Бодибилдинг суплементи

Член од
25 септември 2016
Мислења
827
Поени од реакции
1.031
Епа погоре ти пишаа кога е откриен тестостеронот, ти реплицираш дека прв пат има синтетизирано хормон 30тина години порано баш кога овој се такмичел, значи на некој начин го водиш муабетот дека и тогаш овие од сликата користеле тестостеронска терапија.
Трибулус пијале не го лажи
 
Kanye.brt

Пропо
Член од
29 ноември 2019
Мислења
745
Поени од реакции
1.026
Епа погоре ти пишаа кога е откриен тестостеронот, ти реплицираш дека прв пат има синтетизирано хормон 30тина години порано баш кога овој се такмичел, значи на некој начин го водиш муабетот дека и тогаш овие од сликата користеле хормони.

fixed.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.626
Поени од реакции
34.870
Работев на еден проект каде што имавме ангажирано да ни помага за носење на опремата едно типче од 22 години што за разлика од нас кои колку толку сме се родиле во нормален свет, овој работеше на аргатница и утовар на дрва за да преживее. Кога ќе седневме да јадеме маваше по еден сомун леб со месен нарезак или некоја рандом салама/виршли, а имаше тело подобро од 90% на тие што ги сретнувам во теретаните. Огромна подлактица, вени преку цели раце, солидна маса на рацете горе, рамената како топка (како кошаркарите во НБА посликовито), стомачните сите 6 комада. На опклада направи 26 згиба на гранка од дрво и тоа правилни. Детево да има кој да го финансира и да го научи како да вежба, со мала доза на стероиди јас гарантирам дека за една година ќе гази на сцена.

Во времето кога се натпреварувале овие од сликите и во наши краишта живееле мажи, затоа што 99% од времето биле физички активни, најчесто работеле физичка тешка работа. Тешка индустрија, земјоделие, сточарство, рудници, градежништво и се се работело најчесто рачно, механизацијата и машинериите не биле ни 1% во однос на тоа што се сега.
Прадедо ми и дедо ми коселе со рачна коса по месец и пол секојдневно, па после жнеење на ржот рачно со срп, па вршење со коњите, па собирање на пченка со срп, афион, сончоглед буквално се рачно. Ѕидање рачно, за малтер немало ни мешалици, собирале камен за градење и тн. А сега нарачуваш багер да ти ги ископа за визбите, миксер со готов бетон, друг да ти собере песок, друг да ти ги избичи гредите и да ти ја донесе пред врата, или ако си во стан одиш да си го купиш и да се вселиш неколку денови, а во тоа време душа им излегувало додека да изградат куќа.

Поентата ми е дека телото се прилагодува на потребите, сега нашите потреби се како јас и ти џаболебарење и куцање на тастатура, да дигниме чинија, да отидеме во теретана да се проврткаме по 40 минути, јадење и сите писари и модерни професии пред компјутер, секаде со кола или некое превозно средство. За разлика од ова во тоа време мажот морало да биди силен, ако си мекуш како поголемиот дел од сегашните не можеле ни да се оженат, ако не отидеш во војска нема женење, ако не си вреден исто. Силни луѓе има и сега, али се поретко, начинот на живот доведе до ситуација тестостеронот кај секоја следна генерација да биде се помал, нема физичка активност, процесирана храна и тн.
 
tl dr
 
Член од
4 јуни 2014
Мислења
123
Поени од реакции
40
Здраво дечки. L carnitine од каде да земам? И која марка? Барам на Now Foods, Optimum Nutrition или MuscleTech во Скопје, ама никако да најдам. Некој што користи да препорача?
 
Член од
1 април 2014
Мислења
218
Поени од реакции
23
Sto e podobro c4 ripped ili musclepharm assault ? i koi ukusi imate piete predlog ?
 
Член од
4 јануари 2020
Мислења
476
Поени од реакции
863
Sto e podobro c4 ripped ili musclepharm assault ? i koi ukusi imate piete predlog ?
Според мене ц4, од зелелено јаболко вкусот сум го пиел пре вкусен е, ако се мислиш помеѓу тие два.
А мене фаворит ми е knockout2.0 од Олимп. Јали дози има на кофеин аргинин, бета аланин и цитрулин.
 
Член од
23 ноември 2016
Мислења
104
Поени од реакции
45
Според мене ц4, од зелелено јаболко вкусот сум го пиел пре вкусен е, ако се мислиш помеѓу тие два.
А мене фаворит ми е knockout2.0 од Олимп. Јали дози има на кофеин аргинин, бета аланин и цитрулин.
Шо цени се овие?
 
Член од
22 септември 2018
Мислења
189
Поени од реакции
121
Според мене ц4, од зелелено јаболко вкусот сум го пиел пре вкусен е, ако се мислиш помеѓу тие два.
А мене фаворит ми е knockout2.0 од Олимп. Јали дози има на кофеин аргинин, бета аланин и цитрулин.
Knockout 2.0 е врв ! Исто според мене добар е и RedWeiler
 
B

boomlakashaka

Гостин
Дали некој го има пробано протеинот на 1st whey me f1rst?
 
Последно уредено:
B

boomlakashaka

Гостин
Имам пробано 1/10.
Ѓубре е.
Додај нешто пара, земи нешто подобро. Или купи си месо.
Зошто ѓубре?
3140ден. 2.270кг...не ми стое баш ефтин а и нешто слушнав дека бил на оптимум па затоа да прашам ама не прашав посовреме
Веќе го земав и ти брат нож у срце ми стави
Тогаш да гледам да го продадам некако
 
Последно уредено:
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.680
Поени од реакции
2.509
Зошто ѓубре?
3140ден. 2.270кг...не ми стое баш ефтин а и нешто слушнав дека бил на оптимум па затоа да прашам ама не прашав посовреме
Веќе го земав и ти брат нож у срце ми стави
Тогаш да гледам да го продадам некако
Брзо се раствораше мојот, ама многу пења праеше, вкусот и така и така, ама многу лош на стомакот, досега не сум тргал мака од протеин, овај ме скина.
Не мора исто и за тебе да биди. Кога веќе си го зел, пробај пиј.
Едит: исто така и од мајпротеин се праеше пења, ама не ми праеше проблем на желудникот
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
794
Поени од реакции
272
Праша еден дечко погоре ама нема одговор, па ќе пробам повторно зашто и мене ме интересира... Може ли да ми препорачате кој Л-карнитин да го земам?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom