Бодибилдинг lifestyle?

Која е вашата цел од посетувањето на теретана?

  • Слабеење

    Гласови: 15 20,8%
  • Добивање на мускулна маса/телесна тежина

    Гласови: 51 70,8%
  • Професионална посветеност кон спортот (бодибилдинг)

    Гласови: 6 8,3%

  • Вкупно гласачи
    72
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Прво да напоменам дека темава нема никаква врска со оваа тема и токму затоа ја отворив да разјасниме некои дилеми околу бодибилдигот.

За почеток би ве прашал, како вие гледате на бодибилдингот како дел од вашиот живот (оние кои го практикуваат) и која е ви е целта?

Зошто повеќето луѓе одат во теретана за 2 причини, а тоа
- слабеење
- мускулна маса

Ретко кој го почитува бодибилдингот како спорт кој што е на исто ниво со фудбалот, кошарката, боксот. Ништо повеќе/помалку подобар.

Самиот збор body building означува всушност градба (градење) на телото (мускулите) кај нас познати како две фази - Маса и Дефиниција.

Делот од насловот lifestyle бидејќи бара комплетна посветеност, со тоа што се менува целиот начин на живот.
Исхраната, спиењето и упорноста се најбитните фактори кои ќе ве доведат до сигурни резултати.


Суплементацијата е неизбежен дел на секој професионален/аматерски бодибилдер.

Луѓето обично ја сфаќаат како хемија, која и самите незнаат да си ја разјаснат.
Хемијата како таква е застапена насекаде околу нас.
Ако во хемискиот процес реактантите мунуваат во продукти се нарекуваат неповрадни реакции ( иневирзебилни ) Ако хемиски процес се одвива во две насоки реактантите реагираат даваат продукти, а продуктите пак реактанти ( повратен процез ), а пример за тоа е дишење кај човек.

Општо сфаќање, протеините, амино киселините, витамините, минералите и многу други суплементи се добиени преку хемиски пат но се 100% природни!

Затоа ако некој ви мрчи, како вие сте “хемичар“ со тоа што користите еден обичен Whey протеин, само свртете ја главата и продолжете да вежбате.

Освен, оној дел, кои во бодибилдингот е познат како АНАБОЛИЦИ (стероиди) кои се добиени по хемиски пат и се штетни.

Колку е всушност почитуван овој спорт кај нас?
Која е вашата цел со одењето во теретана?
 
Член од
9 јуни 2008
Мислења
1.380
Поени од реакции
804
Лично јас не идам со некој професионални намери или пак да се напраам два на два што се вика, идам да се разонодам да се истекнам, вишак енергија да истрошам да запнам да се препотам кога ми е денот, веќе скоро година вака редовно идам, мускули имам не нешто изразито големи но не ми е и целта тоа, бидеќи не внимавам претерано многу на храна, кога ми се пружа свинче на маса си кркам, едноставно идам од мерак, уживање при вењбање...
а иначе дали зимам нешто, не зимам чисто онака дека не планирам нешто посериозно тело да правам во спротивно бар хемија/биохемија сум ги изучил и немам проблем да земам протеини и слично.
 

Noorotic

пецач на риби
Член од
22 февруари 2011
Мислења
892
Поени од реакции
383
Па јас рецимо коа почнав да вежбам ми се смени лајф стајлот, Почнав да легнувам да станувам на време (накај 23 сат легнува а станував накај 9ипол) и супер ми беше не ме болеше глава или да се чувствувам изморено никад, јадев само здрава храна, џанк фуд немав пробано, ни алкохол, 1 година додека вежбав, и имаф добри резултати задоволен бев,сега 1 година правам пауза ради обавези ама планирам да почнам пак, немам пиено хемии, 3 пати неделно по саат ипол вежбав, професионално не би се занимавал со боди билдинг, пошто доста скап е а и малце платен спорт... а башка не планирам да зимам тестостерон или стероиди, ке земам само во иднина протеини пошто се природни од сурутка да видам како е...не вежбав за маса или дефиниција, си имаф искомбинирано од двете да добијам маса ама тоа да не биде сало, за да не мора па после да слабеам ради дефиниција...
 

Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Јас сум во овој спорт од 1983 година. На почетокот рекареативно со желба да станам помасивен, но подоцна и со желба да си ја одмерам силата на сцена како натпреварувач.
Последните 15 години сум со една цел, ова да го направам популарен спорт и дел од спортската фамилија во Макеоднија. Како за почеток. А спортистите во овој спорт и дисциплини да добијат заслужена почит и награда за своите успеси.
 
П

Паган-др

Гостин
Одам едноставно да си докажам и покажам дека можам и јас да имам добро издефинирано и градено тело. Се надевам дека ќе отидам до крај...
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Одам едноставно да си докажам и покажам дека можам и јас да имам добро издефинирано и градено тело. Се надевам дека ќе отидам до крај...
Обично првите два-три месеца додека ја стекнеш навиката е тешко, ако ги "пребродиш" без многу тешкотии ќе ја стенеш дневната рутина (јадење-вежбање-јадење-спиење) и нема да ти претставува никаков проблем.
Нормално се зависи од тоа колку си посветен и истраен во спортот.
 

Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Мене, и покрај толку години, ако направам пауза ми се најтешки првите два три месеци...
Еве еден текст кој како вовед го имам напишано за книгата која ја подготвувам еден период.

"Значи одлучивте да го направите првиот чекор во обликувањето на телото и да го измените начинот на вашето живеење. Тоа прествавува возбудливо патување, патување низ кое многупати ќе ја тестирате вашата волја и сила. Оние кои ќе успеат со стизнати заби да ги преминат сите тие тренинзи и диети, ќе стигнат до својата цел на неверојатна трансформација. По само два месеци од програмот кој во наредните неколку денови јас ќе го преставам овде на овие страни, ќе се почувствувате посилни и полни со енергија. Истотака ќе приметите и убави промени на вашиот телесен изглед.
Не, за жал нема да станете така мускулести преку ноќ, но со трпение и упорност, ќе дојдете и до тамо. Имајте на ум, дека со помош на бодибилдингот, вашиот надворешен изглед и негоават промена е секундарната придобривка од овој прекрасен спорт. Со помош на тежинските тренинзи, со правилниот начин на исхрана, ќе успеет не само во промена вашиот надворешен изглед, туку и до подобрување на кардио васкуларниот и респиратонсиот систем на вашиот организам.Ќе бидете поздрави. Тоа е факт кој е научно докажан. Ќе бидете поотпорни на болести, зголмеувајки го имнунитетот, ќе го налите стресот, вашите коски ќе станат поцврсти и вашата крв ќе стане поздрава.
Бодибилдингот како начин на живеење ќе го подобри секој аспект од вашето постоење, самодоверба, самоконтрола, и неограничено чувство за достигнувања. Користте го форумот и страниците на ХЕРКУЛЕС, како алат и лесно ќе ја достинете вашата цел.
Ви посакувам среќа и успех во обликувањето на телото. "
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Кај мене владее она обратното, најтешки се деновите кога паузирам, особено на секои три месеци правам по една недела пауза. Тоа е вистинска тортура.

Инаку претседателе, чекаме на книгата.
По горе напишаното мириса на добро парче, не се ни сомневаме во тебе.
 

Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Даја избистрам убаво главата, па ќе седнам и ќе ја комплетирам. Текстот е готов, само убаво ќе биде да има интересни слики во неа :)
 

Mj

Маестро
Член од
25 јануари 2008
Мислења
754
Поени од реакции
212
Бодибилдингот и општо вежбањето со тегови е прекрасна работа. Денес 99% од спортистите користат тегови во своите тренинзи за да станат посилни, да имаат балансирана мускулатура итн за да бидат подобри во својот спорт. Но во денешно време за да се биде успешен во бб во и надвор од границите на нашата држава потребни се доста финансиски средства. Особено надвор бидејќи потребен е хормон за раст (HGH) врз претходно користење на стероиди (AAS) за да се достигне физикус кој ќе парира со професионалците. Тоа се многу пари. Исхраната мислам дека може да се покрие со просечна плата, но дискутабилно е и ова, се разбира ако се направат одредени жртви во начинот на живот.
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Дефинитивно најтешки денови кога не се вежба.. кога се паузира.. таа енергија што не се троши едноставно ќе ме убие..
 

Mj

Маестро
Член од
25 јануари 2008
Мислења
754
Поени од реакции
212
Дефинитивно најтешки денови кога не се вежба.. кога се паузира.. таа енергија што не се троши едноставно ќе ме убие..
Во такви моменти супер е да имаш девојка. Има после другарките нејзини да те гледаат поинаку и да ти стигаат анонимни пораки за средби на моб, fb итн. :) Една од повеќето доблести кога си физички спремен. :)
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Кога почнав во теретана почнав за да добијам мускулна маса, и онака да вежбам нешто, другарите одеа па и ја :). Од "хемија" имам само една канта whey испиено. После ми пројде меракот за големи мускули и не знам што, почнав нешто боречки вештини и сега само од вратило и од склекови праам мускули :D.
 
Член од
3 јануари 2011
Мислења
27
Поени од реакции
1
dali nekoj ja ima knigata " Takmicarski bodibilding" od Nenad Vuckovic....ili na net ako mozi da se najde...
 

Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
dali nekoj ja ima knigata " Takmicarski bodibilding" od Nenad Vuckovic....ili na net ako mozi da se najde...
Каде ти текна за оваа книга...треба да ја имам дома, некаде во колекциите.
Незнам дали сеуште се продава и дали има некој нов примерок, но следното гледање со Г-дин Вучковиќ ќе прашам. Ако има ќе донесам во МК.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom