- Член од
- 18 април 2015
- Мислења
- 59
- Поени од реакции
- 104
Ја го зимав термо спеед екстрим, го иам пробано и хардкор но имаше големи количини екстрати од пиперки и ми делуваа лошо на желудникот бидејќи вежбав по 3 саати од оброк, екстрим не ми правеа проблеми. Не очекувај ништо прочитај состав и ќе видиш дека нема апсолутно ништо што праи wow за слабеење ама ги земав јас ко еден вид pre-workout има екстрати од зелен чај и кофеин така да ќе имаш енергија повеќе да речеме. L-carnitine го сметат ко пласебо не е толку многу истражен за разлика од креатин да речеме кој сигурно делува.. го користев и јас и неможам да ти кажам дали делува или не. Би ти препорачал да се загрееш едно 10 минути со било која справа за кардио, па да вежбаш што ќе вежбаш тегови и после да завршиш со јако кардио и гледај да не е тоа вртење со иста јачина 20-30 минути туку расчитај како да правиш HIIT(high intensity interval training) со точакот орбитрекот или што и да користиш. За исхрана и јас препорачувам ниско јаглехидратна диета хроно/кето и на ова се уште да убациш intermittent fasting... резултати ќе имаш со сигурност. Само ако ова ти е прв пат да вежбаш и да слабееш лесно е да мислиш дека многу вежбаш и дека многу може/треба да јадеш, мора да си во калориски дефицит за да слабееш затоа совет симни си My fitness pal и почни да броиш калории.Минатата недела почнав во теретана. Целта ми е слабеење некои 10 -15кг. Сменив начин на исхрана, исфрлив леб, благо. Одам четири пати неделно, пола саат кардио вежби(точак, орбитрек...) и после тоа уште пола саат на справи. Сакам да ве прашам пошто немам ич искуство дали треба да пијам нешто за согорување масти. Значи примарна цел ми е намалување на тежина.
од нутри шоп ми понудија ова:
Може да се направи комбинација од термогени топачи на масти составени од екстракти кои го забрзуваат метаболизмот и даваат енергија во комбинација со Л-карнитин кој ги транспортира мастите во телото и ги користи како енергија
Термогените топачи се термо спид хардкоре 30капсули - 390ден се пијат 2 капсули дневно 1 наутро и 1 пред тренинг
Давајте некој совет