Ајде ќе пробам баш вака. Може ќе искомбинирам 1 месец ко што кажа, 1 месец по моево, па да си видам најдобро дали има воопшто нешто што дава подобар резултат или слично (иако подобриот резултат од многу други фактори зависи, дали 5% од комбинацијата на вежби). А намерно несакав со 1 мускул во ден, пошто сума сумаре ќе испадне пример гради или грб сум вежбал 4 пати во месец, а и не ми се оди во теретана пример само трапез да вежбам, или само рамо да вежбам, не дека ги потценувам, пак рамото доста голем мускул е, ама не ми е предизвик некако цел саат само нив да вежбам. А за стомак не си во право друже, за браво е да се рашириш и да си голем, ама за да се поклониш е ако видиш некој ем раширен ем стомачни држи, shredded што се вика.
Дед лифт не правам иако е основна вежба, искривен ми е рбетот доста и не би ризикувал, си барам алтернативни вежби. Seated cable rows и други некои. А нозе не ги форсирам ти викам дека трчам 5-6 пати неделно, и тоа должини, а не спринтови (полоша комбинација со бб ама тоа е), и дека стилот ми е на листови да трчам (нив апсолутно не ги чепкам) само квадрицепс може по некоја вежба и тоа обично на машината правев leg extension и такви некои, ретко чучневи. Ќе ставам денес утре програма за секој мускул кои вежби ги правам, па баш нека се прокоментира што да се исфрли/додаде ако треба
Фала за советите на двајцата