болката, некоја маст можеби? Значи не е хипертрофна болка(запаление на мускули) туку болка во подлактиците и лактите. И како правилно да ги зимам еднорачните тегови при везба на гради на рамна бенч клупа за во иднина да не ми се појавува болкава??
 
DANTE

Gym instructor.
Член од
22 март 2006
Мислења
1.318
Поени од реакции
366
http://www.teretana.ba/vjezbe

^^^^ тука ќе најдеш добри вежби и правилна употреба на теговите! поздрав
п.с. имаш и вежби за сите мускули и добри програми на работа странава е мн добра свака им част на момците што ја средиле
 
Ма-Ста-Пе

недоквакан од 1966
Член од
28 јуни 2009
Мислења
703
Поени од реакции
132
Вчера вежбав гради и денес почувствував болка во лактите и подлактиците, веројатно од вежбата со еднорачни за гради поради големата килажа на теговите. Совет некој како да ми помине болката, некоја маст можеби? Значи не е хипертрофна болка(запаление на мускули) туку болка во подлактиците и лактите. И како правилно да ги зимам еднорачните тегови при везба на гради на рамна бенч клупа за во иднина да не ми се појавува болкава??
АКО СИ ВЕЖБАЛ СО МНОГУ ТЕЖИНА,А ПОДЛАКТИЦИТЕ ТИ СЕ СИГУРНО ПОСЛАБИ. И АКО ПРВПАТ СИ ПРАВЕЛ СО ТАА ТЕЖИНА МОЖЕ ДА ДОЈДЕ ДО ТАКВА БОЛКА(МОЖЕ И ТЕТИВИТЕ ДА СЕ ВОСПАЛИЛЕ).НЕ ЗАПИЊАЈ МНОГУ СО ТЕЖИНИ ГЛЕДАЈ ДА ГО СПУШТАШ ТЕГОТ ПО СПОРО И ЌЕ ИМАШ ПОДОБАР ЕФЕКТ ОТКОЛКУ ТЕЖИНА ДА СТАВИШ.ЗА ЗЕМАЊЕ НА ТЕГОВИТЕ АКО РАБОТИШ СО ГОЛЕМИ ТЕЖИНИ НАЈДОБРО ДА ИМАШ ПОМОШ ЗА ПОДАВАЊЕ.ОБИЧНО СЕ ЗЕМААТ ТЕГОВИТЕ СЕ СЕДНУВА НА КЛУПАТА И СЕ ПОТПИРААТ НА БУТИНИТЕ И ПОЛЕКА ЛЕГНИ,А ЗА ДА ГИ ДИГНЕШ ПАК ПАРТНЕР(АКО СЕ МНОГУ ТЕШКИ).МИСЛАМ ДЕКА СО ШИПКА Е МАЈКА СИ ИМА СТАЛЦИ...

БУЈРУМ НА WWW.HERKULES.COM.MK

:bilokojzbor: SVETSKO VO RIM PRED NEKOLKU СASOVI:ТОШЕ ЗАФИРОВ 3 место;АНТОНИО АНДОВСКИ 6 место ВО КАТЕГОРИЈА
 
gODHEAD

Crucified
Член од
6 декември 2007
Мислења
1.827
Поени од реакции
1.163
ТЕМНАТА СТРАНА НА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ
Стерилност, канцер и инфаркт - високата цена на допингот

Агресивност, атрофирани тестиси и стерилитет, рак на простатата и инфаркт е високата цена на допингот што ја плаќаат професионалните спортисти и рекреативци во желба за добра фигура филувана со огромни мускули. Во недостиг на законска регулатива, голем број млади лица и спортисти користат анаболички стероиди и други допинг-средства, загрозувајќи го своето здравје.

Анаболиците се наменети за лекување на болести, но лицата што се допингуваат ги злоупотребуваат, несвесни за последиците што следат од користење на допингот. Стероидите најмногу ги користат бодибилдерите, кои допингот го набавуваат во фитнес и бодибилдинг-клубовите во кои вежбаат.

Полицијата не знае колкав е бројот на лица вклучени во црниот круг на допингот бидејќи анаболиците и другите супстанции не се на забранетата листа на дроги.

Допинг-средствата во Македонија се набавуваат од Бугарија, каде што постојат најголем број тајни лаборатории за производство на стероиди во регионот, од СЦГ и од Албанија, а ги има и во аптеките, кои легално ги продаваат, но за сосема друга намена.

Корисниците (НЕ)СВЕСНИ ЗА ПОСЛЕДИЦИТЕ

- Почнав да вежбам пред четири години. Мислев дека со нормална исхрана ќе ја зголемам мускулната маса и силата. Не бев задоволен од темпото со кое се "развивав". Знаев дека голем број билдери се допингуваат па решив и јас да пробам. Почнав со "дијанабол" или "метан", како што го викаме. Тоа е еден од најкористените стероиди и е во форма на таблети. "Метанот" ми го препорача дилерот со кој вежбавме во теретаната. За два месеца "нафрлав" десет килограми чисти мускули - раскажува скопјанецот Б. М.(26), вработен во една од агенциите за обезбедување.

Билдерите што користат стероиди велат дека дилерите не им ги кажуваат штетните последици од користење на "дијанаболот" и од другите допинг-средства. Само едно апче "дијанабол" кај лица што прележале жолтица може да биде кобно за црниот дроб.

- Сум слушал дека допингот е опасен по здравјето, но мислам дека нема ништо да ми се случи. Пред една година преминав на "болдабол", за кој дилерот ми препорача да го земам со шприц, преку инјектирање во задникот. Првите неколку дена ме болеше главата, но набрзо телото ми се навикна - завршува со приказната Б.М.

