Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
3.279
Пробај ја баш утре, 20 денари отприлика е сината, па врати се со коментар :icon_lol:

Не, шала на страна, секогаш кога се купува туна треба да се обрати внимание што пишува на конзервата, дали "цели парчиња туна" или "сецкана туна".. оваа втората има се, само туна нема. Од искуство ти зборам, не сакајќи имав земено од Бадуко сецкана туна и беше едно од најгадните нешта што сум ги пробал, горчеше, како да јадеш живи изнутрици.. не ни знам како да го опишам. Не е до фирмата, едно време во КАМ имаше од Black Sea туна во цели парчиња (не како оваа зелената, сецкана) и беше океј, слична на оваа сега што е, КАМКО.[DOUBLEPOST=1487287809][/DOUBLEPOST]

п.с во целите парчиња очигледни се парчињата туна, а сецканата е нешто како мелено месо, а се наоѓаат и по некои бели парчиња, ваљда мелени коски :sick: а и потемна е...
Не можам да ја отцедам од зејтинот сецканата, веројатно ќе биде како каша од зејтин, иначе ќе земев за да видам дали е толку гадна :)

Sent from my A8 using Tapatalk
 
Член од
25 септември 2016
Мислења
827
Поени од реакции
1.031
Овие од Black Sea имаат и сардини, купив на брзина бев во КАМ оти немав време и отварам внатре гледам 2 риби мутирани големи 10 cm и дебели 7 cm личеа како пирани коските дебели може беа 30 грама само коските...
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Moze nekoja basic nedelna programa za pocetnik u teretana?
вторник - push (гради, предно/средно рамо и трицепс фокус бенч прес и милатери прес, разбој), четврток pull (Грб, бицепс, задно рамо фокус згибови), сабота legs (нозе - фокус мртво дигање и чучњеви- и стомак) или стомак и кардио во дополнителен ден 5-6 вежби на ден со 4 до 5 серии по 4-6 повторувања
 
Член од
23 декември 2015
Мислења
51
Поени од реакции
2
Која е разликата помегу свеж стек и саламурен стек, колку протеини на сто грама има едниот, а колку другиот?
 
Член од
25 декември 2011
Мислења
404
Поени од реакции
185
Кога сме веќе кај туна дали има кај нас негде туна во вода? Ми се смачи од гадниве соини масла веќе :sick:
нема кај нас за жал само масло или соино масло тоа е :eek:...

веке не ни купувам конзерви, некоја свежа или замрзнатада земам, 20 мин во фолија во фурна и супер е, а за протеини ако во 100 гр туна има одприлика 20-30 гр , така ке треба да изедеш 150 гр некоја ослич за иста количина протеин, а и да внесеш нешо 5-10 гр помалце можеш и со whey да дотуриш
Така што не гледам причина зашто воопшто би се јадела таа туна во конзерви, ги мрзи да си направат здрава храна или демек така требало и сите се дават ја јадат :vozbud:
 
Член од
25 септември 2016
Мислења
827
Поени од реакции
1.031
Која е разликата помегу свеж стек и саламурен стек, колку протеини на сто грама има едниот, а колку другиот?
Разликата е огромна пред се со продуктите кои се подготвува саламурениот стек, најдобро е да си купуваш свеж стек и сам да си го подготвуваш...
 
Член од
25 септември 2016
Мислења
827
Поени од реакции
1.031
nekoj dali go ima koristeno kreatinot od optium nutrition da kazi mislenje :)
Бато ти кажав и во порака, што и да земеш да има декларација, овие најчесто се увезени од Бугарија од којзнае каде и пијаш некои прашоци ама незнаеш што пијаш и на одреден период нус појава појде здравјето. Фирми што се достапни во Македонија а не се скапи се:

Olimp Nutrition 10/10
Syntech Nutrition 10/10
BioTech USA 10/10
AmiX Nutrition 10/10
Trec Nutrition 9/10

Се друго или е изгор скапо или е неквалитетно како Superior 14...
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.121
Поени од реакции
13.206
Момци ајде ако може совет да ми кажете што е најпаметно да направам. Имам проблем што никако не може да качам маса никаква , т.е. за мојата висина (175 цм) имам премалку (57 кг) иако активно (со многу мали паузи) вежбам p90x веќе 2 години, јадам и по 10 белки од јајца после вежбање и со сила јадам некогаш што повеќе храна , ама независно дали вежбам и се хранам највеќе што можам или ете паузирам со вежбање и пак внесувам истата количина на храна, ефектот нема од здебелување, си стојам констатно на бројката од 57-58 кг. Кажете ми совет што е најпаметно да се прави, далеку сум од чечкалица, ама сепак сум слаб и треба да качам бар едно 10кг, а никако не ми трга тоа од рака. Да престанам дома со вежбање да се префрлам на теретана, да земам да пијам нешто протеин whey gold и слични, да се префрлам на некоја друга програма поефективна од дома или што предлагате за солуција? Ако е теретана каде би било најефтино - најсплатливо, некако 1500 месечно не ми се дава. Благодарам однапред :)
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.662
Поени од реакции
11.347

1. Пиши што јадеш у текот на еден ден
2. Почни во теретана
3. Strong Gym (Кузман) - 1050 денари секој ден работат (и недела)
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
3.279
@FilipMKD007 можеш и 3 пати во неделата да одиш во теретана со тоа што ќе вежбаш цело тело. Таму јас кај што одев, исто Strong Gym се вика ама е во Тафталиџе позади горење 3 пати е 600 или 700 денари во зависност кое време идеш, а за секој ден е 800 или 900.
Иначе 10 кила мускул со P90X да пробуваш да качиш е лудило :)
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Момци ајде ако може совет да ми кажете што е најпаметно да направам. Имам проблем што никако не може да качам маса никаква , т.е. за мојата висина (175 цм) имам премалку (57 кг) иако активно (со многу мали паузи) вежбам p90x веќе 2 години, јадам и по 10 белки од јајца после вежбање и со сила јадам некогаш што повеќе храна , ама независно дали вежбам и се хранам највеќе што можам или ете паузирам со вежбање и пак внесувам истата количина на храна, ефектот нема од здебелување, си стојам констатно на бројката од 57-58 кг. Кажете ми совет што е најпаметно да се прави, далеку сум од чечкалица, ама сепак сум слаб и треба да качам бар едно 10кг, а никако не ми трга тоа од рака. Да престанам дома со вежбање да се префрлам на теретана, да земам да пијам нешто протеин whey gold и слични, да се префрлам на некоја друга програма поефективна од дома или што предлагате за солуција? Ако е теретана каде би било најефтино - најсплатливо, некако 1500 месечно не ми се дава. Благодарам однапред :)
колку години имаш? Претпоставувам дека си тинејџер =) ако си под 19 почекај некоја година стрпи се, и везжбај си полека учи ги вештините и здравиот начин на исхрана и живот. а резултатите ќе си дојдат
 
Член од
25 декември 2011
Мислења
404
Поени од реакции
185
Момци ајде ако може совет да ми кажете што е најпаметно да направам. Имам проблем што никако не може да качам маса никаква , т.е. за мојата висина (175 цм) имам премалку (57 кг) иако активно (со многу мали паузи) вежбам p90x веќе 2 години, јадам и по 10 белки од јајца после вежбање и со сила јадам некогаш што повеќе храна , ама независно дали вежбам и се хранам највеќе што можам или ете паузирам со вежбање и пак внесувам истата количина на храна, ефектот нема од здебелување, си стојам констатно на бројката од 57-58 кг. Кажете ми совет што е најпаметно да се прави, далеку сум од чечкалица, ама сепак сум слаб и треба да качам бар едно 10кг, а никако не ми трга тоа од рака. Да престанам дома со вежбање да се префрлам на теретана, да земам да пијам нешто протеин whey gold и слични, да се префрлам на некоја друга програма поефективна од дома или што предлагате за солуција? Ако е теретана каде би било најефтино - најсплатливо, некако 1500 месечно не ми се дава. Благодарам однапред :)
Теретана нема на накој чудесен начин да ти качи килажа, ке имаш некој памп ама очигледно и таа минимална количина на салце што го имаш сега ке ти изгоре од вежбање + тука и природен катабализм ке ти изеде малце и од мускули.
Така што очекувај дека ке ти го и поиздефенира твоето и така слабо телце ;) ,

со 57 кила ке ти дадам обратен совет - немој да идеш теретана жити се, тоа стварно жален поглед ке биде. Ке ги видеш огромни дечки од 100ка што дигат по 200 кг ке почнеш да се фураш, вежби ке правиш гарант погрешно = ке се траумираш и ке имаш срека ако тоа нема да биде нешто сериозно. Или ке те стави некој маалски "тренер" да правиш дед лифт и збогум кичмата.

Солуција ти е една - Среди си го животот.

Спиење 8-10 сати ама да биде од 10 навечер до 8 сабајле, 4-6 (4 треба да ти биде Минимум) пати дневно комплет оброци, кое било месо, преферирај компири, ориз, леб, кикирики. Прочитај за здрава храна во тред подоле, ама со памет, генерално можеш и треба да јадеш се. Цело време вуствари треба нешто да јадеш:D, тука нема многу философија јади шо ке стигнеш.
Ти треба не само протеин но и ЈХ што треба да ги внесуваш минимум 300-400 грама дневно( се мерат не после готвење а до!), цигари кафе алкохол - :neetaka:.
Вежбање дома рекреативно - шипки, склекови етц. Тегови заборај сеа за сеа.

Протеин веј може да си земеш и да дотураш чисто како додадок протеин. Со добра диета и здрав живот за 3-4 месеци ке треба да качиш барем 65 кила без никаква тере, тогаш бирум на форум ке те објасниме за теретана, вежбање етц. ама со 57 кила да идеш да креваш тегови, немој.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom