Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.097
Блендата е сместена во објективот, обично на задната страна, близу до местото на спојување на објективот со телото на апаратот. Нејзината улога е да ја одреди количината на светлина кое ќе пројде низ објективот, како и да ја одреди длабинската острина (depth of field). Составена е од повеќе "ливчиња" кои се поместуваат и со тоа отворот на блендата се шири и стаснува.
Колку што отворот на блендата е поголем, до филмот или сензорот ќе пројде повеќе светло. Доколку низ блендата помине повеќе светло, ќе биде потребно помалку време за осветлување на филмот или сензорот. И обратно - кога отворот е помал, низ него проаѓа помалку светло, па потребно е повеќе време за осветлување на филмот или сензорот.
Големината на блендата би можела да се означува со големината на отворот во mm, но постои проблем како да се споредат различни објективи, бидејќи отворот на блендата на различни формати на филм или сензор е различен, па тешко е да се спореди количина светло која ја пропушта блендата на различни формати. За да се реши тој проблем, како поим воведен е бројот F (големо F, бидејќи со мало f се означува фокалното растојание).
Бројот F се добива со делење на фокалното растојание на објективот (во mm) со реалниот отвор на блендата и претставува релативен број со кој може да се споредат различни објективи, односно количина на светло кое проаѓа низ објективот. Доколку имаме два различни објективи и двата ги поставиме на F 5.6 низ нив ќе пројде иста количина на светло, без обзир на нивната различна конструкција или форматот. Колку е F бројот помал, големината на отворот на блендата е поголема, па се вели дека објективот е брз, бидејќи дозволува да пројде повеќе светло а со тоа се крати времето потребно за осветлување на сензорот или филмот.
Низата за вредности на бројот F ја чинат броеви кои меѓусебно се добиени со множење со коренот од 2, односно 1.41. На пример, 1.41 х 1.41 = 1.97, заокружено на 2.
Од F броевите е составена класичната F низа. На пример, објективите за апаратите со класичен 35mm филм и дигиталните фотоапарати со променливи објективи по обичај ја имаат следнава низа:
1,4 - 2 - 2,8 - 4 - 5,6 - 8 - 11 - 16 - 22 -32
Додека кај дигиталните фотоапарати кои немаат променливи објективи ситуацијата е нешто послаба, па низат најчесто изгледа вака:
2,8 - 4 - 5,6 - 8
Секој соседен F број означува двојно помала количина на светло кое поминува низ блендата. На пример, со F 4 ќе влезе двојно помалку светло отколку со F 2,8.