Бодибилдинг суплементи

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Го нема ни на бодибилдинг сајтот можеби е запрено произвотството, но преку другар ќе проба да го најде и да ми го донесе ќе видиме и така дури во септември се прибираат овие cо Work and Travel што одат.
А случајно да не знаеш некој друг суплемент што во составот содржи 1,3 dimethylamylamine ?
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Фокус, сила, ме интересира да осетам метилхексанамини како работат во комбинација со кафеин.
Такви продукти се банирани од повеќето држави затоа што таа состојка има сериозни несакани последици врз конзументите. Во основа, тоа што го имам читано, е дека прави повеќе лошо отколку некој boost во перформанс.

Февруари оваа година двајца војници во Америка починаа од конзумирање баш таков суплемент кој содржи 1,3 dimethylamylaminе. Колабирале за време на обичен физички тренинг, а само тие двајца го користеле овој продукт. Коенциденција?

Мислам дека треба од разни извори да истражиш шро се прави оваа состојка поединечно (и како чиста субстанца) и како додаток во суплемент, пред да се решиш да го пробаш. Јас мислам доволно причини има против било каква конзумација на продуктов, не гледам зошто би се кљукал со ваква глупост навистина. Истите посакани ефекти можеш да ги добиеш и на други начини, не со ова.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Незнам зошто го нема по Скопје, во теретаната кај мене нон стоп носат нови и нови Jack3d на продажба :D
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Незнам зошто го нема по Скопје, во теретаната кај мене нон стоп носат нови и нови Jack3d на продажба :D
Па не би требало да ги носат. Во Скопје ваљда читнале нешто или се консултирале со компетентни лица па ги тргнале од продажба како и во поголемиот дел од западните земји.
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Такви продукти се банирани од повеќето држави затоа што таа состојка има сериозни несакани последици врз конзументите. Во основа, тоа што го имам читано, е дека прави повеќе лошо отколку некој boost во перформанс.

Февруари оваа година двајца војници во Америка починаа од конзумирање баш таков суплемент кој содржи 1,3 dimethylamylaminе. Колабирале за време на обичен физички тренинг, а само тие двајца го користеле овој продукт. Коенциденција?

Мислам дека треба од разни извори да истражиш шро се прави оваа состојка поединечно (и како чиста субстанца) и како додаток во суплемент, пред да се решиш да го пробаш. Јас мислам доволно причини има против било каква конзумација на продуктов, не гледам зошто би се кљукал со ваква глупост навистина. Истите посакани ефекти можеш да ги добиеш и на други начини, не со ова.
Медуимите и „големците“ бараат само разлог да се тргне производот од продажба, бидејќи е навистина ефективен за разлика од останатите пласибо ефект произовиди.
И кога една компанија за суплементи (нема да именувам) вредна милијарди долари, ќе добие сериозна конкуренција од помала компанија (USP labs), која притоа нуди вистински резултати за мали пари, тогаш тие големци ќе направат се, па макар и светска анти-реклама само да останат на првото место.

Ти си читал разни статии низ интернетов, но доколку не си научник кој посебно го изичувал диметилот не треба да донесуваш брзи заклучоци без никакви факти.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Медуимите и „големците“ бараат само разлог да се тргне производот од продажба, бидејќи е навистина ефективен за разлика од останатите пласибо ефект произовиди.
И кога една компанија за суплементи (нема да именувам) вредна милијарди долари, ќе добие сериозна конкуренција од помала компанија (USP labs), која притоа нуди вистински резултати за мали пари, тогаш тие големци ќе направат се, па макар и светска анти-реклама само да останат на првото место.

Ти си читал разни статии низ интернетов, но доколку не си научник кој посебно го изичувал диметилот не треба да донесуваш брзи заклучоци без никакви факти.
Не зборам на празно, ако на тоа мислеше. Читав дали постојат нус појави, и дознав дека и тоа како ги има. Воопшто не се препорачува за луѓе што се занимаваат со (било каков) спорт. Аргументи од медицински анализи.

USP Labs тврди дека го добива од билки, преку сушење на биомасата, па дестилација, дрн дрн, како есенцијално гераниум масло, но субсеквентни анализи од други групи покажуваат дека таквата хемиска форма се добива единствено преку синтетички пат во лабораторија.

Батали конкуренција, мене ме интересираат вистински тестови врз здравјето, и консеквентни ефекти. Со други зборови (од горенапишаното), нема ништо природно во таа состојка. Единствено се продава како таква. Фурачка реклама.

Мене не ме интересира дали е ефективен или не, ако има сериозни последици по здравје. Или ќе побарам друг продукт кој нема такви нус појави, или едноставно ќе терам како шшто сум терал до сега.

А премногу негативно ја отсликуваат целата работа околу 1,3 dimethylamylaminе разни портали за нутриција, здравје и медицина.
 

Biljbilj08

1987
Член од
19 ноември 2011
Мислења
698
Поени од реакции
312
Може да ми кажете што суплемент да земам за енергија/сила?
 

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Може да ми кажете што суплемент да земам за енергија/сила?
Зависи покрај сила што сакаш да постигнеш ?
Да набројан неколку:

Ако ти е за накачување на мускулна маса, креатинот ќе ти даде сосема доволен boost во силата за време на вежбањето, т.е ќе можеш да креваш повеќе/да ги зголемиш мускулите.

L-carnitine е исто така популарен суплемент кој ти „топи масти“ и ти дава енергија , најчесто го користат за кардио тренинзи, ама можеш и за тежински тренинзи да го користиш.

Таурин е не многу популарен суплемент кој ти дава енергија (го има во ред-бул) која те држи буден и ти дава чувство на анксиозност и живост.

Кофеин, веќе знаеш од кафе што му се ефектите, и него можеш како суплемент да го земеш.

ZMA - комбинација од Цинк, Магнезиум и Б6 која наводно ќе ти го покачи нивото на тестостерон и ќе ти даде енергија при вежбање (на подолготраен рок)

Потоа имаш суплементи како креатински комплекси, horse power, комбинација од повеќе, горенаведенот Jack3d и слично.
 

Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Не зборам на празно, ако на тоа мислеше. Читав дали постојат нус појави, и дознав дека и тоа како ги има. Воопшто не се препорачува за луѓе што се занимаваат со (било каков) спорт. Аргументи од медицински анализи.

USP Labs тврди дека го добива од билки, преку сушење на биомасата, па дестилација, дрн дрн, како есенцијално гераниум масло, но субсеквентни анализи од други групи покажуваат дека таквата хемиска форма се добива единствено преку синтетички пат во лабораторија.

Батали конкуренција, мене ме интересираат вистински тестови врз здравјето, и консеквентни ефекти. Со други зборови (од горенапишаното), нема ништо природно во таа состојка. Единствено се продава како таква. Фурачка реклама.

Мене не ме интересира дали е ефективен или не, ако има сериозни последици по здравје. Или ќе побарам друг продукт кој нема такви нус појави, или едноставно ќе терам како шшто сум терал до сега.

А премногу негативно ја отсликуваат целата работа околу 1,3 dimethylamylaminе разни портали за нутриција, здравје и медицина.
Незнам што си прочитал, но нема врска со тврдењето за штетните последици по здравјето на луѓето.

http://herkules.com.mk/index.php?option=com_kunena&Itemid=56&func=view&catid=42&id=29309

http://dmaaresearch.com/
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Незнам што си прочитал, но нема врска со тврдењето за штетните последици по здравјето на луѓето.

http://herkules.com.mk/index.php?option=com_kunena&Itemid=56&func=view&catid=42&id=29309

http://dmaaresearch.com/
http://www.ultimatefatburner.com/1-3-dimethylamylamine-review.html

http://www.mindandmuscle.net/articles/13-dimethylamylamine-geranamine/

http://www.webmd.com/vitamins-supplements/ingredientmono-1258-DIMETHYLAMYLAMINE.aspx?activeIngredientId=1258&activeIngredientName=DIMETHYLAMYLAMINE

http://en.wikipedia.org/wiki/Methylhexanamine

http://www.stuff.co.nz/national/health/790988

http://www.nutraingredients.com/Regulation/New-Zealand-Jack3D-is-a-narcotic

http://www.nutraingredients.com/Regulation/EU-authorities-set-to-follow-US-DMAA-alarm

http://www.nutraingredients.com/Regulation/Food-Medicine-Neither-UK-agencies-trying-to-get-to-bottom-of-DMAA-status

http://www.nutraingredients.com/Industry/Coming-clean-Will-the-real-DMAA-please-stand-up

.....

Треба да продолжам?

На крај краева, еве, да ти помогнам.

Место јас да дробам за ова, треба ти и Myers да дадете предупредување за истото, после фалењето на производот, и каде може да се набави. Бидејќи корисниците треба да бидат свесни за потенцијални нус-појави и несакани последици од приозводот кој го користат. И сметам дека е доста неодговорно од ваша страна што тоа не го правите (затоа што не сте истражиле доволно).

Да, има одредени позитивни ефекти, но кои траат кратко, или премногу интензивно, за само да ги снема после доста нагло. Кај некого не го снемува нагло. Не е важно. Важно е дека доволно истражување е направено и дека има докази за тие нус појави кои ги зборам. Ти давам релевантни извори.
 

Biljbilj08

1987
Член од
19 ноември 2011
Мислења
698
Поени од реакции
312
Зависи покрај сила што сакаш да постигнеш ?
Да набројан неколку:

Ако ти е за накачување на мускулна маса, креатинот ќе ти даде сосема доволен boost во силата за време на вежбањето, т.е ќе можеш да креваш повеќе/да ги зголемиш мускулите.

L-carnitine е исто така популарен суплемент кој ти „топи масти“ и ти дава енергија , најчесто го користат за кардио тренинзи, ама можеш и за тежински тренинзи да го користиш.

Таурин е не многу популарен суплемент кој ти дава енергија (го има во ред-бул) која те држи буден и ти дава чувство на анксиозност и живост.

Кофеин, веќе знаеш од кафе што му се ефектите, и него можеш како суплемент да го земеш.

ZMA - комбинација од Цинк, Магнезиум и Б6 која наводно ќе ти го покачи нивото на тестостерон и ќе ти даде енергија при вежбање (на подолготраен рок)

Потоа имаш суплементи како креатински комплекси, horse power, комбинација од повеќе, горенаведенот Jack3d и слично.
Пливање тренирам, и ми треба за повише енергија... кој да го земам ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom