Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Додека не ја средиш исхраната нема да имаш никаков ефект, залудно ќе биде било кој топач.
Инаку не ти треба и за таму тренер, имаш на youtube милион видеа од професионалци како да ги изведуваш вежбите, полека со мали тежини ќе си ги учиш вежбите и ќе си правиш кардио, пливањето ти е супер да го вклопиш во целата рутина и пешачењето, али со пешачење до работа лека полека не очекувај да трошиш нешто посбно калории.
Animal Cuts од универзал ти се добар топач, али без средена исхрана пак ќе ти повторам џабе ќе ги земеш.
Се е во ред, ама со ова неможам да се сложам. Зашто? Затоа што, со бил кој спорт да започнете да се занимавате, штом се зачлените во институција, како клуб, мора да постојат норми и правила. Едно од тие се и стручни лица кои ќе ги упатат оние кои за првпат се сретнуваат со одреден спорт. Доколку решите да се занимавате со некој спорт, но сето тоа да го работите дома, не во веќе постоечки регистриран клуб за таа намена, можеби ќе разберам потреба од самоедуцирање и сурфање по интернет со цел да се запознаете со тајните на одреден спорт. Но, никако не се сложувам да бидете зачленети некаде и на своја рака да експериметирате со било што.
Овде не станува збор за изнајмување на личен трнер кој за ваши лични потреби ќе состави план за исхрана и тренинг и ќе ве следи за цело време на изведување на твој план и постигнување на резултати. Овде станува збор за основа, која основа штом станете член во регистриран клуб, некој од ангажираните стручни лица во клубот има обврска да ви ја покаже и да ве упати во основите на овој спорт и на сите останати спортови. Тоа е изведување на основни вежби на правилен начин, серии, повторувања, основен начин на исхрана и како би изгледало сето тоа.
Како би било да се зачленам на карате и подучен од youtube почнам да практикувам свој начин и систем на карате тренинг?! Сигурен сум дека веднаш ќе ми ја вратат чланарината и ќе ме пратат дома.
Од овде започнуваат сите проблеми во бодибилдингот, што секој мисли дека може да го научи од интернет и што се сигурни дека го научиле и станале експерти. НО, проблемот не е само во тие што на тој начин учат. Проблемот е и во пристапот на клубовите кои тоа во корен не го пресечат, како во примерот со каратето.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.707
Поени од реакции
27.670
Ете го тој тренерот, прочита „не треба тренер“ и одма дојде да се јави, лол.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.978
Поени од реакции
35.945

1.Јас само сакам да ве прашам дали сметате дека сите што се „инструктори“ и „фитнес-бодибилдинг“ тренери во Македонија имаат познавање за истото и се квалификувани за таа работа?

2. Како вие го замислувате тој тренер?
Јас лично во теретаните каде што сум вежбал имало тренери кои или биле студенти кои работат таму за тие 9000ки колку да им излезе некој денар дополнително, си седат и подаваат клуч кога некој доаѓа, а во меѓувреме си читаат тоа што им е за на факултет или си играат на телефон, таков не давам ни на точак да ми покаже како да вртам, а не пак да ми покаже како да изведувам некоја комплексна вежба.

Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
1.Јас само сакам да ве прашам дали сметате дека сите што се „инструктори“ и „фитнес-бодибилдинг“ тренери во Македонија имаат познавање за истото и се квалификувани за таа работа?

Еве да ти одговорам. НЕ. Не сметам и сигурен сум, дека сите кои се преставуваат како инструктори не се инструктори и немаат соодветно познавање. Тоа не е во ред и тоа мора да сопре еднаш за секогаш. На тие места се знае дека мора да има квалификувани луѓе кои професионално ќе си ја обавуваат работата.

2. Како вие го замислувате тој тренер?
Јас лично во теретаните каде што сум вежбал имало тренери кои или биле студенти кои работат таму за тие 9000ки колку да им излезе некој денар дополнително, си седат и подаваат клуч кога некој доаѓа, а во меѓувреме си читаат тоа што им е за на факултет или си играат на телефон, таков не давам ни на точак да ми покаже како да вртам, а не пак да ми покаже како да изведувам некоја комплексна вежба.
Немам јас потреба да замислувам или измислувам било што, што веќе постои. Се знае дека само стручно оспособен може да покажува, демонстрира и води тренинзи, во сите споротви, па и во бодибилдингот. Може да се ангажираат лица кои не се стручни и кои ќе даваат клуч или ќе средуваат низ сала, но стручниот дел е работа на стручни лица и тука нема филозофија. Не ли така? Или е подобро некој како погоре бисерот да дели совети најдени на интернет пребарувач, од причина што се смета за интелигентен и дека ова не е филзофија? Зашто само во бодибилдингот, зашто нема исти или слични појави во другите спортови? Неможеш да основаш фудбалска школа и притоа правиш кампањи по социјални мрежи, рекламирајки се како стручно лице, а да не си тоа.
[DOUBLEPOST=1481368863][/DOUBLEPOST]
Ете го тој тренерот, прочита „не треба тренер“ и одма дојде да се јави, лол.
Се пронајде во текстот, гугул експертот и почна да плаче...
Толку ли ти е тешко да го прочиташ и сватиш текстот кој го имам пишано или полесно е да се истресеш, па макар и глупост да е?
 