Во светот постојат повеќе од 100 вида анаболички стероиди. Дел од нив се земаат орално, други се инјектираат во телото интрамскуларно, а преостанатите се во вид на гел или крем што се втрива во кожата. Тие можат да се набават во аптеките - легално со рецепт и нелегално, а другите се произведуваат во тајни лаборатории.

Смртоносни коктели

од стероиди и хормони за бикови

Дозите што ги злоупотребуваат рекреативците и спортистите се од 10 до 100 пати поголеми од тие што се користат за медицински намени.

Анаболички стероиди е заедничко име за синтетичките супстанции што се поврзани со тестостеронот - машкиот полов хормон, и истите предизвикуваат два вида ефекти. Првите се анаболички - го поттикнуваат растот на телесната мускулатура без масно ткиво, а вторите се андрогени - го поттикнуваат развојот на секундарните машки карактеристики: влакнавост, длабок глас, рапава кожа и слично. Лекарите предупредуваат дека, поради токсичноста, стероидите предизвикуваат сериозни оштетувања на органите, канцер и смрт на корисниците на допинг.

Користењето анаболици во поголеми количества предизвикува претворање на тестостеронот во женскиот хормон естроген кај мажите, а кај жените машки карактеристики. Анаболичките стероиди влијаат и врз психичката состојба.

Тие ги задржуваат водата и солта во телото и на тој начин предизвикуваат висок крвен притисок, промена во расположението и нарушување на сонот. Лицата што поради допингувањето станале понервозни, стануваат склони кон алкохолот, марихуаната и "екстази", но и кон насилство.

Во Хрватска последниве месеци се забележани случаи кога спортисти се допингувале со коктели од "дијанабол" и ветеринарски хормони што им се даваат на коњи и на бикови за приплод. Тие го мешале "дијанаболот" и со лекови против ракот на дојки. Користење на такви ветеринарски препарати е смртоносно бидејќи може да предизвика анафилактички шокови.

- Пред десет години "теретаните" беа полни со вежбачи што користеа "хемија" за да изгледаат кул во скопската шема. Се допингуваа и многу улични баскетчии. Не се претеруваше со допингот. Денеска е поинаку. Се допингуваат и малолетници. "Горилите" од агенциите за обезбедување стават во себе се и сешто за да изгледаат пострашно - раскажува Александар Т., долгогодишен скопски билдер.

http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=3010&stID=74932
 
ДАЛИ ЌЕ МОЖЕШ ДА НИ ОБЈАСНИШ ЗАШТО УМИРААТ ТОЛКУ МЛАДИ ФУДБАЛЕРИ.НА ТРЕНИНЗИ,УТАКМИЦИ..
ДОПИНГОТ НЕ ЧИНИ НИКАДЕ А НЕ САМО ВО ОВОЈ СПОРТ.ВО ДРУГИТЕ МОЖЕБИ ГО ИМА И МНОГУ ПОВЕЌЕ.НОНСТОП ГИ ФАЌААТ СО ДОПИНГ КОНТРОЛИ.БЕЗ НАВРЕДИ ЧАО.
 
gODHEAD

Crucified
Член од
6 декември 2007
Мислења
1.827
Поени од реакции
1.163
Го има во секој спорт допингот, веројатно и анаболиците ги користат многу спортисти професионалци затоа што за нив можеби корисните својства ги надминуваат штетните, меѓутоа рекреативци да посегнуваат по такви работи не ми изгледа баш здраво и корисно, многу вежбачи што сакаат брзо да зголемат мускулна маса или да намалат масно ткиво прво посегнуваат по тие "метани", ефедрини и какви се не други работи а немаат врска што уствари е тоа што го пијат и какви последици може да имаат.
 
Член од
8 февруари 2009
Мислења
911
Поени од реакции
173
Што мислите за

дали вреди да се користи или е уште една од оние top-shop срања?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.892
Поени од реакции
12.428
Што мислите за

дали вреди да се користи или е уште една од оние top-shop срања?
Мислам дека е ова второто, уште едно од тие топ шоп... пошто прво за да се види дали функционира треба да се потврди дека удира на било која мускулна група. За ова мислам дека е некој мајтап пошто да земеш и било што од дома да вежбаш, ќе врши поголема работа. Вака гледајќи (видеа не можам да гледам, ова е од сликата за апаратот) ми делува на шејкер :) Е сега, ако е 15-20 кила...можда ама го гледам некако малечко, сега и прочитав негде 2.5 фунти-значи кило и 25 би било отприлика...Ја сум скептик за топ шоп производи. Со цена од 2-3 вакви производи би направил (ако е 100 ден. кило тег) 2 еднорачни со подесување на тежини.
За цената не сум сигурен па дали ми е добра математиката нека каже некој што веќе земал вакви тегови за комбинирање од флекс, емилијано и сличните продавници.
 
KoNtEjNeR

sapun
Член од
19 декември 2005
Мислења
2.306
Поени од реакции
44
и јас мислам дека е топ шоп срање, измислено за најмрзливите да се лажат дека вежбаат. Земи еден шејкер и мафтај прави коктели и истото ти е :)
 
m.marko21

-STR8-
Член од
16 мај 2008
Мислења
1.177
Поени од реакции
75
Aqva немој да се лажеш дека градбата на момците од видеото им е постигната со тоа (shake weight).
Со ова вибрирање тешко дека ќе имаш видливи резултати
Добро кажаа погоре тоа е за мрзливи, и јас би ти препорачал подобро да почниш или да продолжиш (ако веќе вежбаш) со стандардните справи и тегови.
 
O

Orion.

Гостин
Човече поголема глупост неам видено од ова шејк вејт:pos2: Ај раце некако иде мада и тоа тешко ама гради како напраил човеков со чудово стварно незнам:pos2:Уствари знам bench press:helou:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom