Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

Член од
30 јули 2014
Мислења
5.087
Поени од реакции
15.931
Цел живот е веган или сега откако стана модерно веганството?

Инаку возможно е да се изгради и така ок тело, но далеку потешко, побавно и никогаш нема да стигне некој кој не е веган/вегетаријанец.
За профи тело за на бина не би сакал ни да споредувам, премногу ми е игнорантно некој да зема хормони, а истовремено да фура приказни за „здрав живот“ со веганството, ако ги правиш работите ги правиш до крај, а за рекреативци може кој што сака и како сака да вежба.[DOUBLEPOST=1546460950][/DOUBLEPOST]
А тоа тело го прават за каде? За да се искурчат летото на плажа? Продажбата на суплементи, хормони, ефедрин, клен и тн цвета, мислам дека полесно се шиткаат стероидите отколку аспирин во државава и на крај имаме дечки надуени како балони за месец дена во летна сезона и просечни и подпросечни вежбачи преку остатокот од годината.
Натпреварувачите гледам ни се бројат на рака, а не гледам ни некој надежен за профи карта од новите, се истите фаци од пред 10 години.
Па веган е 5 6 години, можда и повеќе, мислам уште не беше во мода веганството, кажуваше дека веган станал откако отишол кај еден другар што има кланица и така :)
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.629
Поени од реакции
34.888
Кој сака и за кај сака ќе си изгради тело, што ако некој нема афинитети да биди натрпеварувач и тоа го прави за лична сатисфакција?

Секој сака да биди во топ форма за на плажа, сигурно не сакаш да бидиш 100кг со 30% масти така? Што има врска продажбата на суплементи? Ти не користиш?

Тоа што пукаат хормони а врска немаат е друга работа. А и тело не се прави со 1 месец на анаболици, не знам дали си користел или си бил во средина со луѓе што користат. Не е само боцни се и развиен си. Натпреварувачите се зголемуваат од година на година.
Па земање на хормони за сатисфакција од моја гледна точка не е баш паметна работа, али ок, секој има право сам да се заебе, барем ќе го гледа во огледало виновникот додека е жив ;)
Суплемети користам по потреба, али далеку од она што го користат „модерниве вежбачи“, јас кога прв пат влегов во теретана процентот на вежбачи беше далеку од она што е денес, ова денес е помодарство, прв ден влегува и бара креатин, протеин и преворкаут, втор месец е веќе на метан, а уште рацете му бегаат на секоја втора вежба и нема појма зошто ја прави вежбата, пред 12 години кога прв пат почнав да вежбам далеку беше помал процентот и поинаков мајндсетот на вежбачите.
Никој не вика дека ти треба да удриш тренболон ацетат за да не си 30% масти, или да удриш еца стак уште не поминат прагот од теретаната, мастите се симнуваат со диета, а мускулите се градат со напорни тренинзи, дисциплина и време, нормално ако сакаш да вежбаш паралелно и за изглед и за подобро здравје, а ако ти е само за курчење на социјални мрежи или за на плажа, тогаш боцката ти е најдобриот избор.
Многу лошо кај психологијата на машкиот пол е асоцијација на добро градено тело и олеснување да легнат некоја женска, да со добро тело ќе бидеш во предност пред женските, али ако не ти ламоти устата, пак ќе си останеш со таквото во рака, така да тие несигурните во себе се осудуваат да се коцкаат со здравјето се со цел да бидат попривлечни на плажа.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.087
Поени од реакции
15.931
Секој добронамерен ќе каже дека стероиди за плажа не е најмудар избор, а паметните професионалци знаат и се свесни дека плаќаат цена за користење анаболици и слично, али барем финансиски се офајдуваат од тоа.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.629
Поени од реакции
34.888
Секој добронамерен ќе каже дека стероиди за плажа не е најмудар избор, а паметните професионалци знаат и се свесни дека плаќаат цена за користење анаболици и слично, али барем финансиски се офајдуваат од тоа.
Кој како и од нив, мал дел се тие што живеат од тоа, скоро сите работат и друга работа паралелно, држат персонални тренинзи, шиткаат тренинг програми и тн.
Тешко се стига до спонзори, а и тие помалите фирми даваат мали спонзорства, вообичаено по некој суплемент месечно и до кај 1000 евра максимум ако се работи за малку посериозен бренд, ако е некој апла слаб бренд сумата е многу пониска од тоа, а за големи брендови од типот на ултимејт, оптимум, анимал без мр олимпија или арнолд класик нема ни надеж да те земат за заштитно лице.
На натпревари сумите се многу мали, чат пат од некое фотографирање ако се лапне некој денар и обезбедување на врата :D
@Gjoroski дај малку да ги мотивираме деците да станат билдери, дополни ако има уште некој извор или ако грешам во сумите :)
 
Член од
25 септември 2016
Мислења
827
Поени од реакции
1.031
Абе не знам што се нафрли, реално дечкото има добра генетика и подобро тело од 90 посто од дечките у државава, башка не е метро и желба, туку 190 цм. Плус има 45 години и не пука со хормони ко тебе на пример. И не се спрема за на бина, си вежба рекреативно, лол.[DOUBLEPOST=1546459671][/DOUBLEPOST]
Не верувам. За тие врвот ако збориме, сеа ја не се разбирам, али за Мистер Олимпија нема шанси со веган исхрана да излезе и да победи, пример. Али онака добро натпросечно тело и врвни резултати у спорт може и со веган.
Не се нафрлив, многу луѓе имаат погрешна слика за прехраната. Овдека има навистина доста квалитетни луѓе кои го споделуваат тоа јавно, па затоа гледајте да научите што повеќе.

Сакам да кажам дека во денешно време ниту аматерите повеќе не се природни во скоро повеќе од половина спортови кои носат сериозна заработка... Лесно се поминуваат сите проверки, треба да си навистина талент да те фатат на проверки дека користиш допинг. Пример за тоа се Русија на ОИ во 2014та... Исто така јас можам да кажам дека веганството е лудост, јас има моменти кога правам по 2-3 недели пауза од месо и месни производи но никогаш не ги исфрлам од исхраната...
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.087
Поени од реакции
15.931
Исто така јас можам да кажам дека веганството е лудост, јас има моменти кога правам по 2-3 недели пауза од месо и месни производи но никогаш не ги исфрлам од исхраната...
Истото го мислам и применувам и јас, иако не одам теретана и периодично сум физички активен у смисла точак, трчање, склекови, згибови и стомачни. Отфрлам целосно отфрлање на месо, мислам дека е претеран хејтот кон месото, а со научни студии што кажале уопште нејќам да се бавам, те свесно би ги зел во предвид здравствените ризици поврзани со месна исхрана.
 
Член од
22 јули 2015
Мислења
607
Поени од реакции
493
Па земање на хормони за сатисфакција од моја гледна точка не е баш паметна работа, али ок, секој има право сам да се заебе, барем ќе го гледа во огледало виновникот додека е жив ;)
Суплемети користам по потреба, али далеку од она што го користат „модерниве вежбачи“, јас кога прв пат влегов во теретана процентот на вежбачи беше далеку од она што е денес, ова денес е помодарство, прв ден влегува и бара креатин, протеин и преворкаут, втор месец е веќе на метан, а уште рацете му бегаат на секоја втора вежба и нема појма зошто ја прави вежбата, пред 12 години кога прв пат почнав да вежбам далеку беше помал процентот и поинаков мајндсетот на вежбачите.
Никој не вика дека ти треба да удриш тренболон ацетат за да не си 30% масти, или да удриш еца стак уште не поминат прагот од теретаната, мастите се симнуваат со диета, а мускулите се градат со напорни тренинзи, дисциплина и време, нормално ако сакаш да вежбаш паралелно и за изглед и за подобро здравје, а ако ти е само за курчење на социјални мрежи или за на плажа, тогаш боцката ти е најдобриот избор.
Многу лошо кај психологијата на машкиот пол е асоцијација на добро градено тело и олеснување да легнат некоја женска, да со добро тело ќе бидеш во предност пред женските, али ако не ти ламоти устата, пак ќе си останеш со таквото во рака, така да тие несигурните во себе се осудуваат да се коцкаат со здравјето се со цел да бидат попривлечни на плажа.
Делумно си во право, и јас не препорачвам употреба на хормони за лична сатисфакција АКО вежбачот не го постигнал својот генетски максимум природно. Ама, исто така и не можам да му судам на некој ако сака да земе стероиди за да си го подобри физичкиот изглед а веќе го постигнал својот генетски максимум. Небитно дали ќе излегува на бина или сака да си направи тело за на плажа.

Ова што денес се случува со фитнес индустријата и суплементите се должи најмногу на неинформираноста на младите и по потрагата по брзи резултати. Сите мислат дека суплементите се некој магичен прашак, апче и дека ќе му ги подобрат атлетските способности и резултати. Тој што бил упорен, заинтересиран и останал во спортот ќе научи дека исхраната и спиењето се најбитните работи. Другите само ќе го збогатат сопственикот на продавницата за суплементи.

Во врска со женските, тело и способност за флерт е WIN WIN. :)
 
Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Интересна дискусија :) @Кеплер не сум баш сигурен дека имаш 100 прсти на рацете, за да ги изброиш натпреварувачите на една рака :P
Женска сигурно не се фаќа со злоупотреба на лекови, како ААС и со мускули, барем не секоја, зависи од вкус. Ама сигурно малку повеќе ќе ви се подобри самодовербата, па ќе се осмелите некаде да кажете каква желба имате :)
Во денешно време, се се продава, што треба и што не треба. Таблета за забава или за мускули правење, во ист кош се ставаат. Вијагриче за сигурност, исто така. Јас кога растев, бевме сигурни во тоа што евентуално би го користеле дека е барем 100%, тоа што треба да е. Денес мора си многу внимателен во изборот, дури и на протеински додаток, за жал.
За изградба на муслкулесто тело потребно е ланец од неколку работи и ВРЕМЕ.
 
Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
@martin01 , само лесна хемија на овие години, без експериментирање ;)
@Anon , затоа има две, една ќе ја погодам.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.629
Поени од реакции
34.888
Интересна дискусија :) @Кеплер не сум баш сигурен дека имаш 100 прсти на рацете, за да ги изброиш натпреварувачите на една рака :P
Женска сигурно не се фаќа со злоупотреба на лекови, како ААС и со мускули, барем не секоја, зависи од вкус. Ама сигурно малку повеќе ќе ви се подобри самодовербата, па ќе се осмелите некаде да кажете каква желба имате :)
Во денешно време, се се продава, што треба и што не треба. Таблета за забава или за мускули правење, во ист кош се ставаат. Вијагриче за сигурност, исто така. Јас кога растев, бевме сигурни во тоа што евентуално би го користеле дека е барем 100%, тоа што треба да е. Денес мора си многу внимателен во изборот, дури и на протеински додаток, за жал.
За изградба на муслкулесто тело потребно е ланец од неколку работи и ВРЕМЕ.
Ги броев само тие со про карта, а такви нема многу :)
Пак не дознавме за финансии, може да се живее од бодибилдинг во мкд без да се бараат пари од мама и тате или тешко?
И еве отприлика да им доловиме слика, колку кошта просечно храна+суплементи+лекови за да се постигне натпреварувачка форма? (зборувам за вежбачи кои имаат мин 3 години непрекинат стаж со вежбање и да почнат со лекови за да достигнат натпреварувачка форма) и колку пари просечно може да се заработат.
Еве математиката нека биде за висина 175 цм и килажа околу 80кг.[DOUBLEPOST=1546538523][/DOUBLEPOST]П.С 100% оригинал и чиста роба на црн пазар тешка работа, ако некој реши да влезе во профи натпреварувања сум за да се одобри на рецепт да му се издаваат лекови (нормално на приватно но од проверено место), подобро да земе тестостерон од аптека, отколку некој направен во визба во Бугарија, денес барем може кој стигне да произведе хемијa, еве едно интересно видео дури за држави кои важат за колку толку „нормални“ и со некакви регулативи.
 
Последно уредено:

Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
@Кеплер , извини, не сум те разбрал убаво.
Прво, да расчистиме, што е троа ПРО. Ако се мисли на ПРО натпреварувачка ЛИЦЕНЦА, тога во МК имаш само двајца во моментов. НО, ПРО може да значи и за луѓе кои живеат од тоа. А, тука е и второт прашање, дали може да се живее од бодибилдингот во МК?.
Директно, како натпреварувач, НЕ. Како и во 90% спортови кои постојат во МК. НО, индиректно, СИТЕ натпреварувачи, а особено оние аматерите, живеат солидно од тоа што се дел од спортов како натпреварувачи. КАКО? Едноставно, како инструктори и лични тренери.
Видеото кое го имаш постирано е интересно како инфо за оние кои посегнуваат по непроверени работи. Ако се стигне до суровината, лесно се 'произведува' СЕ. Колку е тоа квалитетно и здраво, не би сакал на своја кожа да експериметирам, ниту пак советувам некој тоа да го направи.
Ако јас, на пример пред повеќе од 10 години додека имав своја линија на протеини, купував килограм суруткин протеин, во вреќи за 10 евра, (сурутка изолат од Нов Зеланд) размислете кога ви се нуди нешто евтино и квалитетно.
Немате потреба од брзање и избрзување. Трипати мери, еднаш сечи.
 
Член од
23 март 2018
Мислења
50
Поени од реакции
20

И одмене истото прашање колку финансии се потребни месечно за ПРО фома вкупно со храна и суплименти 75 kg neka bide 1.77 висина
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.629
Поени од реакции
34.888
И одмене истото прашање колку финансии се потребни месечно за ПРО фома вкупно со храна и суплименти 75 kg neka bide 1.77 висина
Со суплементи за про форма нема никаква шанса, ако мислиш на про натпреварувачка форма.
А со лекови+храна+суплементи на 177цм висина и почетна килажа од 75кг рачунај дека за на бина на оваа висина ќе треба да си над 80кг дури и за аматер, за про над 90кг :) На годишно ниво за целата оваа сатисфакција со квалитетна хемија ќе ти требаат сигурно грубо 4000 евриќи, просек на месечно ниво 200 евра храна, 200 евра суплементи+хемијa, оваа сума може да отиде и нагоре и надолу за одреден процент, али во глобала за сериозен пристап треба и сериозни финансии (покрај дисциплината, генетиката и времето финансиите се клучни во овој спорт).
 
Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Прашањево воопшто не заслужува одговор, како би рекле некои, од причина што не е на место.
Некој што вежбал 3 год и сега решил да се натпреварува, плус да започне со употреба на лекови и додатоци...трлала баба длан. Се зависи од неговата моментална форма, кога сака да се појави на натпревар и од каков ранг и која категорија ( има три различни). Секој одговор без да се знае ова е од нула до небо, несериозен и неозбилен.
На страна ова, ПРО ФОРМА.
 
Последно уредено:

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739

Kajgana Shop

На врв Bottom