Блам држава

Член од
12 март 2009
Мислења
19.719
Поени од реакции
15.594
интересно Опозицијата молчи, па за ова требаше Кривична до ЈоЈо, Антикорупциска....и не само тоа, можеа да " Пријават " до други фабрики за електрични автомобили... абе УШТЕ се влечат предмети од СЈО за смешни работи... за коридорот што СО ОДЛУКА на УСТАВЕН СУД оди без ТЕНДЕР повеќе Галама имаше....

https://www.expres.mk/advokat-do-premierot-kjurko-kjurkosana-zoshto-nema-megjunaroden-tender-ako-vladata-dava-130-milioni-evra/?fbclid=IwAR1yb3QSD5NLBnf-OYiQIXKJ4LJz36K6ey7Oi7Muy_K1Y-FiWJJx-fE7F2Q
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.742
Поени од реакции
8.243

  • Веднаш по јулските протести против предлогот Ковачевски – Петков, попознат и како „француски предлог“, се случи итно пензионирање на генералот Методија Величковски, беше суспендиран врвниот македонски разузнавач Наќе Чулев и во МНР се поведе дисциплинска постапка за отказ на амбасадорот Зоран Дабиќ.
  • За сите нив тројца е невиден успех пробивањето без звучно презиме, стари семејни врски или фамилијарни азна, без никакви моќни кумови, другари и роднини, а и без припадност на партии, препораки од општински комитети или залагања на општински организации. Сите нивни три биографии може слободно да влезат и во учебник за кариерно напредување во државната служба како урнек за постојано вложување во себе.
  • Веќе е јасно дека чудовишната цел на архитектите на Преспанскиот договор и на „преговарачката рамка“ не запираат тука, туку одат далеку подлабоко во разградување на самите темели на современата македонска држава и во создавање нова „северномакедонска нација“. Пензионирањето на генералот Величковски, суспензијата за Наќе Чулев и дисциплинската постапка против амбасадорот Зоран Дабиќ се системски обид на одродената врхушка на власт за заплашување на сите војници, разузнавачи и дипломати, но и на сите припадници на професионалната државна служба.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.231
Поени од реакции
45.362
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.625
Поени од реакции
7.661
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.719
Поени од реакции
15.594
Скандалозно - дали депозитите во банките се навистина осигурани?
Согласно Законот за осигурување на штедни влогови, Фондот е управуван преку Управен одбор и директор (член 30).
Управниот одбор е составен од пет члена именувани од Владата на Република Македонија и тоа три на предлог на министерот за финансии, еден на предлог на гувернерот на Народна банка на Република Македонија и еден на предлог на Здружението за банкарство и осигурување кој треба да е од редот на стручни лица од областа на банкарството и финансиите и кој не смее да е член на орган на управување или вработен во банка или штедилница (член 31).
Директорот го именува Владата на Република Македонија ... (член 13).
Инвестициска политика
Управниот одбор, со мнозинство гласови, донесува одлуки за купување хартии од вредност на Република Македонија со рок на доспевање до 12 месеци од нивното стекнување од страна на Фондот и донесува одлуки за купување должнички хартии од вредност издадени од странски држави, централни банки или јавни меѓународни финансиски институции, рангирани од страна на најмалку две меѓународно признати агенции за оценка на кредитниот ризик во една од двете највисоки категории, во висина на осигурените депозити што гласат на странска валута (член 33, став 11. и 12).
Директорот на Фондот одлучува за купување хартии од вредност со рок на пристигнување до 12 месеци издадени од страна на Република Македонија и од Народна банка на Република Македонија, врз основа на овластување на Управниот одбор на Фондот И ОДГОВОРЕН ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЛИКВИДНОСТА НА ФОНДОТ (член 38, став 5. и 6).
Согласно Инвестициската политика од 12.8.2020 година, единствено достапна на интернет страната на ФОД, точка 3, член 7: Инвестиционото портфолио на Фондот се формира од следните хартии од вредност:
1. хартии од вредност, односно државни записи, издадени од страна на Република Северна Македонија, со рок на пристигнување до дванаесет месеци од нивното стекнување од страна на Фондот и
2. хартии од вредност издадени од страна на Народна банка на Република Северна Македонија, со рок на пристигнување до дванаесет месеци од нивното стекнување од страна на Фондот.
Со ваквата инвестициска политика, Управниот одбор на ФОД го довел фондот во ризик од неликвидност што се материјализираше при стечајот на Еуростандард банка. За жал НБРМ како и Здружението на банките иако имале свој претставник во УО на фондот, не реагирале, барем не јавно, што оставило простор Владата преку свои претставници средствата да ги користи за свои потреби.
