Бодибилдинг суплементи

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881
Член од
23 ноември 2016
Мислења
104
Поени од реакции
45
Шо протеин препорачвате да земам, веј или casein? Иначе земам и креатин и не вежбам долго долго време
 
Член од
22 јули 2015
Мислења
607
Поени од реакции
493
Шо протеин препорачвате да земам, веј или casein? Иначе земам и креатин и не вежбам долго долго време
Whey е брзо дигестирачки протеин а казеин е споро дигестирачки.

Препорачваме да средиш исхрана прво а после суплементи.

П.С Whey.
 
Член од
23 ноември 2016
Мислења
104
Поени од реакции
45
Whey е брзо дигестирачки протеин а казеин е споро дигестирачки.

Препорачваме да средиш исхрана прво а после суплементи.

П.С Whey.
Пробвам да ми е средена до макс, ама потребен ми е протеин како дополнителен внес. Бтв, фала
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Пробвам да ми е средена до макс, ама потребен ми е протеин како дополнителен внес. Бтв, фала
Имаче треба да знаете дека со тоа се зголемува само внесот на протеин а не и на калории.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881
Имаче треба да знаете дека со тоа се зголемува само внесот на протеин а не и на калории.
Ај образложи што сакаше да кажеш со ова? Ако те разбрав кажуваш дека протеинот нема калории?
 
Член од
26 октомври 2016
Мислења
1.911
Поени од реакции
1.377
Шо протеин препорачвате да земам, веј или casein? Иначе земам и креатин и не вежбам долго долго време
600 грама месо за два оброци,10 јајца и 300млл. јогурд или млеко и етети 175грама протеини. Тие пари што ќе ги дадеш за веј ќе земеш месо за цел месец и поевтино излегва.
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Тие пари што ќе ги дадеш за веј ќе земеш месо за цел месец и поевтино излегва.
1000 денари неделно мене ми одат само за по 3/4 оброци во текот на денот . Нормални.
 
Последно уредено:
Член од
23 ноември 2016
Мислења
104
Поени од реакции
45
Колку кг си ако не е тајна?
Окулу 70, имам пребрз метаболизам и малце уназадување ми е шо студирам надвор и малце можностите ми се ограничени.
Пробвам до максиум за исхраната, месо барем 1 во денот сигурно јадам, али според математиките појќе ми се исплаќа веј а и плус јадам на секои 2-3 саати...
Иначе, една дозерка после тренинг би било океј?
 
Последно уредено:

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Ај образложи што сакаше да кажеш со ова? Ако те разбрав кажуваш дека протеинот нема калории?
Не, има, но ако е почетник и ако сака да зголеми килажа поважни му се покалорични балансирсни оброци него чист протеин.
 
Член од
26 октомври 2016
Мислења
1.911
Поени од реакции
1.377
1000 денари неделно мене ми одат само за по 3/4 оброци во текот на денот . Нормални.
6000 денари меечно ме кошта исхраната без суплементи.
Во тие 6000 имам месо,јајца,овез,ориз,гриз,лепчина за гиро,млеко,зеленчук и кокакола :D
Успевам да внесам доволно хидрати и протеини само со исхраната но е и доста напорно.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881
Не, има, но ако е почетник и ако сака да зголеми килажа поважни му се покалорични балансирсни оброци него чист протеин.
Ако е почетник не му треба воопшто суплементација со протеин, али негово си е.
Еден оброк барем да има дневно со барем 200 грама месо, плус 3-4 цели јајца + протеините од останатата храна му е сосема доволна количина на протеински внес.
 
Член од
22 јули 2015
Мислења
607
Поени од реакции
493
Окулу 70, имам пребрз метаболизам и малце уназадување ми е шо студирам надвор и малце можностите ми се ограничени.
Пробвам до максиум за исхраната, месо барем 1 во денот сигурно јадам, али според математиките појќе ми се исплаќа веј а и плус јадам на секои 2-3 саати...
Иначе, една дозерка после тренинг би било океј?
Не знам според кој математики повеќе ти се исплаќа веј, вака како што кажуваш исхраната не тие средена ич а не па максимум. Со тоа што си студент баш е поисплатливо да си готвиш сам.

Чим викаш дека имаш пребрз метаболизам, ваљда сакаш да качиш на маса. Ти требаат 5-6 оброци во денот со високи јаглехидрати и висок внес на протеини, масти околу 60-75гр.

Веј само после тренинг заедно со декстроза и креатин. Оброците после тренингот да бидат без масти поради успорувањето на дигестијата. Исто избегнувај и овошје минимум 1 сат после оброкот после тренинг бидејќи содржат фибри.

Суплементите не заменуваат оброк ако се надеваш на тоа.

Поздрав.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom