Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 15.653
- Поени од реакции
- 34.941
И јас имам повреда на кичмата, дискуспатија и лумбоишалгија л4,л5,с1 и ми забранија уште минатата година да не вежбам, еве веќе година и пол си вежбам, но со перфектна изолација на мускулната група што ја вежбам и со перфектна форма. Воедно сфатив дека залудно во минатото сум се малтретирал и сум дигал над 200кг на мртво и над 150кг на чучањ, се е до формата и држењето под тензија на мускулот, вака со помала тежина и перфектна форма имам дури поголем мускулен раст за исто време од што имав додека да се повредам.Како да се усогласат дискус хернија и теретана? Што да се избегнува од вежби? Обично од чучњеви ми се влошува ситуација, а без чучњеви неам желба да вежбам. Можеби чучњеви со помала тежина и поголем број на повторувања? И што со мртво дигање?
Неколку совети од мене: намали ја телесната тежина ако имаш вишок килограми, загревање задолжително не само на кардио справа туку и истегнување на цело тело, зглобовите и половината, почесто вежбај го стомакот и пробај да го зацврстиш што е можно повеќе, усоврши ја формата на чучањот до перфекција, на почеток со своја тежина, а потоа и со помали тежини но со подолго време под тензија при негативите, мртвото дигање иста приказна, пожелно и да не го правиш туку да си правиш класични грбни на справа или на земја без дополнителна тежина, ако осетиш во иднина дека си во подобра форма пробај да правиш и мртво, внимавај на веслање за грб (barbell row) и на cable seated row на овие две вежби исто може да направиш многу лесно повреда на грбот.
Батали ја 5х5, зголеми на волумен, интензитет и ќе имаш дури и поголеми резултати од тие што ги имаш со 5х5, а за секојдневние гледај да не седиш долго време, станувај на секои 45 минути и прошетај барем 10 минути наоколу, избегнувај да користиш превозни средства ако може да пешачиш и тоа е тоа, идеално нема да биде никогаш, но може да си ја подобриш состојбата значително.