Не е непознато дека подолго време, управните одбори на ФОД во различни последователни состави, средствата на фондот преку инвестициската политика ги насочувале кон државниот буџет, со што владите дискретно го финансирале државниот буџетскиот дефицит притоа не водејќи сметка за лошите перформанси на државниот буџет во поглед на краткорочната ликвидност, како и во поглед на ликвидност при вонредни настани.
Колкав е влогот на ФОД во државните записи, би требало да може јавно да се види од страната на Министерството за финансии каде се обелоденети другите сектори кои вложуваат во овие записи. Но не и ФОД! Показатели за ДХВ - finance.gov.mk. што уште повеќе укажува дека Владата, не сака оваа информација да биде лесно јавно достапна.
Сето ова не би било проблематично доколку Република Македонија како сопственик на ФОД би имала изработено инвестициска политика со која би ги ограничила вложувањата на ФОД во државниот буџет на разумен %, согласно ликвидносниот капацитет на македонскиот буџет и кредитниот рејтинг на државата. И секако доколку таквата политика не би била во надлежност на Управниот одбор на ФОД, туку на друго регулаторно тело, пр. НБРМ.
За споредба, пензиските фондови во Република Македонија кои се дел од задолжително капитално финансирано пензиско осигурување (втор пензиски столб), имаат строга регулатива која одредува колкав % од собраните средства може да вложуваат во државни записи на РМ, и се строго надгледувани од МАПАС како регулатор.
Во случајот на Еуростандард банка, во моментот на настанување на стечај, средствата на ФОД кои биле вложени во државни записи, поради лошата ликвидносна состојба на државниот буџет не било возможно превреме да му бидат вратени на ФОД, поради што комерцијалните банки биле ,,љубезно замолени,, од Владата да направат непланиран откуп на државните записи на ФОД, со што ФОД би добил ликвидност за да изврши исплата по основ на обештетување.
Зошто банките биле ,,љубезно замолени,, да откупат државни записки на ФОД, и зошто НБРМ не изреагирала како регулатор на банкарскиот сектор?
ФОД и Владата во секој случај имале време да се подготват за исплатата, бидејќи соглансо Законот за ФОД, истиот од НБРМ добивал редовни месечни извештаи за состојбите на банките и уште пред прогласување на стечајот во Еуростандард банка знаел дека треба да се подготви да обезбеди ликвидни стредства за исплата на обештетувањето.
Иронијата да е поголема, парите со кои банките направиле присилен откуп на државни записи за потребите на ФОД, потекнуваат од заштеди на граѓаните и пари на фирмите кај банките. Државниот буџет на РМ, каде преку купени државни записи и обврзници се вложени 2 милијадри евра заштеди на граѓаните и пари на фирмите кај банките, пред прогласување стечај на Еуростандард банка веќе бил во неликвидност, за што говори и фактот дека во декември 2019 година, по ,,љубезна замолница,, од Владата, банките морале да одобрат 100 мил. еур кредит на Владата за покривање на буџетската неликвидност со рок на доспевање од една година, што само по себе е преседан и е тема за дополнително опсервирање бидејќи тој кредит се дава од штедните влогови и парите на фирмите во банките. Оттука станува јасно зошто ФОД стана доверител во стечајната постапка во Еуростандард банка во стечај, иако согласно закон, по одлуката на Уставенниот суд за укинување на член 163 став 3 од Законот за банки, нема никаков основ за тоа и на тој начин ги оштети останатите доверители.
Со оглед дека во моментов, во подготовка е уште еден таков кредит за неликвидност за Владата од комерцијаните банки, прашањето треба да се ескалира и до НБРМ која ја премолчува ваквата ризична политика, како што ја премолчи и во 2019 година.
Ваквата пракса на државата е исклучително ризична и штетна, и спротивна од праксата во развиените држави каде ФОД води инвестициска политика на дисперзирани вложувања, со што го намалува ризикот од неликвидност и може веднаш да одговори на потребите.
За да се избегнат вакви злоупотреби од владите и политичарите, во другите земји ФОД е во надлежност на Централните банки. Ниту еден од именуваните членови во Управниот одбор на ФОД не е независен од влијанието на неговиот работодавач, односно Владата на РМ и Министерството за финансии, а најголем дел од нив немаат стручно образование и компетенции да водат инвестициска фондовска политика.
Отчетност и транспарентност
На интернет страната на ФОД, нема месечни известувања за состојбата и структурата на портфолиото на инвестиции кои ги врши фондот, што би било задолжително доколку ФОД нема проблеми со својата инвестициска политика и доколку од јавноста не се крие фактот дека ФОД длабоко е завлезен во финансирање на државниот дефицит.
Дали ФОД и доставувал редовни месечни извештаи на НБРМ не е познато, а доколку доставувал прашање е зошто НБРМ молчела за ваквата ризична политика на фондот, и не ги заштитила граѓаните од настаните кои се случија по стечајот на Еуростандард банка.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.819
Поени од реакции
7.187

