Јас сум на твоја висина горе-доле но сум го немал твојот проблем со вишок тежина. Мада што имам приметено дека и кај мене најмногу на стомакот се таложи вишокот.
Мислам дека не ти требаат специјални фенси храни и диети. Не знам како имаш време до толку да ги мериш и делиш оброците до грамче.
Кога би бил на твое место вака би постапил:
1. Одреди
груба бројка колку калории дневно да конзумираш со помош на калкулатор како
овој.
2. Најди колку грама протеин ќе конзумираш на ден. За да градиш мускули додека слабееш ќе ти треба доста протеин.
3. Исфрли/намали жито, шеќери, и преработени срања што се маскирани како храна. Сите калории не се исти. Овошје во умерени количини.
4. Замени ги горните со високопротеинска храна која не е превисока со калории. Зеленчукот ќе ти стане најверен пријател.
5. Толку. И не ги фрлај жолчките, пола од протеинот фрлаш што е во јајцето.
За да се прилагодиш на понискиот внес на калории, пробај да прескокнуваш доручек. По 2-3 недели ќе се навикнеш и нема да осеќаш глад на сабајле. Гледам дека ти иде англискиот, па и земи читни низ
странава.
Се надевам дека ќе ти помогне мојот совет. Само не прескокај тренинзи и ќе биде, ќе видиш
И ЗОШТО НА НАС ВИСОКИТЕ НИ Е ПОТЕШКО ВО ГРАДЕЊЕТО МУСКУЛИ?
Прегледај го приврзокот 167164
Не е тачно дека е потешко
Само треба повеќе време да се исполни нашата висока долга градба на телото. Ама кога ќе се исполни...