Шо те кошташе ова да го пишиш првиот пат?
До сега најмногу време обрнував да се посветам целосно на една мускулна група во денот, да направам најмногу вежби што можам и потоа добро да одморам.
Веднаш после нова год, ми почнува вториот месец. До сега еден тренинг ми траеше од 40мин до еден час сила. Секако и сам планирав да вметнам по два мускула во еден ден, валда после една недела ќе ми се адаптира телото.
До сега од ова што го пиша, сум се фокусирал на волумен а не на сила. И тоа ми е целта и за во иднина. Бирам тежина со која можам да направам барем 10тина повторувања, во која последните 3-4 кревања ми се најтешки.
Еве нешто што направив како би комбинирал. Најтешки ми се вежбите за гради, а најлесни за рамо и грб. Овде со напомена дека за грб вежбите ми се само на справи што знам дека не е оптимално. Затоа и секогаш го комбинирав грбот со некоја друга вежба, но сега за сега не ми е приоритет. Грбот и стомачни ми се најзапоставени. т.е стомачни воопшто не ни вежбам.
Понеделник – Гради - Нозе
Вторник – Бицепс - Рамо
Среда – Трицепс - Грб
Четврток – Гради -Нозе
Петок – Рамо - бицепс
Сабота – Грб - трицепс
Истава ситуација ја имаше и другарче. На работа 8 часа, сам живее, сам се пере сам си готви. Згора на тоа работеше и физичка работа.
На крај скроз се откажа од терета, немаше сила да издржи.