Последно уредено:

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Немат потреба да плаќат тренер, 99% од овде сме почнале сами, со другар, сме нашле таму другарче и т.н, јас само колку имам запознаено со помаѓање измеѓу себе.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.978
Поени од реакции
35.945
Еве да ти одговорам. НЕ. Не сметам и сигурен сум, дека сите кои се преставуваат како инструктори не се инструктори и немаат соодветно познавање. Тоа не е во ред и тоа мора да сопре еднаш за секогаш. На тие места се знае дека мора да има квалификувани луѓе кои професионално ќе си ја обавуваат работата.

Немам јас потреба да замислувам или измислувам било што, што веќе постои. Се знае дека само стручно оспособен може да покажува, демонстрира и води тренинзи, во сите споротви, па и во бодибилдингот. Може да се ангажираат лица кои не се стручни и кои ќе даваат клуч или ќе средуваат низ сала, но стручниот дел е работа на стручни лица и тука нема филозофија. Не ли така? Или е подобро некој како погоре бисерот да дели совети најдени на интернет пребарувач, од причина што се смета за интелигентен и дека ова не е филзофија? Зашто само во бодибилдингот, зашто нема исти или слични појави во другите спортови? Неможеш да основаш фудбалска школа и притоа правиш кампањи по социјални мрежи, рекламирајки се како стручно лице, а да не си тоа.
[DOUBLEPOST=1481368863][/DOUBLEPOST]
Се пронајде во текстот, гугул експертот и почна да плаче...
Толку ли ти е тешко да го прочиташ и сватиш текстот кој го имам пишано или полесно е да се истресеш, па макар и глупост да е?
Убаво што е измислено, но не се практикува, а не верувам ни дека ќе се практикува тука.
Познавам и луѓе кои се фалат дека имаат пусулче за лиценцирани тренери, али знаењето колку што сум видел им е дури и пониско од некои „интернет експерти“, големи пропусти има во овој спорт како и во секој во држава, намерни или не, не би сакал да навлегувам.
Може да бидеш тренер на фудбалски клуб, а да не знаеш да играш ти лично фудбал, клубските спортови, а голем дел и од другите се стратегија, за добар стратег не треба да си баце што го поминало животот со кошкање на топка низ малото и низ локалните клубови.
Каков тип на обука и тестови има наменето за тие лиценцираните тренери за бодибилдинг во државава, ако не ти е проблем те молам да ни објасниш детално или да ни дадеш линк од програмата која опфаќа таков тип на студии/курс и од која литература се изучува теорискиот дел, дали има практичен дел и кое стручно лице го држи истиот?

На интернет може да се најде и добра литература, од докажани светски експерти во оваа област, еве дел од литературата што ја поседувам:

Periodization Training for Sports: Science-Based Strength and Conditioning Plans for 17 Sports by Tudor Bompa
Theory and Methodology of Training by Tudor Bompa
Serious Strength Training by Tudor Bompa
Strength Training Anatomy-3rd Edition - Frederic Delavier
Bigger Leaner Stronger: The Simple Science of Building the Ultimate Male Body
Muscle Revolution-Chad Waterbury
Bodybuilding Nutrition-Skip la Cour
The Black Book of Training Secrets-Christian Thibaudeau
Special Strength Training-Yuri. V. Verkhoshansky
Nutrition in Exercise and Sport- Edited by Ira Wolinsky
Theory and Application of Modern Strength and Power Methods-Christian Thibaudeau

и уште еден куп тренинг програми од професионалци како: Ben Pakulski, Charles Glass, George Farah....

Интернетот е прекрасно место доколку правилно се користи, сметам дека е голема грешка тоа што се потценува знаење стекнато таму, доколку тоа знаење е стекнато од литература која е светски докажана, разбирам дека ние Македонците сме библиски народ и дека тоа што ние го знаеме никој друг не може да го знае, ама убаво е да прочитаме малку и од други народи :)

Член од
8 јануари 2015
Мислења
150
Поени од реакции
43

Точно и убаво кажа погоре дека на оние "интруктори" по теретаните ни на точак не треба да им се даде да ти објаснат што како.Во јануари едно девојче почна да вежба значи првпат во теретана влезе во фебруари беше вработена и "фитнес тренер" еве до каде оди овој спорт.
 
Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Незнам дали е до мене, што неможам да објаснам убаво или е до вас кои се обидувате да не ја разберете суштитаната на проблемот.
Мака мачам цел живот на оваа тема, ама бидете сигурни дека ќе се практикува. И тоа много скоро.
- Кажи ми кои се луѓето кои ги познаваш и ти покажале (не дека се фалат) документ каде тие имаат знаење или се стручно оспособени за звањето бодибилдинг или фитнес тренер, па ќе ти кажам колку од тоа држи вода или не. Немора јавно да пишеш, прати порака.
- Пропуст има од заклучокот кој на крајот самиот го донесе. Ние сме народ кој се знае и доволно е само да наслушне нешто и стануваме експерти во секоја област.
- Очигледно дека не ја познаваш поставеноста на стручниот тим кој работи на фудбалските терени, штом даваш вакви примери и коментари. Едно е стратег, а сосема друго се стручните лица кои се околу него и ги работат тренинзите, водат грижа за начин на исхрана, суплементација и здравје на спортистите. И што е најинтересно, дури и тој стратегот, кој можеби бил лош фудбалер, мора да има признат документ за да се преставува како таков.
- Постои Закон за Спорт на РМ, во кој е прецизно напишано кој може да биде стручно лице во спортот. Според тој закон,
Членот 27 вика вака:
"Стручни кадри во смисла на овој закон, се лица кои имаат завршено најмалку више образование во областа на спортот, или стекнато лиценци добиени од соодветна меѓународна спортска асоцијација".
Она кое во поголемите спортови постои, а полека почнува да се воведува и во помалите меѓу кои е и бодибилдингот е воведување лиценци со кои ќе се прецизира познавањето во одреден спорт, од причина што основата се учи во спортските школу (средни училишта и факилтетите за спорт) но вистинскиот спорт се учи само ако си дел од него. До сега во бодибилдингот лиценци соодветно Законские регулативи се немаат издадено. Од нова година веќе почнуваме со издавање на истите и секој клуб кој е член во националната федерација, ќе мора да има во своите клубови лиценцирани инструктори. Од прикачениот документ можеш да ја видиш прогамата по која ќе се работи, а лицата кои ќе го изведуваат теоретскиот и практичниот дел се луѓе од ФФК, медицнински факултет и националната федреација кои имаат соодветна стручност во тоа поле (поседуваат диплома од ФФК, лиценца од меуѓнародната федерација и имаат 30 годишно искуство во професионалниот спорт).
- Е сега, дали ти или било кој друг повеќе ќе има доверба на интернет школите (што не би ме изненадило со оглед на генот кој македонецот го носи во себе) или ќе верува на луѓето кои ќе ги водат тие курсеви овде во МК (а документот кој ќе се добие од тие курсеви е единствениот легитимен) тоа е ваш избор и право на избор.

Се работи за тоа да се стави крај на циркузијадата која постои, да во иднина немаме интернет гуруа и инструктори кои ќе бидат дел од инструкторите кои работат во клубовите во државава и покажуваат вежби, пишуваат план за исхрана (некои веќе пишуваат и циклуси за користење на лекови) а да притоа губи целиот спорт во целина, а како виновни на крајот не е никој друг освен луѓето кои се долги години во овој спорт и самата национална федерација.[DOUBLEPOST=1481539346][/DOUBLEPOST]
Немат потреба да плаќат тренер, 99% од овде сме почнале сами, со другар, сме нашле таму другарче и т.н, јас само колку имам запознаено со помаѓање измеѓу себе.
Не станува збор за ангажирање на тренер и плаќање. Се разботи за основно упатување во спортот, кое е нужно да го направат следејки упаства од стручно лице, а не од надри инструктор. Сосема поинаку е кога првите чекори ќе се направат со помош на стручно лице, а сосема поинаку и погрешно е да се учат на сопствени грешки. Значи, ако се зачлените во некој клуб, тој со Закон е должен да има ангажирано стручно лице кое ќе ве води и ќе ви ги покаже основите на овој спорт (основни вежби, правилен начин на нивно изведување, основно познавање од исхрана....). Се над ова е индивидуална надградба за која е потребно многу повеќе од познавање на основата.
 
Attachments

Последно уредено:
Член од
19 март 2012
Мислења
383
Поени од реакции
210
^Бодибилдинг не е спорт.
За рекреативно вежбање у теретана на никој не му треба личен тренер.
 
L1quiD

Only Trees Grow Naturally
Член од
17 мај 2010
Мислења
139
Поени од реакции
108

За првата работа - во бодибилдингот има вклучено физичка активност и натпреварување, каде и двете алудираат на спорт, што и практично е.
За втората работа, речиси целосно се согласувам, индивидуална работа е, не може да кажеш не ти треба, туку не мора.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.707
Поени од реакции
27.670
За првата работа - во бодибилдингот има вклучено физичка активност и натпреварување, каде и двете алудираат на спорт, што и практично е.
Бодибилдингот како таков термин не е спорт туку е тренинг. И после ако сакаш одиш маслосан и исончан на изложба.
Ова не е спорт. Вака може секакви глупости да дефинираме ко спорт.
Кревањето тегови на пример, може да биде спорт. Кога двајца или повеќе се натпреваруваат кој ќе крене повеќе.
In the early 2000s, the IFBB was attempting to make bodybuilding an Olympic sport. It obtained full IOC membership in 2000 and was attempting to get approved as a demonstration event at the Olympics which would hopefully lead to it being added as a full contest. This did not happen.
This did not happen
This did not happen
This did not happen
 
Член од
29 септември 2016
Мислења
464
Поени од реакции
285
бодибилдинг натпреварите ти се како избор на мис ама за мажи
 
L1quiD

Only Trees Grow Naturally
Член од
17 мај 2010
Мислења
139
Поени од реакции
108
Бодибилдингот како таков термин не е спорт туку е тренинг. И после ако сакаш одиш маслосан и исончан на изложба.
Ова не е спорт. Вака може секакви глупости да дефинираме ко спорт.
Кревањето тегови на пример, може да биде спорт. Кога двајца или повеќе се натпреваруваат кој ќе крене повеќе.
In the early 2000s, the IFBB was attempting to make bodybuilding an Olympic sport. It obtained full IOC membership in 2000 and was attempting to get approved as a demonstration event at the Olympics which would hopefully lead to it being added as a full contest. This did not happen.
This did not happen
This did not happen
This did not happen
Не треба никакво официјално прифаќање од било која институција. Самите си имаат свои политики зашто тоа не го прифаќаат. И самиот знаеш колку е бодибилдингот во подем и колку многу натпревари се одржуваат, не можеш да кажеш дека сe' може да се дефинира како спорт. За ова да го разбереш ти е потребна чиста логика.
 
Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Бодибилдингот како таков термин не е спорт туку е тренинг. И после ако сакаш одиш маслосан и исончан на изложба.
Ова не е спорт. Вака може секакви глупости да дефинираме ко спорт.
Кревањето тегови на пример, може да биде спорт. Кога двајца или повеќе се натпреваруваат кој ќе крене повеќе.
In the early 2000s, the IFBB was attempting to make bodybuilding an Olympic sport. It obtained full IOC membership in 2000 and was attempting to get approved as a demonstration event at the Olympics which would hopefully lead to it being added as a full contest. This did not happen.
This did not happen
This did not happen
This did not happen
Бодибилдинг е визуелен спорт. Не може да биде олимписки спорт бидејќи нема баш активна натпреварувачка дисциплина, меѓутоа постои федерација, постојат натпревари, постојат системи на бодување, постојат шампиони и постојат губитници. Така да реално, спорт е.

Теретана па е место на кое се обавува тренинг. Тренингот во теретаната не мора да биде секогаш бодибилдинг, може комотно да е и кондиционен или силов тренинг. Дигање на тегови ( weightlifting) , што беше спомнато погоре како олимписки спорт, исто така се тренира во теретаната. Така да размислувањето дека теретана е исклучиво установа за бодибилдинг ја прави забуната кога праиме муабет на темава.

Персонален тренер се зема по потребата поради која сте во теретана.
У теретани генерално кај нас работат дечки што уште студираат нешто од област на спорт или завршиле, и имаат генерално познавање на вежби - а не конкретно знаење.
И тоа е сосема во ред за онакви маалски теретани во кои плаќаш 1000 денари месечно за користење на справи. Така вработениот па баш и нема некоја функција, поише е касиер него тренер.

Реален фитнес тренер е човек за кој плаќате надвор од трошоците за просторот, кој очекувате да ви ги филтрира податоците (кој се согласувам дека во голем дел се достапни на интернет, фала ти google ) за вие да не мора да се замарате со читање 3-40 книги на тема фитнес.
Фитнес тренер се најмува и се плаќа ако не сакаш да се замараш со маалски муабети и да тепаш 10 години на нешто што со некој стручен на темата би можел да го напраиш за 6 месеци без да се повредиш у процесот.
Така да, се согласувам дека не е есенцијално сите што ќе почнат со теретана да најмат фитнес инструктор. Меѓутоа тренер се најмува во корист на време,резултати кои ги очекуваш, намалување на шанса за повреда или ако си заинтересиран компетитивно да почнеш да се занимаваш со спортот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom