Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.651
Поени од реакции
34.935
@Кеплер , во поново време е преставен дека е мал, како што кажуваш ти, а со цел да се потроши некоја канта повеќе производ :)
Најмногу се замараат форум стручни лица и луѓе кои сакаат да научат од нив. Основата е едноставна, но премногу тешка за следење долг временски период. Проблемот е во времето кое за жал 90% од оние кои 'посакуваат' мускулесто тело го немаат за 'трошење' . Колку ќе вложиш, толку ќе добиеш.
Прашањето е дали некој сака да научи, или решил да слушне она што сака да слушне.
Ако некој сака да се едуцира тогаш има еден тон материјали научно поткрепени за секој сегмент, на страни како ncbi, researchgate, brilliant, видеа каде најпросто се објаснети метаболичките процеси, моториката на телото, анатомијата на телото и тн.
Достапни до сите се независни истражувања направени на универзитети каде што е прецизно објаснето што се случува во телото, како може да се оптимизираат некои работи и тн.
Околу основата се сложувам, жалното е што фитнес клубовите скоро никаде не се добро регулирани и огромен процент од вежбачите почнуваат да вежбаат неправилно, слушаат bro science експерти кои мавнале една две шеми исто на рекла казала и се се врти во еден магичен круг. Ретки се тие што можат да си платат тренер, особено на почеток, а и кого да платат, пола од тренерите вежбаат неправилно и немаат основни познавања од метаболичките процеси во телото и тоа е тоа, не знаеш дали змија или магаре да бираш во случајов.
 
Член од
14 јули 2017
Мислења
167
Поени од реакции
132
Најдобар анаболичен прозорец пред спиење. Логично е дека телото е во анаболична состојба додека спиеме а катаболична преку ден, затоа јас си го пијам млекцето пред спање. :giggle:
 
Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Интересен феномен.

Биф на старо учење базирано на искуство и суеверија спроти ново учење базирано на научни истражувања.

Само шо ќе остане од старото учење кога сите овие научни истражувања ке се применат во пракса и ќе се поткрепат со искуство?

Само времето ќе покаже.
Застани малку. Сите тие научни истражувања се прават предходно во пракса. Суеверијата како научните истражувања кои постоеја во минатото дека мастите се нужно зло, за денес кето да е царска работа, е благодарение на типови кои применувале пред да се убедат големите научници дека не им оди науката. На многу места науката и праксата се разединеуваат, од научници кои не вршат истражувања на терен, практрично.
Она кое билдерите пред 50 години го докажале како основа, а голем број научници и денес се обидуваат да го оспорат, ќе остане свето писмо за обликување на мускулесто тело со прогресивно тежинско оптеретување.
@Кеплер , постојат тон 'независни' истражувања кои имаат ЦЕЛ, во секоја индустрија. Праксата со голем дел од нив не се сложува.
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Да ги прашаме Рич Пиана и тие другите неколкумина шо цркнаа у тој период да ни одговорат на прашањево?
Со ваков наслов на видео, може и ќе го глеам.
 
Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Насловот може да биде поинаков 'Дали вреди да се користат лекови, а да се нема натпреварувачки амбиции?'. Затоа што дефинитивно вреди да се спортува без употреба на лекови. Најголем проблем кај оние кои се дел од тежинскиот спорт е што посакуваат мускулесто тело, но во невозможни облици и граници. Повеќето сакаат да се 100 кг и со обем на раце 45-50 см, што е глупост и непотребно.
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Затоа е убо да се гледат видеото, а не само да се коментира, мислам дека е 7 минути. :D

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.651
Поени од реакции
34.935
Уште ли се мислиш?
Абе остана единствен Охриѓанец што планира да напраи мускули без хемија :D ќе те пишат во историјата на градот, Макарон ака Сизиф :D
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Уште ли се мислиш?
Абе остана единствен Охриѓанец што планира да напраи мускули без хемија :D ќе те пишат во историјата на градот, Макарон ака Сизиф :D
Си се тешам.

Иначе Охрид моментално е како во златната доба на бодибилдингот, какви деца почнаа да ми идат втеретана срам ми е да вежбам, јас во две години немам напраено колку тие во 2 месеца, што ти се викаат гени. :D
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.651
Поени од реакции
34.935
Си се тешам.