Македонија вечна, ама во организираниот криминал.
Плаќај даноци прост народ, после обвинувај дека некои бизнисмени се виновни и продолжи со плаќање на даноци и слепа послушност пред авторитет.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.036
Поени од реакции
34.447
А кога ќе ми текне дека сите тие куроф ми ленче "уметници" беа за сдс на времето, во Заев гледаа бог, за сега да им се посерат у таа институција која само цица пари од државата и да ги остават без струја. :icon_lol:

Све тоа актери, балетани, музичари би ги стаил да рмбаат на лента по 12 саати, да видат малку тешко у животот, а не од кога се родени се по тоа мензите делкаат ракии и демек они нешто филозофираат, кажуваат колку им било тешко и колку биле напатени. Морало да се пресоблакаат у ве-циња, да ги шмикаат на скали, кутрите еве ве ижаливме.
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
875
Поени од реакции
2.095

Македонија вечна, ама во организираниот криминал.
Плаќај даноци прост народ, после обвинувај дека некои бизнисмени се виновни и продолжи со плаќање на даноци и слепа послушност пред авторитет.

Во првите три квартали на 2019 година, клиенти од Венецуела биле ангажирани во трансакции во вредност од 110 милиони евра, од кои 10 милиони евра биле дадени во форма на заеми на најекспонираните клиенти во Еуростандард банка.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.819
Поени од реакции
7.187
Друже мене ми е јасно дека нема оправање на тој систем, и затоа си заминав од таму.
Не дека овој каде што сум е многу поарен, само е замаскиран, но финтата е што за нив сум ситна риба да влезам на радар за рекет, а за мене тоа е многу подобро отколку дома.
Знам дека ти е јасно нема оправање на системот, ама сепак пак си да остане гломазен систем и да има што поголема моќ, за 100% од луѓето да бидат под негова контрола, а резултатот кој ќе е ???


Блам држава = блам народ , бидејќи народот е државата, не името или релјефот.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.625
Поени од реакции
7.661
Терористите повторно не пропуштаат да се прикажат во своето најдобро светло:

 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.819
Поени од реакции
7.187
Абе убав му е муабетот, ама прво е касно за истото, а второ светот е апла поразличен во однос на тој од пред 300 години..

Бегање од системот тешко, т.е ако истиот кракира ќе имаш хаос, а во него кој преживее ќе раскажува.
Епа штом е касно и ако системот страда е опасно, тогаш немаш право да критикуваш ниту една одлука од политичарите:
1661428327150.png


Не е касно, посебно кога сегашниот систем е во фаза на рушење, па од нас зависи каков ќе е новиот систем. Светот си е ист, луѓето се исти, односно сеуште ги имаме истите човечки карактериски (ти веќе ова го потврди), само помодерна технологија за убивање и контрола.
Никој не вика да бегаш од системот, пред се бидејќи нема каде. Народ порано бегал во Америките и Австралија, сега каде... системот треба да е што помал (наместо 200.000 вработени, со 50.000 таман ќе е) и што помалку ќе се меша во нашите лични и деловни одлуки.


Тоа што шќиптарите ги обвинуваш не ти држи вода, бидејќи Македонци со децении се на врвот во системот, а девизите што ги испраќаа од странство, ја одржаа економијата колку толку. Додека сите слепо почитуваа мерките од корумпираниот систем, во западна Македонија, со друштво можеше на раат да се седне во кафана :cuc:
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.531
Поени од реакции
34.796

Kajgana Shop

На врв Bottom