Богдан Иванковиќ ака Магнето

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Богдан има необична магнетска привлечност на своето тело: за него се лепат предмети од метал, пластика и порцелан. Оваа моќ на малиот Магнето ја открила неговата мајка, уште додека бил бебе, но дури неодамна одлучила да го однесе синчето на лекар, „од страв да не го истрауматизира синот“ повеќе од потребното.

Докторите по прегледот не забележале ништо необично, но ја посоветувале мајката дека неговата енергија мора правилно да се насочи, како и да не оди на магнетна резонанца, за да не ја расипе машината.

Мајката Светлана уште вели: „Мислев дека тоа се случува затоа што за време на бременоста со него добив епилепсија, или затоа што мојот син пиеше по три литри млеко на ден“. Сепак, наодите на лекарите ги смирија стравувањата кај родителите на Богдан.


Малиот има проблеми и при подолго работење на компјутер, како и при било каков друг контакт со електрични апарати. Поточно, апаратите имаат проблем, нему му е баш фино.


извор
--------

x-man сценариото полека се остварува :)
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
баш прееска гледав на вести за малиов... ај шо привлекува железа пак некако ке докажа медицински.. АМА ПОРЦЕЛАН ?????
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
баш прееска гледав на вести за малиов... ај шо привлекува железа пак некако ке докажа медицински.. АМА ПОРЦЕЛАН ?????
Тоа со порцеланот ми е некако фејк.
Му го потпра тањирот на него, пошо е гол наравно не се лизга.
Али ај нвм :D да не тролам xD
 
F

FuckYouAll

Гостин
Јак прекар имат.
Јас сакам мене да ме викет МАГНЕТОоОоОоОо.:icon_lol:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
Американците го имаат Iron man и србиве одма контра да пукаат го направија чоеков. Се прашуем како ќе се снајде без компас овој.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Американците го имаат Iron man и србиве одма контра да пукаат го направија чоеков. Се прашуем како ќе се снајде без компас овој.
Прашање е како ќе се снајде СО компас :D
Како мал го ранеле со магнети. :)
А за порцеланот со што го ранеле?
 
Член од
9 август 2008
Мислења
218
Поени од реакции
109
Прашање е како ќе се снајде СО компас :D

А за порцеланот со што го ранеле?
Mагнетот му го ставале во чинија, па кога магнетот ќе го изеде чинијата му доаѓа како десерт.
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.031
Имаше еден дебел јапонец (или кинез беше),лепеше големи ствари на него.Само неможам да го најдам клипот.Еве друга србинка.


http://www.aolnews.com/2010/09/02/magnetic-mom-attracts-metal-and-the-media/

Unknown anomaly, mutation or next level in human evolution??



И секако кретените што се нарекуваат "научници" врска немаат што се случува со овие луѓе.
 
T

Tetro

Гостин
Magneto Bogdan Mystery Solved :vozbud: :vozbud: :vozbud:



Способноста на седумгодишниот Богдан Ивковиќ од Власотинац со тело да привлекува метални, пластични и порцелански предмети ја заинтригира светската јавност, па така американскиот MSNBC направи репортажа за него. Сепак, оваа приказна наведува дека некои поединци и експерти се сомневаат во моќта на магнетизам на Богдан.

Уредникот на магазинот „Skeptical Inquirer“ врз основа на репортажата заклучил дека станува збор за вистинска способност на привлекување предмети затоа што такво нешто не постои.

- Луѓето на овие снимки се наведнуваат малку наназад. Доколку навистина поседуваат способност за привлекување метал, би требало да се наведнуваат нанапред, бидејќи силата на магнетизмот станува посилна од гравитацијата и тоа би требало да се види, вели Редфорд, додавајќи дека Богдан на себе лепи предмети кои имаат мазна површина, поради што се задржуваат на кожата.

Објаснување кое нема врска со магнетските моќи даде и Сејди Кребтри од организацијата James Randi Education Foundation која се бави со истражување на паранормалните тврдења.

- Кожата по природа е малку леплива, нечија е повеќе, а некоја помалку. Во суштина ова не се разликува од трикот на лепење лажица на врвот на носот. Тоа е само лепење преку триење, вели Кребтри.
Врз „лепливоста“ на кожата влијае и потта, која ја намалува нејзината еластичност и овозможува подобро лепење и задржување предмети, вели германскиот научник Елмар Конер.

- Потта има клучна функција: со зголемување на влажноста, кожата станува помека и се намалува енергијата, што доведува до полесно прилепување, вели Кронер.



http://www.idividi.com.mk/zabava/Zanimlivosti/666768/index.html
 

Kajgana Shop

На врв Bottom