Иначе Охрид моментално е како во златната доба на бодибилдингот, какви деца почнаа да ми идат втеретана срам ми е да вежбам, јас во две години немам напраено колку тие во 2 месеца, што ти се викаат гени. :D
Да е само Охрид, во цела Македонија врие такви, пред неколку денови во теретана ми вика еден 17 години имал, а вика дека земал од сините срциња два пати со ред, вика се зема 2.5 месеци, па се паузира 2 месеци и пак се зема 2.5 месеци, лани кога почна да вежба не можеше правец да и држи на празна шипка, а малиот сега изгледа поголем од луѓе што вежбаме по 8 години.
Еден друг шалабајзер од калимеровци пак пролетва за 3 месеци потече како да го искасале рој стршлени, еднаш на шала му викам другар добар креатин си зел, од кај ти е купен да си земам и јас, ни две ни три фати ми покажа Hygetropin ампули, вика од ова си земам многу е добро.
Јаки ми се со тоа што немаат ни појма што се пикаат во себе, битно им е само да изгледаат добро и да се големи, ниту знаат што да земат и дали воопшто да земат pct, ниту знаат што е тоа што го земаат, ниту ги замара црн дроб, али може и да е подобро така, јас зедов еднаш да пресметувам колку пари имам фрлено на теретана+суплементи, испадна дека со тие пари нова кола ќе возев, срце ме стегна од мака.
 
Член од
25 септември 2016
Мислења
827
Поени од реакции
1.031
Пред некое време седам и си растворам BCAA во соблекувална, ставам каиш, во меѓу време доаѓа едно батенце кое го немав видено долг период муабет краток како е што е кај е и ми вика: "Брат, уште пијаш вакви глупости хемикали со вкус? Земи си како мене срцина 30 денари едно ништо не плаќаш..."
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.651
Поени од реакции
34.935
Пред некое време седам и си растворам BCAA во соблекувална, ставам каиш, во меѓу време доаѓа едно батенце кое го немав видено долг период муабет краток како е што е кај е и ми вика: "Брат, уште пијаш вакви глупости хемикали со вкус? Земи си како мене срцина 30 денари едно ништо не плаќаш..."
Од третина до половина од ова што си пишал е цената за едно,100 апчиња за околу 1000-1500 денари одат :)
 
Член од
25 декември 2011
Мислења
404
Поени од реакции
185
Пред некое време седам и си растворам BCAA во соблекувална, ставам каиш, во меѓу време доаѓа едно батенце кое го немав видено долг период муабет краток како е што е кај е и ми вика: "Брат, уште пијаш вакви глупости хемикали со вкус? Земи си како мене срцина 30 денари едно ништо не плаќаш..."
Тоа треба надлежните да стегнат малце и да стават под контрола, кај нас ептен лабави се закони околу тоа. Како и обично кај нас додека не ке почнат да умираат никој ништо нема да прави да ги заштити, пак мислам државата тоа треба да прави ама сеа премногу е зафатена со тоа кој ке остане на власт одколку да контролира тие лекови.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.651
Поени од реакции
34.935
Тоа треба надлежните да стегнат малце и да стават под контрола, кај нас ептен лабави се закони околу тоа. Како и обично кај нас додека не ке почнат да умираат никој ништо нема да прави да ги заштити, пак мислам државата тоа треба да прави ама сеа премногу е зафатена со тоа кој ке остане на власт одколку да контролира тие лекови.
Никогаш нема да биде регулирано тоа, ниту тука, ниту било каде во светот, во каде подобри земји од нашата се шиткаат на улица како алва, а не во оваа вукојебина.
Можеби најдобра варијанта е да се легализираат 100%, да може да ти ги дадат на лекар и тоа со строга контрола и целосни анализи барем 4-5 пати за време на еден циклус. Пред циклус ќе си потпишеш фино лепо изјава дека сакаш да ги земеш поради подобрување на перформанси и ќе си платиш доктор за следење на здравствената состојба. Барем ќе биде регулирано што внесувааат во нив, а не вака секоја втора гаража во Бугарија, Кина и Индија стана лабораторија и дури и да реши некој да се бави професионално нема легит роба.
 
Не треба да ја потценуваме нашата земја, и не треба да кажуваме демек чим и во САД или во Европа не е тоа регулирано мие никогаш нема да го направиме тоа. Треба да направиме во америка да не стават како пример на земја која успешно ги стави стероиди под контрола.
Само треба инициатива, многу работи може да се направат. Да се лансира социална комапања, да се подигнува свеста помегу бодибилдери и посетувачи на фитнес центри, да има постери, не сите да кјутат и тоа да биде табу тема туку да се крева свеста што е како е и колку е штетно да се примат стероиди и да бидат свесни какви последици тоа предизвикува.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom